Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

EСМ КАКО „ЖЕЖОК“ КОСТЕН И ВО РАЦЕТЕ НА НОВАТА ВЛАСТ

October 1, 2024 Filed Under: Македонија

Како државниот производител на струја влезе во минус од 66 милиони евра

КАКВА СЛИКА, ТАКВВА ФИРМА: Поранешната зграда на ЕЛЕМ како одраз на состојбите во секторо

Најголем загубар во домашниот јавен сектор продолжува да биде државниот производител на струја ЕЛЕМ, односно ЕСМ, како што е сегашниот назив на компанијата.

Но, ако е за утеха, загубата на ова акционерско друштво во државна сопственост само малку се намалила во вториот квартал во споредба со првиот.

Односно, според најновите податоци на Министерството за финансии, во вториот квартал од годинава загубата на ЕЛЕМ била на ниво од 27 милиони евра.

Овој негативен финансиски резултат е сепак понизок од оној што на ЕЛЕМ му се случи во првите три месеци од годинава, кога тој изнесуваше 39 милиони евра.

Ова значи дека ЕЛЕМ е навистина проблематичен енергетски капацитет, односно навистина жежок костен и во рацете на новата власт, бидејќи поради сите проблеми со кои се соочува, а особено со оние на РЕК Битола, тој успеал за шест месеци да натрупа загуба од вкупно 66 милиони евра.

Во вториот квартал од годинава втор по големина државен загубар е операторот за пренос на електрична енергија, МЕПСО, чија разлика меѓу повисоките расходи и пониските приходи изнесувала 1,94 милиони евра. Со „минус“ од  „само“ два милиони евра, МЕПСО е во многу подобра резултатска кондиција од ЕЛЕМ, но сепак, тоа е неповолен финансиски исход. И плус, треба да се спомене дека во тоа акционерско друштво во државна сопственост, во првиот квартал имале многу помала загуба, односно 136 илјади евра, поради што сумата од два милиони евра може да се смета за влошување на финансискиот резултат.

По висина на негатива на трето место следува ЈП Железници Транспорт, чии минус во второто тримесечје бил 1,83 милиони евра. Овој најголем загубар, но и најголем државен должник, во првиот квартал имал загуба од 1,5 милиони евра, што значи дека во вториот квартал работел понерентабилно од првиот.

Пошта на РСМ е петти загубар на листата на јавни „минусџии“, а таа во периодот од април заклучно со јуни имала загуба од 876 илјади евра, што е речиси двојно зголемување во однос на 457 илјади евра колку што изнесувала загубата во првиот квартал.

А, ако воопшто и може да се употреби зборот „подобрување“, тоа би се кажало за еден исто така синоним за неуспешност на субјект од јавниот сектор, а тоа е ЈП Национални шуми. Имено, тие се четврти според големината на загубата, и таа тежела 790 илјади евра, но треба да се има предвид дека нивниот минус во првиот квартал изнесувал дури 2,34 милиони евра, па ако ова намалување на загубата не е само моментален изблик, тогаш слободно можеме да кажеме дека ЈП национални шуми се на добар пат на финансиско закрепнување.

Додека, пак, државниот добитник, како и секогаш, и во  вториот квартал е ЈП за државни патишта, кој остварил добивка од дури 21,9 милиони евра, главно од наплата на патарини. Во првиот квартал нивната добивка била 3,5 милиони евра, што значи дека на ова ЈП „жетвата“ му е во вториот квартал, веројатно поради стартот на летната сезона и преминувањето на поголем број на патници преку нашите патишта.

(faktor.mk)

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet