Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

MАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА

October 22, 2026 Filed Under: Македонија

Советниците на СДСМ од источниот регион се противат на изградбата на нови рудници, предупредувајќи дека нивното отворање може да има сериозни последици врз здравјето на населението, земјоделството, водните ресурси и животната средина

ВЕСТА РИСТОВСКА Еден од најспорните проекти е оној за планираниот рудник во планинскиот предел Кадиица

Советниците на СДСМ од источниот регион се противат на изградбата на нови рудници, предупредувајќи дека нивното отворање може да има сериозни последици врз здравјето на населението, земјоделството, водните ресурси и животната средина.

Весна Ристовска, координаторка на советничката група на СДСМ во Општина Пробиштип, на прес-конференција најави дека советниците ќе се спротивстават на новиот Нацрт-план за просторно планирање предложен од Владата на премиерот Христијан Мицкоски.

„Македонија не е на продажба! Денеска советниците на СДСМ од истокот уште еднаш го креваат својот глас против рудниците кои се закана за здравјето, земјоделството и животната средина“, изјави Ристовска.

Таа посочи дека на јавната расправа ќе ги изнесат своите забелешки и аргументи против предвидените рударски активности, особено во подрачјата кои имаат значајна природна и еколошка вредност.

Како еден од најспорните проекти го издвои планираниот рудник во планинскиот предел Кадиица, за кој тврди дека се наоѓа во рамките на заштитеното подрачје Малешево, познато по својата биолошка разновидност и присуството на ендемски растителни видови.

Ристовска побара одговори за тоа како е можно да се предвидуваат рударски активности во заштитени подрачја без јасно да бидат претставени потенцијалните последици врз природата и локалното население.

Таа го отвори и прашањето зошто во планската документација не е приложена детална карта на која би се прикажало преклопувањето на планираниот рудник Кадиица со заштитените зони на Малешево, водните извори, земјоделските површини, населените места и туристичките локалитети.

Според неа, ваквите информации се неопходни за граѓаните да имаат целосен увид во можните последици од реализацијата на рударските проекти.

Дополнителна загриженост, како што посочи, предизвикува и можноста за отворање рудник за метали на Плавица. Од СДСМ предупредуваат дека овој проект би можел да предизвика долгорочни еколошки последици, вклучително и загадување на подземните и површинските води, нарушување на биодиверзитетот и ризици по здравјето на жителите.

Ристовска нагласи дека заштитата на природните ресурси, земјоделството и здравјето на граѓаните мора да има предност при носењето одлуки за идниот просторен развој на државата.

Filed Under: Македонија

СЕДУМ ТОНИ МАРИХУАНА ШТО ЈА МИНАА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА ОСТАНАА ПРАКТИЧНО БЕЗ ЕФЕКТИВНИ ОБВИНЕНИЈА
MАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА
ПAТЕКИ  И ЗАБОКОЛУВАЊА НА ПОЛТИЧКОТО СОЗРЕВАЊЕ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА
СВЕТСКИ РЕКОРД НА МАТКА: ВРЕЛО Е НАЈДЛАБОКАТА ИСТРАЖЕНА ПОДВОДНА ПЕШТЕРА
ИРАН ЈА УНИШТИ ГЛАВНАТА АМЕРИКАНСКА БАЗА ВО КУВАЈТ

Најново

  • СЕДУМ ТОНИ МАРИХУАНА ШТО ЈА МИНАА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА ОСТАНАА ПРАКТИЧНО БЕЗ ЕФЕКТИВНИ ОБВИНЕНИЈА
  • MАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА
  • ПAТЕКИ И ЗАБОКОЛУВАЊА НА ПОЛТИЧКОТО СОЗРЕВАЊЕ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet