ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, единствено што прави е креирање конфликти, поларизирање и правење поделби во општеството, а не прави ништо за подобар живот на граѓаните, рече заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска

„Гледаме како она што го прави, односно не го прави ВМРО-ДПМНЕ се одразува на животниот стандард на граѓаните, тој е за 20% намален во однос на претходно. Гледаме како се одразува на сигурноста и безбедноста на граѓаните, како негативно се одразуваат нивните политики на тоа што значи економски напредок, на тоа што значи подобри услови за водење на бизнис во оваа држава. За прв пат една влада во првата година од своето владеење не успеа да обезбеди навреме плати за административците, ова е влада којашто не го враќа данокот на додадена вредност на бизнис секторот. Оваа влада со исклучително и единствено популистичка политика заговара линеарно покачување на пензиите од илјада денари коешто не е во интерес на над 95% од самите пензионери“, рече Каранфилова Пановска во интервју за Канал 5.
Во немоќ да ги решаваат вистинските проблеми, во немоќ да го направат животот на граѓаните полесен немаат што друго освен од нивната партиска говорница по трипати во денот да ги повторуваат истите дегутантни небулози, рече заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.
СДСМ останува отворен, ќе биде конструктивен и ќе даде поддршка за продолжување на евроинтегративниот пат на Македонија додека понуденото решение гарантира изводливост, порача заменик претседателка на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска, во вечерашното гостување во Само Интервју. Таа го повика Премиерот Мицкоски по враќањето од Брисел да свика седница во собранието на која ќе ги сподели деталите од разговорите со ЕУ-челниците, како и тоа на каква и на чија поддршка може да сметаме во процесот на ЕУ- интеграциите.
Сериозните обвинувања коишто се појавија за претседателката на ДКСК, по два основи, мислам дека се повеќе од доволни да самата таа си поднесе оставка од морални причини, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија.
-Сметаме дека првата антикорупционерка има одговорност да го штити кредибилитетот и интегритетот на ДКСК како еден симбол на борбата со корупција на оваа држава. Сериозните обвинувања коишто се појавија за претседателката на ДКСК, по два основи мислам дека се повеќе од доволни да самата таа си поднесе оставка од морални причини. Затоа што самиот тек на постапостапките, нејзино суспендирање на еден начин од обврските што ги има како прва антикорупционерка во државата го бараат тоа од неа како личност.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја разгледува иницијативата на дел од политичките партии, на Левица во случајот, за интерепелација, градиме став. Но, едно е јасно и сигурно дека во ваква ситуација претседателката на ДКСК може да си поднесе оставка од морални причини, рече Каранфилова Пановска.