Стоилковиќ е пратеник, дел од опозициската коалиција со ДПМНЕ, во земја која е дел од тие западни сојузници и ги применува санкциите кон Русија
ДРАГАН МИШЕВ
На Втората годишна конференција на ветерани на ВМРО ДПМНЕ, претседателот со најголем опозициски стаж, Христијан Мицковски, изрази жалење затоа што Европа повторно, според него по којзнае кој пат е доведена во заблуда, и дека е заложник на руската политика на Балканот, а ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш имале прозападна ориентација.
Замислете, ова го вели лидерот на опозицијата која како коалиционен партнер, кој на координација седи десно од Мицкоски, го има докажаниот путинист и рашист, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Стоилковиќ, кој беше во посета на Москва каде се одржуваше Безбедносен форум, во друштво со сличните на него, докажаните анти европските елементи од регионот, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е меѓу учесниците е и директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, Александар Вулин. На форумот, пред „високите“ гости, видео-обраќање имаше рускиот претседател Владимир Путин, според кого Русија и нејзините сојузници ќе успеат во намерата да се изгради поправеден свет и дека јакнењето на стабилноста во светот е единствена алтернатива на „западните санкции“. Стоилковиќ е пратеник, дел од опозициската коалиција со ДПМНЕ, во земја која е дел од тие западни сојузници и ги применува санкциите кон Русија.
Присуството на Стоилковиќ на конференцијата се случи во време кога целиот свет ја осуди и се бори против руската агресија врз Украина.
Стоилковиќ посетата на Русија ја најави во 2019 година преку социјалните мрежи, и напиша дека форумот е место и начин за водење професионален дијалог за проблемите од областа на безбедноста.
Во 2016 година, на покана на претседателот на партијата Единствена Русија, Димитри Медведев, претседателот на Демократската партија на Србите Иван Стоилковиќ, престојуваше во Москва на 15 Конгрес на партијата.
Стоилковиќ исто така ја правдаше руската листа на непријателски земји, на која е и Северна Македонија, посочувајчи ја како виновник министерката за одбрана, Славјанка Петровска, отворено ставајќи се на страната на руската пропаганда споделувајќи ги руските дезинформативни и пропагандни наративи дека министерката за одбрана ќе испраќала војници во Украина, иако, според него, таа не е членка на НАТО, ниту пак ќе биде некогаш.
Дополнително, Стилковиќ со крајно навредувачки изјави ја омаловажува сопствената армија со изјавата за „смешната одлука“, со оглед на капацитетите, за испраќање оружје во Украина, спротивно на законот.
Мицкоски, кој сега (по се почестите критики дека има антизападни ставови) се обидува да ја убеди домашната и светска јавност дека ВМРО- ДПМНЕ отсекогаш била и е со прозападни ставови, не се огласи и не ја осуди посетата на Москва на неговиот коалиционен партнер Стоилковиќ и неговите отворени анти НАТО и анти ЕУ ставови? Дали тоа значи дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваат анти ЕУ, анти НАТО и проруските ставови на ивниот коалиционен партнер?
Иван Стоиљковиќ е и познат „заштитник за србството“, но само преку Фејсбук статуси. Задскриен зад сигурноста на тастатурата, тој во контекст на вооружениот инцидент во Косово на 24 септември, објави фотографија на својот Фејсбук-профил со графит кој гласи „Знам јас што ве убива, Косово е Србија“, а во прилог на фотографијата, Стоилковиќ напиша:
„Слава на Србите од Косово и Метохија кои ги дадоа своите животи во одбрана на своите домови и родната земја од зголеменото угнетување и тиранија од страна на властите на шиптарскиот окупаторски режим., додавајќи при тоа дека „продолжува угнетувањето на Србите, насилството ескалира, т.н. меѓународна глуми лудост и е соучесник во нечесните постапки предизвикани од тероризирањето на Србите од страна на Курти. Вечна слава, слава на српскиот народ кој и покрај невидениот терор преживува во српската колевка и не ги остава своите вековни огништа пред дивите ѕверови на Курти и на меѓународните ѕверови и дека е јасна нивната цел е да ги протераат Србите и дека нивната главна приказна е мир без Србите. Притоа забораваат дека ниту една окупација не трае вечно, па нема ниту оваа.
Крајно лицемерно и понижувачки кон српската заедница е ваквите „загрижувачки“ и „потпалувачки“ изјави да доаѓаат од коалициониот партнер на партијата која за време на нејзиното владеење ја призна независноста на Косово, а дотичниот претседател на Демократската партија на Србите во Македонија не собра сили (а по се изгледа немаше ниту интерес) во знак на револт и несогласување со одлуката да ја напушти коалицијата.