Некогашниот „црвен Ватикан“ стана магнет за срните европски партии, на кои во финалето заради конекцијата им ја намалува шансата за успех
Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на венчавката на австриската министерка Карин Кнајсл, која дојде на оваа позиција со поддршка на Хајнц-Кристијан Страхе Последниот неодамна имаше афера која доведе до пад на владата! Инаку од ова присуство на спомената свадба требаше да има политичка корист Путин, ,како и конзервативниот идеолог на Трамп – Стив Банион, но таа математика заради неодамнешните настани (аферата Штрахе) паѓаат во вода? Дури и пред десет дена за Путин изборите, барем во Австрија би биле следени со безгрижност, како дел од очекувањето дњка тој ќе извлече и генерално максимална корист на претстојните европски избори.
Европските екстремно десничарските партии, кои најчесто се однесуваат како неговата „петта колона”, стоеја алармантно добро, а според анкетите се предвидуваше дури дека ќе освојат околу една третина од местата во Европарламентот. Екстремно десничарските партии во Франција, Велика Британија и Италија водат во анкетите, а тука е и несомнената победа на Орбановиот Фидес, која може да ги земе во Унгарија речиси сите места.
– Верувам дека „суверенистите“, ако сегашните трендови продолжат, дури и може да сметаат на 33 до 35 проценти од пратениците во Европарламентот. Ова ќе предизвика земјотрес во Брисел – вели Стив Банон, кој е во посета на европски ултра-конзервативци.
Првата на листата на Макрон, инаку член на „Република во движење” Натали Лузо, рече дека пратениците на Марин Ле Пен ќе бидеат „претставници на Путин” во Европа и дека „Европа е на работ на ревитализација на фашизмот”, повикувајќи се на фракција такоја сака да се воспостави во Европарламентот од екстремната десница како на – „фракцијата на Путин”.
Поточно, она што собира повеќето од овие партии, е Москва како стожер, иако во исто време, парадоксално е дел од нивноито хипотетиочко неединство, бидејќи руското присуствио е и нивниот потенцијал раздор. Москва одамна флертува со овие партии, дури финансирајќи ги нивните активности и давајќи им медиумска поддршка. Еден од водечките конзервативни идеолози на Кремљ – Александар Дугинотворенко вели дека Русија за своите цели (за дестабилизација на Европа преку пенетрација во ЕУ) треба да ги искористи предностите на „петтата колона во Европа”. Ова се чита како потреба Москва да биде новата Мека за екстремно десничарските партии. Токму овие партии се јасно против санкциите кон Москва заради Украина, но многу од нивните претставници често одат на Крим со што и даваат легитимитет на анексија на претходно украинскиот полуостров и можно е во Европарламентот дури да направат фракцијата од типот „пријатели на Русија”, а некои од нив, како Ле Пен, Салвиња , шеф на Алтернатива за Германија (AFD), ао за Виктор Орбан да не зборуваме, се чести гости во Москва, јасно и во кабинетот на Владимир Путин.
(ново продолжение)