Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДА ПОЈДЕМЕ ВО ПЕХЧЕВО ВО ЈУЛИ

July 7, 2026 Filed Under: Ревија

Дваа музика, емоции и незаборавна атмосфера – започува Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево. Со свои капaцитети ќе помогне и соседното Берово

НАЈАВА Жителите на Пехчево, со мала помош на беровчани прават да се добие една нова музичка смотра, веќе и традиционална

Има градови кои во јули се мирни и тивки. Но, Пехчево не е еден од нив. Токму спротивното – секоја година, во чест на Павловден, овој малешевски град се претвора во огромна музичка сцена каде што трубата, песната и добрата атмосфера се слушаат до раните утрински часови.

На 10 и 11 јули, Пехчево повторно ќе биде домаќин на традиционалниот Фестивал на дувачки оркестри, манифестација која одамна ги надмина локалните рамки и стана препознатлив музички настан што собира посетители од целата земја и регионот.

Фестивалската приказна започнува во петок, 10 јули, со настапот на Малешевска китка, по што следуваат Кверкус Бенд, Матеј, Бојана Ѓузелова, како и мајсторите на трубата Бојан и Богдан Ристиќ од Србија. Кулминацијата на првата фестивалска вечер е резервирана за еден од најпопуларните изведувачи на балканската сцена – Кеба, кој ќе приреди концерт исполнет со неговите најголеми хитови. А кога ќе помислите дека вечерта е завршена, сцената ќе ја преземат Brass Brothers, кои ќе ја продолжат забавата до зори. Ниту втората фестивалска вечер нема да заостанува зад првата. Во сабота, 11 јули, по богатата детска програма, следува музички маратон што ќе започне со легендарниот состав Бело копче, ќе продолжи со настапот на една од најатрактивните регионални музички ѕвезди Теодора Џехверовиќ, а за финалето ќе се погрижи Ике Де Кока, која ќе ја задржи енергијата на највисоко ниво до доцна во ноќта.

Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево одамна е повеќе од музички настан. Тој е традиција, препознатлив белег на Малешевијата и место каде што се среќаваат генерации љубители на добрата музика, дружењето и позитивната енергија.

Многу музика, врвни концерти, емоции, звукот на трубата, илјадници насмеани посетители и атмосфера што долго се памети – сето тоа повторно ќе го одбележи Пехчево на 10 и 11 јули, кога градот уште еднаш ќе живее и ќе дише во ритамот на фестивалот кој секоја година привлекува сè повеќе публика. Добрата забава е загарантирана, а Малешевијата повторно ќе биде местото каде што летото започнува со најсилниот музички ритам.

Организатор е самата општина а со своите хотелко-угостителски објекти многу помага сосдниот град – Берово. Инаку смотрата се смета за своевидна замена за Фетивалот во Гуча, кој од неодамна престанал да биде регионална смотра а амбициите на домаќинот е да биде замена за овој атрактивен собир на дувачки оркестри. Пехчевчани воедно сакаат да ја подржуваат работата на постојните дувачки оркестри, на кои главна конкурнција е – вештачката интелигенција која често го „заменува“ мајсторството на музичарите со лимени инструменти.

 

Filed Under: Ревија

ДРЖВАТА ИМ „ЖНЕЕ“ КОМИНТЕНТИ НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА „АЛТА БАНКА“
КАКО СЕ ШМИНКА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ
ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС: ВУЧИЌ НЕ Е КОЦКАР И СЕ СТРЕМИ КОН „СЦЕНАРИОТО НА ПУТИН“
ДА ПОЈДЕМЕ ВО ПЕХЧЕВО ВО ЈУЛИ
КОН СРЕБРЕНИЦА

Најново

  • ДРЖВАТА ИМ „ЖНЕЕ“ КОМИНТЕНТИ НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА „АЛТА БАНКА“
  • КАКО СЕ ШМИНКА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ
  • ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС: ВУЧИЌ НЕ Е КОЦКАР И СЕ СТРЕМИ КОН „СЦЕНАРИОТО НА ПУТИН“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet