Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗАМИНА АКТЕРКАТА СО ТАЖНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА

July 22, 2026 Filed Under: Ревија

Таа го освои Оскарот за најдобра споредна улога во филмот „Моето лево стапало“, а дека наградата не ѝ значела многу, покажала кога ја фрлила наградата на дното на базенот во Конемара

ЖЕНАТА СО ГУЛАБИТЕ Епизодата со која влезе во едно од продолженијата на „Сам дома“ е легендарна

Ирската актерка Бренда Фрикер, позната по улогата на жената со гулабите во филмот „Сам дома“, почина на 81-годишна возраст. Ирската актерка беше запаметена како жена со гулаби во парк во Њујорк. Нејзината судбина во филмот допре до многумина, но нејзината приказна во реалниот живот не е поинаква. Имено, кога почнала да ги пишува своите мемоари, открила дека поминувала низ период на тешка депресија.

Во интервју за „Сандеј Индепендент“, таа рекла дека нејзината мајка физички ја малтретирала и најчесто ја удирала во лицето. Додала дека нивната врска била полна со подеми и падови, а во еден момент почнала да се самоповредува. Во една прилика рекла дека најмногу ужива во осаменоста и дека денот ѝ поминува исклучувајќи го мобилниот телефон, затворајќи ги ролетните на прозорците и лежејќи покрај своето куче.

„Би излажала ако кажам дека ќе имам убав и среќен Божиќ бидејќи сум од оние луѓе кои се стари и живеат сами, а овој период може да биде многу мрачен. Го исклучувам телефонот и ги затворам ролетните. Претходно снимам неколку добри програми и имам куче и така го пребродувам овој период“, рекла Бренда во тоа време.

Таа го освои Оскарот за најдобра споредна улога во филмот „Моето лево стапало“, а дека наградата не ѝ значела многу, покажала кога ја фрлила наградата на дното на базенот во Конемара во 1989 година.

А зошто го направила тоа? Била приврзана кон својот покоен сопруг. Бренда зад себе има брак со Бари Дејвис, кој траел од 1979 до 1988 година, а тој починал две години по нивниот развод, што многу ја потресло, пишува Showbuzz.

Дополнително била скршена од фактот што не била на погребот, бидејќи ја снимала серијата „Христовата невеста“ во Австралија и нејзиниот договор не ѝ дозволувал да се врати дома.

Filed Under: Ревија

ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ: ФЕКАЛИИ, СЕПТИЧКИ ЈАМИ И ПЕСТИЦИДИ
АНАЛИЗА: РЕфОРМАТА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ , КОЈ ЌЕ ГО ПЛАТИ „ЦЕХОТ“?
ПОДБИВНАТА ПТИЦА НА КРИЗАТА
ЗАМИНА АКТЕРКАТА СО ТАЖНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА
ШТО ПОКАЖА САМИТОТ НА НАТО ВО АНКАРА: КОМИЧАРИ ВО РИЗИЧЕН ТАНЦ

Најново

  • ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ: ФЕКАЛИИ, СЕПТИЧКИ ЈАМИ И ПЕСТИЦИДИ
  • АНАЛИЗА: РЕфОРМАТА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ , КОЈ ЌЕ ГО ПЛАТИ „ЦЕХОТ“?
  • ПОДБИВНАТА ПТИЦА НА КРИЗАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet