Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

MАТУРАНТИТЕ ВО ПРОСЕ4К ДОБИЛЕ ТРИ ПЛУС НА МАТУРСКИТЕ ИСПИТИ

August 6, 2025 Filed Under: Македонија

Надлежните се задоволни што успехот на државната матура е подобрен од лани (од 3,29 на 3,69) и што немало масовно организирани препишувања

СОПРЕНО Е ПРЕПИШУВАЊЕТО Министерката за образование смета дека е голем успех што се сопрени голем број препишувачи

На јунските полагања за државна матура, 172 ученици се обиделе да препишуваат и тие ќе имаат право да полагаат во августовскиот испитен рок, соопштија на заедничка прес-конференција министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Михајловска.

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3,69.

Пријавени за полагање биле 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици, а околу 3 проценти не дошле на испитите.

„172 кандидати не успеаја во јунскиот испитен рок, служејќи се со недозволени средства, да го завршат онака како што тие планирале. 35 кандидати се отстранети на самиот ден на испитот, кај нив дали е пронајден телефон или се обиделе да препишуваат, притоа било констатирано од тестатор и им е прекинат тестот и се отстранети, а додека пак 137 ученици успеале некако да се снајдат, меѓутоа, оценувачите се тие кои внимателно гледаат и читаат и на тој начин успеваат да гледаат кои ученици препишувале, па затоа им се поништени тестовите“,

кажа директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска-Михајловска.

Министерката Весна Јаневска изрази задоволство што успехот е поголем од минатата година и бидејќи немало масовни препишувања како во изминатите години кога, како што посочи таа, цели групи по илјада – две илјади ученици, организирани преку мобилни апликации, имале до збор идентични одговори.

„Просечната оценка која ја постигнаа оние што полагаа е 3,69, што е значително подобрување од ланската, која изнесуваше 3,26. По сите предмети имаме подобрување на постигнувањата и тоа сметам дека е плод на добрата подготовка на учениците и препораките кои ги дадовме до сите чинители на процесот… Би сакала да се заблагодарам на наставниците и на учениците, веројатно и дел на родителите, што нашите апели за значењето на знаењето и училиштата допреа до нив и ова е очигледно со резултатите кои оваа година ги постигнале учениците. Многу е битно да продолжиме во тој стил да работиме во образовниот систем, затоа што успехот зависи од наставниците и учениците“,

кажа министерката Јаневска и посочи дека 172 ученици кои се обиделе да го надмудрат системот, ризикувале и го одложиле завршувањето на средното образование.

Инаку, годинава биле поднесени 507 приговори по сите предмети.

Мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски и српски), кој е задолжителен за сите матуранти, се полагаше на 31 мај, а вториот испит, кој е изборен за учениците, беше на 11 јуни.

Матурантите кои во јуни не ја положиле државната матура или не во целост, ќе  полагаат во августовската сесија.

На 12 август е испитот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а на 14 август е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).

Државната матура во нашиот образовен систем се спроведува од 2007 година, во јунска и во августовска испитна сесија.

Не беше организирана само еднаш – на крајот од учебната 2019/2020 година поради ковид-пандемијата.

 

Filed Under: Македонија

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП
СЕРГЕЈ ЛОЗНИЦА: ПУТИН И СТАЛИН СЕ РАЗЛИЧНИ, АМА ИМААТ ИСТА МОЌ И СИСТЕМ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (1)

Најново

  • ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
  • МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
  • И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet