Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА: ДРЖАВАТА ЈА ЗАДУШУВААТ ВНАТРЕШНИТЕ ДОЛГОВИ

November 25, 2026 Filed Under: Македонија

Доспеаните а неплатени обврски на државата надминаа 700 милиони евра, со најголеми долгови ЈП и државните фирми

КАРМАКАШИЈА Во јавниот сектор секој секому должи

АНЕТА ДОДЕВСКА

Нов пораст на „внатрешниот“  долг,  на крајот на септември годинава, доспеаните а неплатени обврски на државата на локално и на централно ниво и во сите сектори надмина 700 милиони евра. Најголем дел од долгот или повеќе од 281 милиони евра отпаѓа на ЈП и фирмите во државна сопственост.  Компаративната пресметка  на “Порталб“ врз основа на податоците од Министерството за финансии  покажува дека долгот е зголемен и во однос на јуни ( втор квартал) и во однос на крајот на декември лани.

Долгот е зголемен и во однос на лани и во однос на вториот квартал, пораст кај општините, јавните претпријатија, здравството

За само 9 месеци, во септември во однос на крајот на декември лани, внатрешниот долг, односно доспеаните а неплатени обврски на државата и на централно и на локално ниво , се зголемени за скоро  46 милиони евра – покажува пресметката на „„Порталб“ направена врз основа на новите податоци од Министерството за финансии. Според податоците од новата „должничка листа“,  вкупните доспеани а неплатени обврски на крајот на третиот квартал изнесувале скоро 712 милиони евра – досега највисоко ниво.  Долгот се зголемил и на квартална основа , за скоро 20 милиони евра во однос на јуни годинава,  кога изнесувал нешто над 692,5 евра.

Доспеани а неплатени обврски

Септември 2026              711 705 562  евра

Јуни 2026                           692 523 113  евра

Декември 2025                665 803 009   евра

За да се утврди трендот на движење на износите на доспеаните а неплатени обврски на државата , „Порталб“ направи споредба на состојбата во клучните групи на субјекти и на квартално ниво и во однос на  крајот на декември 2005 година. Најголемиот дел од долгот отпаѓа на Јавните претпријатија а и државни фирми чии доспеани а неплатени обврски на крајот на септември надминале 281 000 000 евра,  со зголемување за 7 000 000 евра во однос на декември лани и со пораст од 10 400 000 евра во однос на јуни, годинава.

Поголем раст на долговите има во Јавното здравство – на крајот од септември доспеаните а неплатени обврски изнесувале скоро 157 милиони евра и во однос на декември лани се зголемени за дури 54 милиони евра. Долговите на Јавните здравствени установи се зголемени и во однос на јуни годинава, за 23 000 000 евра. Растат неподмирените обврски и на Општините кои на крајот на третиот квартал надминале износ од  93 350 000 евра, со пораст за 252 000 евра во однос на јуни годинава и за 3 000 000 евра во однос на декември, лани.

Доспеани а неплатени обврски (евра)

Септември 2026      Јуни 2026        Декември 2025

Општини                    93 353 644            93 101 970           90,407,695

ЈП и држ. фирми     281 518 776        271 131 815          274 510 609

Општински ЈП         105 358 182        110 154 227         108 023 374

Јавно здравство      156 927 142          134 000 281        102 960 069

Буџ. корисници (        20 920 640            30 444 372         39 894 848

Извор МФ

 

Поинаква е состојбата со доспеаните а неплатени обврски на Општинските јавни претпријатија, кои на крајот на септември изнесувале над 105 милиони евра но со тренд на намалување во однос на јуни годинава и на крајот на декември 2025 -та година. Буџетски корисници од прва линија ( министерства, агенции и институции од прва линија), на крајот од септември годинава пријавиле доспеани а неплатени обврски во износ од 21 милиони евра, со тренд на намалување во однос на јуни и во однос на декември лани. Најголем дел од доспеаните а неплатени обврски во износ од скоро 350 милиони евра се кон Јавниот сектор , односно „меѓусекторски “ долгови,  обврските кон приватниот сектор, здруженија на граѓани и други непрофитни организации наминаа 331 000 000 евра а долговите кон странство надминаа 33 000 000 евра.

 

Доспеани а неплатени обврски ( септември 2025, евра)

 

Кон јавен сектор                                                                     343 590 000

Кон приватен сектор, здруженија на граѓани

и други непрофитни организации                                     331 900 000

Кон странство                                                                            33 150 000

Извор : МФ

На новата должничка листа се наоѓаат 879 институции, општини, министерства, агенции, државни фирми, училишта, јавни здравствени установи, агенции, судови, центри за социјална работа, фондови кои пријавиле дека имаат доспеани а неплатени обврски.

 

Filed Under: Македонија

МИЦКОСКИ И СЛАВЕСКИ ЈА ВНЕСОА АЛТА БАНКА И ГИ ЗАГРОЗИЈА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ
ФИСКАЛНА ГИМНАСТИКА СО ТУЃИ ПАРИ!
„ВОЛСТРИТ ЏОРНАЛ“: ТРAМП ПРЕГОВАРА СО АНТИАМЕРИКАНСКАТА ОСКА
ЗAБОРАВЕТЕ ГО КАФЕТО – ПИЈАЛОКОТ ШТО ГО ПИЕЛ ИСУС ДАВА ДЕВЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМА ЕНЕРГИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (204): ПОРАНО ТЕНКОТ БЕШЕ СИМБОЛ НА ПОБЕДАТА А ДЕНЕС Е НЕШТО ДРУГО

Најново

  • МИЦКОСКИ И СЛАВЕСКИ ЈА ВНЕСОА АЛТА БАНКА И ГИ ЗАГРОЗИЈА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ
  • ФИСКАЛНА ГИМНАСТИКА СО ТУЃИ ПАРИ!
  • „ВОЛСТРИТ ЏОРНАЛ“: ТРAМП ПРЕГОВАРА СО АНТИАМЕРИКАНСКАТА ОСКА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet