МЕРСЕЛ БИЉАЛИ
Стаса до тоа и по 22 години владеење, да не може да сфати дека добриот лидер задржува поголем дел од својата вина и помал дел од својата заслуга. Дека успешниот лидер гледа можности во секоја потешкотија, а не тешкотии во секоја можност
Никој веќе не го посетува рускиот претседател кај огромната маса, која веројатно служи за покривање на огромни и опасни амбиции кај тој човек. А амбициите се како ѕверови, немоќни кога се раѓаат, а многу опасни кога ќе пораснат! Желбата на Путин за вечно да остане „мачомен“, сега ја бара својата цена, а тоа е да се поздрави со таквата голема маса! Крајот на неговата кариера мора да му e рамно на крајот на светот. Стаса до тоа и по 22 години владеење, да не може да сфати дека добриот лидер задржува поголем дел од својата вина и помал дел од својата заслуга. Дека успешниот лидер гледа можности во секоја потешкотија, а не тешкотии во секоја можност.
И сега никогаш порано светот на бил толку блиску до своето уништувањe. Ниту за времето на Берлинската криза, ниту за времето на Кубанската криза, кои сепак oстана само во обид. Сега имаме конкретни крајно опасни дела. Целата приказна за светкиот мир сега е сведен на политичкото прежувивање на една единствена комплексна личност –Путин. Сака да биде вечен, дури по цена целото човештво да заврши во вечност. Таквата желба изгледа му е поважно од сите животи во планетава! Не е случајно, што сега грб му свртуваат и пријателите во Кина, Индија, Иран и Турција, кои јасно ставија до знаење дека не ја признаваат анексијата на украинските територии, и дека „штракање со нуклеарно оружје“ e апсурдно. Но, тој тешко сфаќа дека таквиве амбиции се главни извори на злото и суровоста. Не сфаќа дека крајот на сопствената суетна е почеток на неговата мудрост.
Сега, кој и да е компромисот, тешко дека може да ја рационализира војната, ниту за Русија ниту за Украина, а ниту за Запад. Компромисот изгледа се повеќе станува невидлив. Се повеќе на виделина има неизвесност и гнев. А да живеете со гневот е исто како да пиете отров и да мислите дека другите ќе умрат. Путин претрпел голем пораз уште во почетокот на војната кога не успеал да ја собори власта во Украина, па морал да ја локализира војната, но и тука тешко му оди. Веќе не е смешна кремљиновата изрека дека „НАТО ќе ја брани Украина до последниот Украинец“! Зад таквата шега, се криеше горката вистина за рускиот воен пораз, за економскиот колапс на руското општество, за рапиден пад на животниот стандард, за бегање на младите Руси по сите четири страни од светот, за повлекувањето на силни западни компании од таа земја, а особено за загубата на над 50 илјади војници!
Башка тоа што војната е почната поради НАТО зближувањето до руските граници, а сега дополнително тоа станува Финска со Русија директно граничи во должина од 1.300 километри! И уште повеќе од тоа. Русија сега ги губи Ерменија, Таџикистан и Киргистан, а Кахзастан се свртува кон Кина. Плус, внатре проблеми со Дагестан, Башкир, Татарстан, Башкортостан, Бурјатија, Саха, па дури и со Сибир! Порази на сите страни. Па сега Ердоган му сугерира, дури и Крим да го врати! И сега со право секој Русин би се запрашал – каде не доведе овај довчерашен мачомен?!
Колку подолго трае војната во Украина, толку поизвесно е распадот на Русија, вели Виталиј Љуљка, професор на универзитетот „Тарас Шевченко“. Доколку се докажат како вистнити податоците дека најмногу воено се мобилирираат малцинствата во Русија (кримските Татари, дагестанските муслимани и Чеченците) – тогаш на руската федерација не и се пишува добро – велат бројни познавачи!
Сегашната позиција на Путин никогаш не изгледало послаба откако е дојден на власт во 2.000 година. Но, признанието на поразот може да му биде многу непријатно во оваа фаза, но, поголемото планетарно коцкање му е заканата со нуклеарна војна. Тоа го прави, колку очаен, толку и опасен. Наивно мисли дека со тоа ќе ги зајакне преговорачките позиции и ќе го стопира украинското напредување во теренот. Таквиве негови изјави насекаде се доживуваат како знак на слабост, пораз и очај, а многу помалце како блеф!
Дури и да е блеф, во војна лесно блефот се претворува во реалност, а очајот во катастрофа, оти очаен водач е крајно нерационален водач, и како таков е многу опасен! Кога тој вели дека може да користи „тактично нуклеарно оружје“, тоа никако не треба да се третира само како блеф, туку како потенцијална опасност за целиот свет. Дури и самите лидери често не се свесни колку брзо нивниот блеф во придружба на црн очај може да заврши во некое црвено копче! Тука, најопасни се тие што изгледат како паметните будали. Хитлер, за малку не усеал да стаса до атомска бомба. Да стасаше, веројатно во состојба на очај ќе го употребуваше!
Руската подморница „Белгород“ веќе ја напушти својата база во Арктичкиот круг и можеби е на пат кон Карипско Море за да го тестира подводниот нуклеарен дрон „Посејдон“, се вели во известувањето на НАТО објавено во италијанските медиуми. Путин во очај дури може да фрли една мини-атонска бомба и во Змискиот остров, а тоа би ги „озрачил“ и двете членки на НАТО – Романија и Бугарија! Има размислувања дека тоа може да биде нешто помало (валкана бомба), која има помала доза на ураниум, цезиум и некои други елементи, но доволна силна за да предизвикаа општа паника во светот. А башка радијацијата! Тоа е кога законот го дозволува тоа што честопати моралот го забранува.
Затоа, не треба премногу да се потпираме на констатацијата дека тие закани на Путин се само поради страв од воен пораз! И дека тој сака да преговара со некакви позиции. Сега тој е осамен, оти дури и довчерашните пријатели Кина и Индија му свертуваат грб. Тој сега се чуствува како ритуален руски рулет, кога од седумте комори на револверот „Нагао М“ само едната е празна. Тоа значи, штом ќе се повлече чкрапалото, шансите да не добиете истрел во глава се само 14 проценти.
Путин ќе мора да избира помеѓу крајот на хранењето на неговите големи амбиции и продолжувањето на неговата почетна замисла. Првата носи катастрофален пораз за целата негова брутална авантура во Украина, а веројатно и за неговото владеење. А втората носи опасност и за него и за целото човештво. При вакви ситуации, секој водач минува низ тешки eмоционални состојби, па и психички напади. Па тогаш сосема лесно „тактичкото“ нуклеарно оружје преминува во „стратегиско“. Таквата нуклеарна војна, не е можно да биде локализирано, оти и најслабата атомска бомба рефлектира радијација на илјадници километри, што ја опфаќа и самата руската територија. Затоа е многу важно целото човештво да се залага за да и се стави крај на војната, пред таа да си стави крај на човештвото!
Но, не се исклучува и нешто трето. Путин да биде елиминиран или симнат од власта од кругот негови генерали. Има индикации дека расте неговата недоверба кон бројни команданти и Министерството за одбрана. Перманентно прави нивна смена, а последното вчера. Досега се сменети осум генерал-полковници, кои беа команданти на различни воени области! Тоа се јасни знаци дека на Русија не ѝ оди добро ниту со војната ниту си власта. Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак изјави дека експлозијата и пожарот на Кримскиот мост се „конкретен израз на конфликтот меѓу руската Федерална служба за безбедност и приватните воени компании – од една страна, и Министерството за одбрана и Генералштабот – од друга страна”.
Ѓаволот ја однел шегата!
САД сериозно анализираат како би постапиле во ситуација ако Путин се осуди да фрли некоја нуклеарка! Поранешен офицер на ЦИА, Метју Крониг вели дека САД најпрво би сакале да го одвратат Путин од таков потег. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека американските власти размислуваат за можни одговори, но не прецизираше за што точно станува збор.
Ако американската стратегија за одвраќање не успее од која било причина – најмногу поради тоа што Путин се чувствува заглавен и нема други опции за да се прикаже како победник на војната – тогаш администрацијата на Бајден ќе треба да ја спроведе својата закана за одвраќање – вели Кроениг. Секое одложување во возвраќањето, би му испратил порака на Путин дека може да изврши втор, трет и четврти нуклеарен напад без последици.
Тогаш можно е САД да се одлучи за директен американски конвенционален воен напад врз Русија – вели Кроениг. Но, ако и тоа не помага, тогаш е можно американско нуклеарно возвраќање, која сеуште може да доведе до прекин на војната. Но, ако прекинот не се случува, тогаш светот ќе се соочи со трета светска војна, која во голема мера ќе ја уништи целата планетата и целото човештвото – вели Кроениг.
И на Европа и е многу тешко!
Европа сериозно се тресе од повеќекратни кризи. Сега и ова и требаше! Во случај на ескалација на војната до ниво на нуклеарно оружје – таа ќе биде меѓу првите фатални жртви и поради близината и поради фактот што тука е сместен голем потенцијал на НАТО. Ако се случи нуклеарна војна, никој не ќе може да предвиди што ќе се случи во овај континент.
Политичките и економските проблеми се најлесни што може да му се случат на овај континент. Трпението во континуитет се губи. Се мислеше дека европските граѓани подолг период ќе имаат разбирање за состојбите во нивните држави во услови кога Русија го урива целиот светски поредок. Но, изгледа тоа нема да може да потрае долго. Изборите во Италија покажаа дека таа кондиција не е долгорочна. Видовме дека при услови на голема светска економска и воена криза и самата таа гласа за опција која токму сега најмногу му одговара на Путин, без оглед што идната премиерка на Италија не го сакала Путин! Но, сепак ваков политички пресврт во оваа држава не е без опасност за иднината на ЕУ. Тоа може да создаде домино ефект и кај други европски држави. И така ЕУ тешко се снаоѓа со енергетската криза која се рефлектира во сите области и погаѓа секого. Германија во голема мера зависеше од рускиот гас, Италија имаше голем извоз во Русија, а Франција ја врзувале историско пријателство со Русија. Сето тоа сега е отидено во поѓаволите. Нo, сепак и при ваква состојба, многу е важно светот да рабере дека не треба да се плаши од неизвесното, туку да го разбере возможното. А лидерството значи преземање одговорност, а не изнаоѓање изговор.