Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

JАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: ИМААТ ДИРЕКТОРИ А НЕМААТ ВРАБОТЕНИ

March 24, 2026 Filed Under: Македонија

Македонска ситуација – од најголеми работодавачи и загубари до ЈП без вработени, но со директори

МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ Никаква работа, нема локомотиви, многу вработени…

„Национални шуми“, МЖ „Инфраструктура“, МРТ, ЈСП, „Водовод и канализација“ – Скопје. Ова се дел од јавните претпријатија и државни фирми кои се вбројуваат во групата и на „најголеми “ работодавачи, вработувајќи по над 500 луѓе, пишува Порталб. Јавните претпријатија се во „рангот“ на Советот на јавни обвинители – со најголем број на вработени на возраст повисока од 54 години.

„Крвна слика“ на ЈП менаџирани од државата и од општините

Вкупно 159 Јавни претпријатија има на ниво на државата а од нив  најголем дел или 116 се јавни претпријатија за комунални услуги, 17 се транспортни, 8 се од секторот земјоделство и шумарство, 2  јавни претпријатија се од дејноста информирање а 1 од дејноста информатичко општество. Група од 15 јавни претпријатија се од други сектори – спорт, урбанистичко планирање, енергија, третман на бездомни животни.

Во јавните претпријатија има вработено вкупно 16.415 лица – покажуваат податоците за вработени во јавниот сектор.

Јавните претпријатија, и на локално и на централно ниво, се најголеми работодавачи, не ретко етикетирани како згрижувачки на партиски кадар, Во групата Јавни претпријатија и државни фирми со повеќе од 500 вработени спаѓаат МРТ, Национални шуми, Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на РСМ и јавни претпријатија на Градот Скопје (ЈСП, Комунална хигиена, Водовод и канализација и други).

Конкретно, ЈП Национални шуми пријавиле 1 518 вработени,  ЈП Водовод и канализација – Скопје  1 050 вработени,  ЈСП Скопје  1 022 вработени,  ЈП Комунална хигиена имале 978 вработени а ЈП МЖ Инфраструктура имале 721 вработен.

Токму и оваа група на јавни претпријатија генерираат и најголеми загуби.

Според податоците од Министерството за финансии, на крајот од 2025 та МЖ Железница – инфраструктура со долг од 80,4 милиони евра е најзадолжена фирма на ниво на државата, ЈП МРТ пријавило неплатен долг во износ од 5,4 милиони евра,  следуваат комуналните претпријатија: ЈП Водовод и канализација – Скопје  со долг од  18,3 милиони евра, ЈСП со 10 милиони евра, ЈП Комунална Хигиена – Скопје  со доспеани а неплатени обврски од   5,76 милиони евра а Национални шуми на крајот од 2025 та пријавиле со долг од 250 000 евра.

Јавните претпријатија важат и за водечки не само според  долговите туку и според возраста на вработените.  Тие се на второ место со најголем број на вработени со над 56 години, веднаш зад Советот на јавни обвинители. Конкретно, дури една третина или 33,04% од вработените во ЈП се на возраст од 56 до 64 години, 34,57% се на возраст од 46 до 55 години, 21,62% се на возраст од 36,45% а само 10,5% се на возраст од 18 до 35 години.

Имаат директори а немаат вработени …

Од друга страна во државата постојат околу 10 на јавни комунални  претпријатија кои имаа само по еден вработен како што се на пример ЈП за комунални дејности Октиси с.Октиси – Струга, ЈКП за водовод и канализација ПЕНДА Липково, ЈКП Водовод Арачиново, ЈП за јавен превоз Тетово – транспорт и други. Во дел од овие ЈП вработениот е директорот. Таков е случајот со ЈКП за водовод и канализација ПЕНДА Липково, ЈП за снабдување со вода за пиење Водовод Делогожда с.Делогожда Струга, ЈП за комунални дејности Октиси с.Октиси Струга,  ЈП Кале Центар Жупа, ЈКП Доминг – Македонска Каменица и ЈП за комунално-производни и услужни работи Кале ПО Батец – Виница.

Според бројот на вработени во општинските јавни претпријатија, ЈКП Тетово има 92 вработени, ЈП Градски паркинг е со 70 а ЈКП Шари Тетово 62 вработени. Во Гостивар пак , во ЈП Комуналец – Гостивар на крајот од 2024 та имало 98 вработени а ЈП Градски паркинг и зеленило биле со само 4 вработени.

Според податоците од Агенцијата за администрација, најголем дел од јавните претпријатија или 143 се основани и менаџирани од Општините и Град Скопје, 13 ЈП се формирани од Владата а 3 од Собранието.

Filed Under: Македонија

ЈОВАНОВИЌ: МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА СЕ ИМПОТЕНТНИ
КАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВЛАСТА САКА ДА ГО РАЗНЕБИТИ СДСМ
САД: ОСТАВКА ШТО ГО РАЗГОРЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО ПОРАДИ ВОЈНАТА СО ИРАН
ХOЛАНЃАНКАТА АНЕКЕ БРАСИНГА Е ГОДИНЕШЕН ДОБИТНИК НА „ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ“
ВОЗДУШНИОТ КОРИДОР ЗА ДОСТАВА НА МУНИЦИЈА ФУНКЦИОНИРАШЕ ВО ВРЕМЕТО НА ЗАБРАНАТА ЗА ИЗВОЗ

Најново

  • ЈОВАНОВИЌ: МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА СЕ ИМПОТЕНТНИ
  • КАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВЛАСТА САКА ДА ГО РАЗНЕБИТИ СДСМ
  • САД: ОСТАВКА ШТО ГО РАЗГОРЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО ПОРАДИ ВОЈНАТА СО ИРАН

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet