Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

KOСТОВА: ПАЃА ДОВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ВЛАСТА

August 26, 2025 Filed Under: Македонија

Падот на поддршката за власта е во пад ко се изразува низ шестоцифрена бројка

КРИСТИНА КОСТОВА Овие избори ќе потврдат пад на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и раст на поддршката на СДСМ

Сите сондажи коишто ги имаме ние, меѓутоа и други независни центри се забележува разочараност кај граѓаните од власта, особено за несправување со економските проблеми, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

– Шестоцифрен е падот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ Најголемо разочарување граѓаните гледаат во  немањето волја на Мицкоски и ДПМНЕ за справување со економските предизвици и финансиските проблеми. Тие се свесни за тоа и затоа покажуваат вакво автократско однесување, секој ден се соочуваат со резултатот од тој пад. Кога ДПМНЕ губи поддршка таа не секогаш се одразува на анкетите но јасно се покажува на избори. Овие избори ќе потврдат пад на поддршката на ВМОР-ДПМНЕ и раст на поддршката на СДСМ и на опозициското расположение, рече Костова.

Таа наслади стова нагласи дека најлесен и најбезбеден начин да се спречи понатамошното вакво лошо однесување и терање на државата практично во амбис е можноста сите одговорни граѓани на оваа земја да го сосечат до корен ова до срж корумпирано антидржавничко, ненародно дејствување на власта предводена од ДПММЕ и Мицкоски.

-Особено е важно во ваква ситуација, овие локални избори да не се третираат само како обични локални избори туку да се даде отпор кон ваквите девијантни криминогени и скандалозни па дури и автократски тенденции коишто ги покажува Мицкоски и ДПМНЕ. Тоа е одговорност на сите нас и јас верувам дека граѓаните ќе се покажат достоинствено., порача потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во спомената емисија „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

Таа се задржа и на кампањата за локалните избори.
-Освен тоа што не ги остварија ветувањата, се надоврзуваат сите скандали коишто ги има, а се поврзани со градоначалниците од редовите на ДПМНЕ. Што скандали поврзани со испумпување на граѓанските пари и општинските буџети, преку веќе добро воспоставени тендерски мрежи. Но исто така и скандали на пример со кражба на нафта од училиштата, нафта којашто се користи за греење на нашите деца, изградба на дивоградби од страна на секретари и втори лица во општината, големи скандали и толерирање беззаконие, нагласи потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.
Таа потсети дека во циклус од четири години има доспеани а неисплатени обврски на ниво од 700 милиони евра заклучно со 2024 година, а 80% од истите доаѓаат од единиците на локалната самоуправа: „Тоа се конкретни имиња и презимиња на градоначалници и конкретни општини,“ рече Костова.
„Важно е да се нотираат и случувањата во локалната самоуправа каде што најголемо мнозинство на водство е од страна на ДПМНЕ во изминатите речиси четири години и токму во тие општини има сериозен пад на квалитетот на комуналните услуги, а во истовреме и раст на цените за тие услуги што е нелогично,“ истакна Костова, додавајќи дека уште пред кампањата да почне, ветувањата на ДПМНЕ градоначалниците за 2025 се исти како оние од 2021 година – што значи дека четири години ништо не е сработено.
СДСМ размислува подалекусежно од она што го гледаме од ДПМНЕ, нашите решенија што ќе ги понудиме ќе бидат за решавање локалните проблеми на граѓаните и ги придвижување на општините во правилна насока кон поголем раст и развој.

Filed Under: Македонија

БАБАНОВСКИ: НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ ЗАВРШИ ОРУЖЈЕТО ШТО МУ ГО ДОНЕСЕ АРКАН НА МИЈАЛКОВ
СО ПРИКАЗНАТА ЗА ШТРКОТ СИЛЈАН ОДИМЕ ВО СВЕТОТ
КОРИСНИ ЛЕКЦИИ ОД ИСТОРИЈАТА НА ПРИТИСОК ВРЗ МЕДИУМИТЕ ВО СРБИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (141) ЕУ СМЕТА ДЕКА ПРЕДЛОГОТ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНИ ОТСТАПКИ ЗА МОСКВА СЕ ЗАМКА
ЕВРОПСКИОТ ВЕК НА ПОНИЖУВАЊЕ

Најново

  • БАБАНОВСКИ: НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ ЗАВРШИ ОРУЖЈЕТО ШТО МУ ГО ДОНЕСЕ АРКАН НА МИЈАЛКОВ
  • СО ПРИКАЗНАТА ЗА ШТРКОТ СИЛЈАН ОДИМЕ ВО СВЕТОТ
  • КОРИСНИ ЛЕКЦИИ ОД ИСТОРИЈАТА НА ПРИТИСОК ВРЗ МЕДИУМИТЕ ВО СРБИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet