Во основа целата наша економија се состои во обид преку надворешно задолжување на државата iили со пренамена на буџетски средства да се преживее уште некој месец. На шалтерот на заедничкото биро на преживувањето се сега сите – освен пензионерите и социјалците, кои беа таму од порано, и вработените, во приватниот сектор,, аграрот од сите фели … Се уште не е јасно колку државата може да го издржи овој товар кога се гледа дека од досегашните пакети и павните и физичките лице стануваат лежежерни и се навикнуваат на на сопствената пасивност
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
На последната седница на Владата од минатата недела се донесе четвртиот сет на мерки вреден 470 милиони евра. За него опозицијата рече дека е „задоцнет“, но нејсе, таа мора нешто да рече, во еден обезличен „отпор заради отпор“ и тос кога ситуацијата навистина треба да се свати сериозно, бидејќи, опасносите со ковидот се предпотопски. Тоа најдобро се виде кога во една емисија на Алсат-М гостуваше новиот министер за финансии Бесими кој просто на ниту едно прашање врзано за неговиот ресур и дејствѕвањето во иднина не можеше дда излезе со било каква конкретн бројка – околу ребалансот, покривање на буџетските дупки…. Дури седницата на Владата разбистри само некои од тие дилеми ама на на кус рок. Имено, премиерот призна дека бројките за задолжувањата се прават ако се знае Џи-Ди-Пито а тоа сега не е познат факт. Потоа мора да се знае каков е повратниотм, поволен ветар од мерките врз стопанството, односно колку од овие мерки тоа ќе му помогнат за и тоа самото да ја забзрза својата ефективност… Имаме само претпоставки а и тие не се целосно сигурно. Се знае дека од споменатиот „цех“ на пакетот, како што велат од Владата, 264 милиони евра ќе бидат од Буџетот на државата, а околу 85 милиони ќе се позајмат од поволни дополнителни кредитни линии. Да не заборавиме дека земјава годинава мораше да сервисира и долг од 1,25 милијарди евра стари борчови и дека тоа и се врши што инаку се должи на задолжувања за кои таа нема „ни луик јала, ни лук мирисала“!
На ова претставниците на коморите задоволно трлаа раце – ним истите мерки им беа презентирани прво Како и не би кога тие пари главно ќе одат во вшприцување на државни пари во платните фондови на приватниот сектор! И тоа во последното тромесечие на држаата. А како ќе биде потоа? Дали барем приватниот сектор ќе се оддели од државната дојка?
Има нешто пари и за т.н. социјални картички. Најавени се и некакви даночни олеснувања.ама притисокот сега нешто да се прелее од нашиот, во основа скромен буџет секако нема да престанат,. Државата практично се одрекува од свој приход, кој е нормален во секоја земја за да ја забрза потрошувачката и тоа е чекор директно во прилог на фирмите, на трговиујата и произведувачите.
Та,а продолжениот викенд 10, 11 и 12 октомври ќе биде викенд без ДДВ за сите граѓани, мерка што ја најавивме пред некое време, а со овој пакет истата ќе се реализира, па граѓаните низ три неработни денови ќе можат да ја реализраат својата потрошувачка, по пониски цени, изјави премиерот на државава, Зоран Заев во интервју за Локално. За време на овој период, граѓаните ќе можат да пазарат во сите сектори, а на цената која ќе ја платат, дополнително ќе им биде вратен ДДВ. Се очекува, сето тоа да оди преку апликацијата „МојДДВ“, со што граѓаните задолжително ќе треба да ја скенираат сметката од тој викенд и ќе добијат 100 отсто поврат на ДДВ-то кое ќе го платат.
Повратот од 100 отсто на платениот данок ќе важи само тие два дена, па така многу производи ќе може да се купат за 18 или 5 проценти пониска цена согласно даночната стапка за дадената категорија на артикли
Инвеститорите ја препознаваат позитивната стабилна клима за вложување во нашата економија и отворениот и инклузивен пристап на Владата предводена од СДСМ за креирање услови за побрз развој и одржливост на стопанството.
Процесот на реализација на директните странски инвестиции во земјата се одвива тековно и во време на пандемијата со коронавирусот.
За тоа зборува вториот инвестициски проект на компанијата „ВИК (WIK) Македонија“ во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп, кој доби државна поддршка.
Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица.
Ова е потврда за позитивната и стабилна клима за инвестирање и во тешки времиња, пред се заради препознавање на предностите од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ.
Со членството во НАТО, со процесот на отворање на преговори за членство во ЕУ, Република Северна Македонија станува атрактивна дестинација за сериозни странски вложувања и наскоро се очекува реализација на уште неколку големи инвестиции.
Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои создаваат позитивна, стабилна и предвидлива бизнис клима и градење на нова, развојна македонска економија, стимулирање нови инвестиции и на домашните и на странските компании за да се отворат нови подобро платени работни места за нашите граѓани.
Како да се земе иднината е се понеизвесна и кај оние од кои очекуваме финансиска подршка, која главно и не е бесплатна. Владиниот партнер – политичарите одф ДУИ во Владата размислуваат само на своујата опрограма која не е рационална, усогласена со моментиот во кој треба да се остварува туку слепечки оди кон антиекономски чекори во систем кој е белки пазарен а тоа значи притисок врз фирмите да примаат по етнички а не по стручен клуч. А на улиците и натаму жем ги гледаме оние очајници кои се ободуваат да ја нервираат јавноста со своите труби на минатото, место да мислат како да се извлелче сите заедно од новата луња која се наѕира. Таа не е само здравствена закана, туку е сеопшта.
Во основа целата наша економија се состои во обид и преку надворешно задолжување на државата и со пренамена на буџетски средства )претпоставка од зоната на долгорочните инвестиции) да се преживее уште некој месец. На шалтерот на заедничкото биро на преживувањето се сега сите – освен пензионерите и социјалците, кои беа таму од порано, сега се тука и вработените, оние во во приватниот сектор,, аграрот од сите фели … Се уште не е јасно колку државата може да го издржи овој товар кога се гледа дека од досегашните пакети и правните и физичките лице стануваат лежежерни и се навикнуваат на на сопствената пасивност, па дури и во бесрамно критикување на напорите на владата.