ЦИВИЛ одржа високопрофилна Конференција како дел од деветдневната стратешка, граѓанска и мултимедиумска програма посветена на Неделата на Човековите права 2025 година.

Иницијативата, која се одржува од 5 до 15 декември во Скопје, ги обедини домашните, регионалните и меѓународните учесници со цел да се адресираат критичните предизвици со кои се соочува демократијата денес – од војната на Русија против Украина и хибридната војна против Европа, до дезинформациите и брзиот подем на вештачката интелигенција и ерозијата на човековите права ширум светот.
Програмата е дел од проектот Демократски навигатор 2025, поддржан одСојузното министерство за надворешни работи на Германија и се
надоврзува на претходните изданија на ЦИВИЛ на високо ниво, меѓу кои се „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ (декември 2024 година) и „Боиште на вистината“ ( Октомври 2025 година).
На Конференцијата се одржаа три панели, на темите:
- Војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната демократска борба
- ВИ,дезинформациии светот по вистината / по срамот
Европски и глобални перспективи на демократската отпорност/
Хоризонти на слободата: Војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија (Панел 1)
Со воведни обраќања, Конференцијата ја отворија Петра Дрекслер – амбасадорка на Германија во Северна Македонија, Лариса Дир – амбасадорка на Украина во Северна Македонија, Д-р Волфган Ресман – претседател на Медиа дијалог (Германија), Роџер Касале – директор на Вестминстерската алијанса за Украина, Џабир Дерала – претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода.
На првиот панел насловен „Војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија“ се дискутираше за војната на Русија против Украина како централен фронт на поширока глобална конфронтација околу демократијата, човековите права и меѓународниот поредок базиран на правила. Говорниците анализираа како хибридното војување – комбинирање на воена агресија, дезинформации, сајбер напади и влијание преку посредници – ја преобликува безбедноста во Европа и пошироко.
Дискусијата ги истакна отпорноста на Украина, геополитичките влогови за Европа и Западен Балкан и глобалните демократски импликации од исходот на војната. Панелисти беа Роџер Касале, Франческо Гаудиози, Јевген Цимбаленко, Оливер Андонов, Едвард П. Џозеф, а панелот го модерираше Хедер Роберсон Гастон.
Цимбаленко: Руската војна во Украина не е само физичка, туку и информациска
Руската војна во Украина не е само физичка, туку е и информациска војна, што е разбирливо. Јас работам сега во Германија и можам слободно да кажам дека украинските бегалци тука се наоѓаат во еден таканаречен информациски балон, кој исто така и јас го чувствувам но и работам на тоа да се препознае руската пропаганда во информативниот аспект, изјави Д-р Јевген Цималенко од Институт за новинарство „Тарас Шевченко“, Национален универзитет во Кијив – Украина.
Д-р Цимбаленко е украински научник за медиуми и комуникации, фокусиран на воено новинарство, информациска безбедност и влијанието на руските дезинформации врз демократските општества. Тој интензивно работел на анализа на пропагандните наративи за време на целосната инвазија на Русија и на зајакнување на информациската отпорност на Украина преку истражување, образование и соработка со меѓународни партнери.
Касале: Како глобална заедница сме на патот кон едно големо глобално нарушување во кое моќта ја има хаосот и корупцијата
Би сакал да ги потсетам луѓето дека не треба да го гледаме украинскиот конфликт во изолација. Имаме кибер напади низ целиот свет и Европа, дури и прелетувања на дронови врз Полска и други држави …Исто така треба да запамтиме дека сме соочени со голем глобален конфликт, како глобална заедница, ние сме на патот кон едно големо глобално нарушување, така што треба да ја гледаме војната во Украина и од тој аспект, посочи Роџер Касале, директор на Вестминстерска алијанса за Украина (Обединето Кралство); коосновач на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI); поранешен член на британскиот парламент.
Роџер Касале е британски застапник за човекови права, поранешен британски пратеник и основач на New Europeans International. Како директор на Вестминстерската алијанса за Украина и коосновач на DDGI, тој работи на унапредување на европското единство, демократското учество и транснационалната поддршка за слободата, безбедноста и закрепнувањето на Украина.
Франческо Гаудиози: Русија е веќе инволвирана во хибридна војна во Европа
За време на неодамнешниот самит во октомври 2025 во Копенхаген, Данска, ЕУ лидерите предупредија дека Русија е веќе инволвирана во хибридна војна во Европа, како што кажа Данскиот премиер. Во таа прилика се согласија да го зголемат надгледувањето на источната граница, за да ги сопрат нарушувањата. НАТО секако го поздрави тоа, и неколку сојузници веќе се придружија на воздушната полиција, посебно за дронови. Европа, исто така, работи на отстранување на зависноста од руски гас, истакна д-р Франческо Гаудиози, потпретседател и извршен директор, Centro Studi Internazionali (Италија).
Д-р Гаудиози е меѓународен научник за безбедност и виш аналитичар специјализиран за европска геополитика, трансатлантски односи и хибридни закани. Како потпретседател и извршен директор на Centro Studi Internazionali (CSI) и водечки соработник на Вестминстерската алијанса за Украина, тој го унапредува истражувањето и стратешкиот дијалог за импликациите од руската агресија врз регионалната и глобалната безбедност.
Андонов: Војната на Русија против Украина не е само напад врз украинскиот суверенитет, туку стратегиски напад врз Европа
Војната што Русија ја води против Украина не е само напад врз украинскиот суверенитет, туку стратегиски напад врз Европа. Целта на Кремљ е да ја ослабне европската демократска кохезија преку воен притисок, хибридни операции и манипулативни наративи насочени кон разорување на општествената отпорност, поткопување на поддршката за Украина и нарушување на довербата во евроатлантските институции, кажа проф. д-р Оливер Андонов, Оддел за безбедност и управување со кризи, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“.
Проф. д-р Андонов е водечки експерт за одбранбени студии, управување со кризи и безбедносна политика. Како ветеран аналитичар на регионалната геополитика, тој ги испитува хибридните закани, воената доктрина и еволуирачката безбедносна средина во Западен Балкан. Неговиот академски и јавен ангажман вклучува обемна работа за Украина, демократската безбедност и импликациите од операциите на руско влијание во регионот.
Едвард Џозеф: 96% од кинеските инвестиции на Балканот се, погодете каде – во Србија
Мојот пристап има трансформација на влијанието на Балканот и дополнително, значително влијание на напорите да се стави крај на војната во Украина. Ова се два различни нивоа на влијание. Најголемото влијание ќе биде апсолутно најголема трансформација на регионот, што ќе има индиректно влијание врз војната во Украина, затоа што прави дополнителен притисок на Путин. Мојот пристап ја гледа Русија како губи, и Кина. Русија и Кина го губат нивнoто примарно влијание во регионот. Една статистика за Кина покажува дека 96 % од кинеските инвестиции на Балканот се, погодете каде, во Србија, истакна проф. д-р Едвард П. Џозеф, експерт за управување со конфликти, Универзитет Џонс Хопкинс (САД).
Проф. д-р Џозеф е меѓународно признат експерт за решавање конфликти со децениско теренско искуство низ целиот Балкан, Блискиот Исток и Источна Европа. На Универзитетот Џонс Хопкинс предава управување со конфликти и меѓународна безбедност. Тој е чест коментатор за Украина, трансатлантската безбедност и руската агресија, и служел на високи позиции во НАТО, ОН и меѓународни мисии.
(Глобус во следните броеви ќе пренсе кус осврт и другите говорници и учесници на следните панели)




