Премиерот Заев замина вчера во Брисел со министерот Димитров, откако се покажа дека стравот од позицијата на Орбановиот човек Вархеи во Унијата не е поделен равномерно. И во земјава а се разбира и вон неа
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Дали деновиве се потсетивме колку прав подигна поставувањето на Орбановиот пријател Вархеи на местото на „комесар“ за балканските земји-апликанти за Унијата. Гоолемо мнозинство од земјите членки беа шокирани од изборот, до кој дојде, чинам, по некаков систем на ротација. Владеачката партија на Унгарија во меѓувреме е објективно исклучена од своите „посестрими“ – народните партии и која постојано е на тапет заради андемократските движења во неа стана значаен клуч за влезот на две земји во преговорите за влез во Унијата. Ослабената, исцрпшена со внатрешни расправии, после ударот што го нанесе Брегзит, ЕУ не сакаше од ова кадровско прашање, на крајот, да прави проблем, ама сега тоа се удира од глава. Или ни се удира само нам: колкав е ентузијазмот во Брисел да се врати старата атмосфера околу Вархеи? Има ли доволно сила и посакување да се стопат плановите на оската Будим – Љубљана за ново опрекројување на Балканот а во тие рамки и на позицијата на СМ на картата на евросојузите?
Во часот кога земјава беше јунак на деценијата во рамки на европските отпетлувана на замрзнатите процеси и состојби, после Преспанскиот договор, понудата за почнување на преговори со Макеоднија изостана, бидејќи се инсистираше во пакет да се со Албанија каде практично владееше граѓанска војна! Во тој миг отпорот на Бугарија кон земјава не беше дигнат на некое ниво кое требаше да пречи – власта во Софија беше постабилна а сјајот на земјава толку силен што никој не би се спротивставил на одот на Северна Македонија кон евроатланските структури. И онаму каде Вархеи не беше пресуден, па и Брисел, за влезот во НАТО, работите се довшија – станавме членка на Алијансата. Но времето на „Оскарот“ помина бргу за нас и потпишаниот Договор за пријателство со Бугарија ни се удри од глава – „историскиот каприц“ во заштитата на макдонските интереси одново се повампири, како да се вратиме два века назад, кон Берлинскиот конгрес.
Мавстина, по серијата изјави на еврокомесарот Вархеји дека е можно Албанија сама да продолжи на европскиот пат доколку С. Македонија не го реши спорот со Бугарија, неколку медиуми цитираат извори во ЕК кои го тврдат спротивното. Дали еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји „солира“ со изјавите дека Северна Македонија може да заостане во процесот на проширување на ЕУ доколку не изнајде компромис со Бугарија за историскиот спор?
Неодамна и порталот Политико, кој редовно информира за случувањата во Брисел, како и дописникот на Волстрит Џурнал цитираат „високи функционери“ на Европската комисија кои велат дека не се подготвува одвојување на С. Македонија и Албанија.
Сепак, факт е дека во два наврати неделава унгарскиот еврокомесар предупреди дека Албанија и С. Македонија ќе се разделат на патот кон ЕУ, доколку Скопје не најде заеднички јазик со Софија за историскиот спор.
„Доколку повторно ни се случат потешкотии со Северна Македонија, што значи дека би биле неуспешни во убедувањето на С. Македонија и на Бугарија да изнајдат обострано прифатливо решение, тогаш ќе се отвори прашањето дали можеме да продолжиме само со Албанија. И ние мора да го разгледаме тоа прашање“, изјави Вархеји за Еуроњуз, алудирајќи на јунскиот самит на ЕУ. Претходно, слична порака испрати и од Скопје.
Пред некоја вечер пак преку Твитер се јави дописникот на Вол Стрит Џурнал од Брисел, Лоренс Норман, кој повикувајќи се на висок функционер на ЕУ, тврди дека ставовите на Вархеји отстапуваат од позицијата на Европската комисија. „Не подготвуваме раздвојување“, велат од ЕК, напротив, Комисијата поддржува брзо отворање на преговорите со двете земји.
Во кус коментар објавен денеска и порталот Политико го тврди истото. Бриселскиот медиум, исто така се повикува на висок функционер кој експлицитно ги демантирал изјавите на Вархеји веднаш откако тој ја дал изјавата за Еуроњуз.
„Од Комисијата следуваше експлицитен одговор: Службите не подготвуваат никакво раздвојување, вели висок функционер, сугерирајќи дека унгарскиот комесар можеби е премногу добро поврзан дома, каде што поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, го доби она што Унгарија го нарекува азил, откако беше осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба“, пишува Политико.
За волја на вистината и ставот на неркои држави кои можат да стават вето на поделен влез во преговорите меѓу две земји се јасни. За оној на Словачка знаеме. Неа ја поддржува и Германија, столбот на Унијата. За Германија е незамисливо да се даде зелено светло за преговори со ЕУ само за Албанија, а не и за Северна Македонија, вели германската амбасадорка во Скопје, Анке Холштајн.
– За решавачки насоки во процесот на проширување на ЕУ потребна е согласност од сите земји-членки. Исто како што преговарачката рамка може да биде само едногласно прифатена, датум за првата меѓувладина конференција ќе има само кога сите земји-членки ќе дадат согласност. За Германија не е замисливо само за Албанија да се даде зелено светло, а Северна Македонија да се остави. Северна Македонија веќе одамна ги исполни сите услови за започнување на пристапните преговори, нивниот почеток е заслужен и одамна задоцнет. Ова е исто така во интерес на веродостојноста на процесот на проширување и на веродостојноста на ЕУ во регионот, изјави германската амбасадорка Холштајн за „Слободен печат“.
Претходно, и германскиот министер за Европа Михаел Рот порача дека Берлин се залага Скопје и Тирана во јуни заедно да ги почнат пристапните преговори.
– Германија ја поддржува целта на португалското претседателство со ЕУ да се одржи првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија во јуни. Двете земји ги испорачаа бараните реформи – сега мора и ЕУ да испорача. Понатамошното одложување ги поткопува кредибилитетот на ЕУ и стабилноста на регионот, напиша Рот на Твитер, како реакција на изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за Еуроњуз дека Брисел би можел да ги почне пристапните преговори со Тирана, ако Скопје и Софија не изнајдат заеднички прифатливо решение за историскиот спор.
Дека се е некако измешано говори и фактот дека портпаролката на Европската Комисија за проширување, Ана Писонеро, потврди дека изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеји за одвојување на Скопје и Тирана е можно сценарио, јави дописничката на МИА од Брисел.
Писонеро само одговори на новинарско прашање дали е ова став на Европската Комисија.
Таа нагласи дека Комисијата стои на ставот дека двете земји се подготвени да започнат преговори, но дека одлуката ја носи Советот и дека тоа е една од опциите во теорија.
– Позицијата на Европската Комисија е многу јасна: сакаме да видиме Меѓувладини конференции со двете земји, двете ги исполнуваат условите за ова да се случи, но Советот треба да даде согласност за преговарачките рамки, таму се наоѓаме, рече Писонеро.
Во однос на изјавата на Вархеји портпаролката прецизираше дека еврокомесарот рекол дека е потребна согласност од земјите членки на ЕУ за одржување на Меѓувладината конференција, чин што го означува формалниот почеток на преговорите со ЕУ.
– Ако нема договор за Северна Македонија, тогаш оваа опција би можела да се разгледа, рече Писонеро коментирајќи го можното одвојување на Скопје и Тирана.
Доколку дојде до тоа земјите членки да одлучат дека само Албанија треба да започне преговори, Европската Комисија не би се противела на овој став, објасни Писонеро, бидејќи земјата сега ги исполнува сите преостанати услови.
Премиерот Зоран Заев вчера се сретне со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, со која се очекува да биде отворена оваа тема. Времето е прекусо за да го имаме релеватниот заклучок од средбата – се затвораме во понеделник попладне.
Впрочем, ако Преспанскиот договор не донесе голем елан во македонската јавност, дури го остави Заев на тесно мнозинство во Парламентот, па нему сега, како ѓшто вели колешката Јовановска во „Независен“ „уште едно понижување околу наводните шанси да почнеме преговори со Унијата – сега кога се ближат локални избори. Ерозијата на политичките процеси во земјата, руските вакцини и фактот дека никој веќе не споменува преговарачки тим за Македонија со ЕУ, најдобро зборува за очекувањата кај нас од Брисел“.
Изјавата на Вархеи, кој се оценува како најтаинствен еврокомесари за проширување, не е во спротивност осо правилата, односно новата методологија за преговарање – секој кандиат добива онолку колку ќе заслужи. Но, факт е дека неговиот придонес не треба да е позиција на стациониран позорник, туку тој треба да е активен чинител на приближувањето, што тој не беше! Дури сега се чини дека постојано и дувал на Бугарија во грбот односно ги заткрилувал нејзините интереси.
Има и такви коментари кои се на линија дека ставот на Унијата не е ист со оној на Вархе. Ова секако треба да се земе малку cum grano salis.
Би било претерано УНијата да се посипува со пепел зошто она што не беше возможно за нас во периодот 2018 – 2020 композицијата за влез во Унијата мора да има два вагони! На тоа посебно се инсистираше иако разликите тогаш беа – огромни! Одеднаш, скромните демекркатски капацитети на Тирана, кои многу не се променија освен што имавме парламентарни избори без мртви лица на улицата, а премиерот на Албанија не стана гадлив кон она „не може само една кандидатка напред“.
Додека се чини дека голем број членки сепак нема да дигнат рака за парцијални процеси на бриселската „железничка станица“, не може а да не се сетиме дека има некои детали на кои подзабораваме. Па и нафактот дека Заев не се потсети дека го има Димитров во екипата токму сега!