Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

OДБЕЛЕЖУВАЊА: РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЦРКВАТА ПЕРИВЛЕВТА ГО ВИДЕ ЕФЕКТОТ ОД АМЕРИКАНСКАТА ДОНАЦИЈА

October 14, 2025 Filed Under: Македонија

Американската амбасада подари 650 илјади долари за реставрација на црквата „Богородица Перивлепта“ а рускиот амбасадор Бездникин беше тој кој беше дојден на одбележување на јубилејот на црквата во Охрид

ПРИСУТЕН Рускиот амбасадор Бездјухин беше поканет на одбележување на јубилејот, не се видоа дарителите

Македонската православна црква – Охридска архиепископија одбележаа 730 години од изградбата и живописувањето на храмот “Пресвета Богородица Перивлепта” во Охрид.

Литургијата во еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија, како што известува Религија.мк, ја отслужил Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј и епископите Хераклејски Климент и Стобиски Јаков.

Специјален гостин на литургијата беше рускиот амбасадорот Сергеј Баздникин, кој бездруго се воодушевувал од архитектурата и артефактите во црквата од 13-ти век.

Инаку, Света Богоридица Перивлепта (Богородица што гледа сѐ) во Охрид беше спасена од пропаѓање благодарение на грантот од Амбасадорски фонд, што во 2009 година беше доделен од страна на Амбасадата на САД во нашата земја.

Долги години протекуваше покривот на црквата. Дождовите навлегуваа во ѕидовите, а од влагата се создаваа напластени соли од кои најмногу страдаа фреските.

Од Фондот за културна заштита на амбасадата на САД во нашата земја беа издвоени 650 илјади американски долари за спас на Перивлепта. Во акцијата учествуваа околу 70 стручни лица од Заводот за заштота на спомениците на културата и музеј од Охрид и од Националниот конзерваторски центар од Скопје, со стручна поддршка од странски експерти предложени од УНЕСКО и Советот на Европа, Донатела Зари и Карло Џантомаси од Италија за живописот и Алкивиадис Препис од Грција за архитектурата на црквата. По седум години заврши комплексната санација на охридската црква „Св. Богородица Перивлепта“ од 14 век, еден од најважните споменици на византиската уметност. Вредниот живопис, дело на големите зографи Михајло и Евтихиј кои во Охрид создале едно од најголемите достигувања во византиската културна експресија на почетокот на 13 век стана конечно заштитен.

Празникот Успение на Пресвета Богородица којшто денеска го чествуваат православните верниви во Македонија е повод и за потсетување дека импозантната фреска на западниот ѕид на црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид се смета за зачеток на европското ренесансно сликарство.

Тања Велманс, истакната специјалистка по византиска уметност од Франција во својата книга “L’art de la Mѐditerranѐe – Renaissances en Orient et en Occident, 1250-1490”, во оваа своја студија и под фотографијата од фрескоживописот Успение на Пресвета Богородица во охридската црква објавена на цела страна во публикацијата напишала: „Ренесансата во Европа започнува со фреската Успение на Богородица во црквата Перивлепта во Охрид“.

ПРИСУТЕН Рускиот амбасадор Бездјухин беше поканет на одбележување на јубилејот, не се видоа дарителите

Фреската ,,Успение на Пресвета Богородица” во охридската црква Пресвета Богородица Перивлепта којашто е изградена пред 1295 година, како и останатите претстави од живописот ги насликале познатите сографи Михаил Астрапа и Евтихиј. Академик Цветан Грозданов, еден од нашите и светски најголеми авторитети за византиската уметност напишал дека динамиката, композицијата, драматиката и реализмот се сведоштво дека Михаил Астрапа и Евтихиј ги напуштиле нормите на дотогашното фрескосликаство и почнале да творат на начин кој оставил карактеристичен печат кој подоцна се препознава од страна на познавачите на европското средновековно сликатрство како зачетокот на ренесансното сликарство.

Во сцената ,,Успение” на западниот ѕид, фигурите се експресивни, боите светли, тагата на апостолите е јасно изразена, тие се прикажани со голема раздвиженост. Над сликите на апостолите е видлив комплексен архитектонски пејзаж – високи зданија во колони, прикажани во обратна перспектива. Над ликот на Христос се претставени мноштво ангели со душата на Марија во рацете. Зад нив портите на рајот се отворени. На небото од облаци се прикажани апостолите и Богородица.

Дека фреската Успение на Пресвета Богородица во Перивлепта во Охрид не е исклучок потврдуваат и мислењата на византолозите кои сметаат дека овие карактеристики кои ја најавуваат европската ренесанса во сликарството се силно изразени и во фреската „Оплакување на Христос“ во црквата Св. Пантелејмон во Нерези, во Скопје.

(рацин.мк)

Filed Under: Македонија

ГRAЃАНИТЕ ПРАШУВААТ ЛИ НЕШТО?
ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЕЛГРАД НАЧНА СОМНЕЖ ЗА АНГАЖМАН НА МАКЕДОНЕЦ ВО СОМНИТЕЛНА МИСИЈА
СMРТТА МОЖЕ ДА ГО ОДНЕСЕ ГРАДИНАРОТ, НО НЕ И ГРАДИНАТА
МОНТГОМЕРИ: СТУДЕНТСКИОТ ПРОТЕСТ ВО СРБИЈА НЕ Е ИНИЦИРАН ОДНАДВОР
ГРАДОТ Е РЕФЛЕКСИЈА НА ОПШТЕСТВОТО ВО ПРОСТОРОТ, ОДРАЗ ОДНОСИТЕ НА МОЌНИТЕ

Најново

  • ГRAЃАНИТЕ ПРАШУВААТ ЛИ НЕШТО?
  • ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЕЛГРАД НАЧНА СОМНЕЖ ЗА АНГАЖМАН НА МАКЕДОНЕЦ ВО СОМНИТЕЛНА МИСИЈА
  • СMРТТА МОЖЕ ДА ГО ОДНЕСЕ ГРАДИНАРОТ, НО НЕ И ГРАДИНАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet