За нов директор го стави Мирослав Митровски обвинет во „Делчевски ниви”. Вториот обвинет во тој случај – Игор Гиевски исто така доби челно место, во друга компанија- член е на УО на АД ЕВМ Македонија
Мирослав Митровски, синот на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров – Сокол Митровски и претходно „отпишан“ како вовлечен во аферата „Делчевски ниви“ без обвинителска разрешница, е назначен за нов директор на универзалниот снабдувач и наплатувач на електрична енергија за домаќинствата на регулираниот пазар ЕВН Хоме, пренесува Фактор.
На 1 јули Централниот регистар објави промена – Митровски е назначен за управител на ЕВН Хоме на местото на Австриецот Јирген Флајшхакер. Одлуката е донесена тој ден и веднаш е регистрирана, а Митровски решенијата ќе ги носи со врзан потпис заедно со уште едно ополномоштено лице.
Пред две и пол недели беше објавено дека Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и исто така „жигосан“ во аферата „Делчевски ниви“, е назначен за член на Управниот одбор на фирмата-мајка АД ЕВН Македонија.
Пред две години на Гиевски и Митровски им беше одредена првична мерка притвор, по што ЕВН Електрани, уште една фирма-ќерка на АД ЕВН Македонија, но за производство на струја, по кратко време ги разреши од менаџерските позиции.
Минатата година во октомври пропадна целиот случај „Делчевски ниви“. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за запирање на истражната постапка против седум лица и беше соопштено дека постапката е запрена поради немање докази и сменети искази на членови на Управниот одбор на ЕВН.
Медиуми подоцна оваа афера ја протолкуваа како извлекување од вината на тогашниопт опозициски лидер а сегашен премиер Христијан Мицкоски. Предметот се однесуваше на купување земјиште од ЕВН Електрани за изградба на фотоволтаични централи во Делчево, кое било платено 40-тина пати поскапо од реалната пазарна цена од претходни сопственици, наводно блиски на тогашната опозиција.
Кој е Сокол Митровски? Тој е секако бнитен за кариерата на неговиот син а претходно градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2005 до 2017 година. Тој е исто така пензионирано воено лице, се спомен уваше во в рска со неговопто командување на операцијата од 2001 година кога во заседа загинаа многу резервисти од Прилеп на патот Скопје- Тетово.
Сокол Митровски е роден во скопското село Кучково на 16 март 1948 година. Потекнува од рударско семејство. По завршување на гимназијата „Кочо Рацин“ во Скопје, школувањето го продолжил на Воената академија во Белград, а потоа заминал на воен колеџ во Париз. Имал успешна воена, дипломатска и политичка кариера. Денес е генерал во пензија. Тој е еден од основачите на Факултетот за одбрана во Скопје, како и долгогодишен професор на Воената академија. Бил член на Кабинетот и аѓутант на поранешниот претседател Киро Глигоров и на починатиот претседател Борис Трајковски.
Тој трипати има победено во трката за градоначалник на Општина Ѓорче Петров. Во 2005 победил како независен кандидат, додека на локалните избори 2009 бил кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.[3] На Локалните избори 2013 победил со тесна разлика пред противкандидатот Александар Наумовски, по прегласувањето во две избирачки мести.[ Неговата победа беше оспорувана од опозициската СДСМ, а против него беше поднесена и тужба до Управниот суд за изборни нерегуларности. На 1 ноември 2017 година бил приведен за
Според првичните сознанија, што тогаш беа споделени во одреднеи медиуми, Митровски е уапсен за незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање под концесија на земјиште.
Во случајот „Делчевски ниви“, судуммина беа осомничени за измама вредна 1,6 милиони евра. Двајца од нив беа управители на „ЕВН Електрани Македонија“ – Игор Гиевски, поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Мирослав Митровски, кој е син на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митровски.
Тие како управители направиле анализа со лажни и невистинити податоци за пренамена на земјиштето кое било откупувано од ЕВН, а со анализата управителите свесно ставиле многу повисока цена од реалната пазарна. На тој начин управителите го довеле во заблуда Управниот одбор на компанијата, да купи земјиште кое не можело да се пренамени од земјоделско во градежно, иако било купувано за таа намена. Станува збор за 48 катастарски парцели во реонот на Делчево, Ветрен, Габрово и Берово, од кои 29 биле во сопственост на останатите осомничени.
Осомничените првично ги стекнале парцелите со формални договори за подарок, кои во суштина се договори за купопродажба, бидејќи, за трансакцијата им биле исплаќани парични средства. Со тоа незаконски била избегната обврската за достава на писмена понуда или објава на јавен оглас за земјиштето. Правното лице со вкупна проценета пазарна вредност од 35.000 евра, на продавачите им исплатило парични средства во вкупен износ од 1,6 милиони евра. Разликата помеѓу исплатената сума и реалната вредност на парцелите претставува значителна имотна корист што ја оствариле осомничените..
СДСМ на прес конференција објваи дека меѓу осомничените е и Дарко Тодоровски, поранашен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, како и Влатко Илиевски, за кој владејачката партија тврди дека му е телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
– Сите овие луѓе, освен што се осомничени за криминал, се луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и секако блиски на Мицкоски. Клучно прашање е каква е улогата на Христијан Мицкоски во оваа афера? Јавноста очекува одговори. Јавноста очекува одговорност и целосно расчитување на оваа афера. ВМРО-ДПМНЕ да не врши притисок врз институциите туку да ги остави да ја расчистат оваа афера и сите што го прекршиле законот да одговараат. – изјави Дарко Каевски – пратеник и портпарол на СДСМ.
За лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, наводите на СДСМ се како што вели, лаги и измислици.
– Четири и пол години сум претседател на партијата и најчесто тие што ги конструираат завршуваат со судски пресуди и тие треба да се извинат. Така беше во минатото, ќе биде понатаму. Знаат дека ќе одговараат за криминалот, па затоа сега лажат. Тоа мене ме мотивира за да работам уште повеќе како досега, чесно и посветено. Сакаат да ја дефокусираат јавноста. Да бидам прецизен, верувам во презумција на невиност, но секој што се огрешил треба да одговара пред судот, родена сестра или брат ако се треба да одговараат – рече во своја одбрана Христијан Мицкоски.
Истрагата на скопското обвинителство се отвора откако вчера Финансиската полиција извести дека е поднесена кривична пријава за седуммина, од кои двајца во својство на управители на ЕВН Електрани за сторено кривично дело измама во служба за купопродажба на ниви во Делчево. Останатите петмина беа осомничени за помагање.