Голем успех за македонската кинематографија на 32. издание на 32-тиот Сараевскиот филмски фестивал – двата македонски филма – „17“ и „Скејтбордингот не е за девојчиња“ освоија пет награди

Филмот на Косара Митиќ „17“ освои дури четири награди, : Специјална награда за промовирање на родова еднаквост, наградата -Cineuropa Prize, УниКредит наградата од публика, и наградата за најдобра актерка – „Срце на Сараево“ за Ева Костиќ.
Специјалната награда за промовирање на родовата еднаковост ја додели жирито во состав :
Нијам Меккормак (актерка, Ирска)
Мајкл Штуц (раководител на секцијата Панорама и ко-директор на филмската програма на Берлиналето, Австрија)
Андреа Штака (режисерка, Швајцарија, Хрватска)
на филмот на Косара Митиќ „17“ кој доби и парична награда од 7.500 евра.
Во образложението на жирито пкрај другото се вели : Овој мајсторски режиран филм не го штити гледачот од непријатност со тоа што го прикажува систематското занемарување и социјалното табу на сексуалната злоупотреба и траумата на младите девојки. Суровата и клаустрофобична кинематографија се фокусира на исклучително самоуверена и разорна главна изведба, а воедно се прикажува и силната врска на женска солидарност -тоа е последната критика на патријархалната токсичност.
Режисерката на филмот Косара Митиќ е родена во 1987 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек филмска и ТВ-режија, во 2013 година, во класата на проф. Столе Попов. Досега режирала неколку кратки филма, меѓу кои „Црвената соба“ (2016), „Роденден“ (2015) и „Намини бар еднаш“ (2013), кои биле прикажани на повеќе од 20 фестивали во светот.
Дина Дума е жената која со својот прв долгометражен филм „Сестри“ станува македонски преставник за Оскар,
Филмската и визуелната уметност ја интересира уште од раните тинејџерски години. Го изучува својот занает на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира филмска и ТВ-режија.
Дума вешто знае да соработува со младите актери и има самодоверба во класичното раскажување на приказната, импресивно за дебитант, па сево ова го прави „Сестри„ особено привлечен филм – велат од Variety
„Сестри“ е првиот долгометражен филм на Дина Дума, а нејзиното дело почнува да се гради по успешните краткометражни филмови: „Без љубов“ (2018) „Тие доаѓаат од центарот на светот“ (2017), „Елена“ (2016), “Враќање„ (2014), „In Absentia“ (2013
Добитници на официјалните награди
Домашен филм
- Најдобар филм: „Секогаш“ – режија на Сандра Валнер
- Најдобар режисер: Ана Урушадзе за грузискиот филм „Споредна улога“
- Најдобра актерка: Ева Костиќ за нејзината улога во филмот „17“
- Најдобар актер:
Адријан Ванчича за филмот „Не припаѓаш тука“
- Најдобар долгометражен документарец:
„Да се држи планина“ – режија на Билјана Туторов и Петар Гломазиќ
- Најдобар краток документарен филм: „Тивка миса“ (Света пркос) – режија на Карла Јелиќ
- Специјална награда од жирито:
„Фериботот тече“ – режија на Зора Папојан
Специјални награди
Промовирање на родовата еднаквост:
Хелена Максиом (за филмот „Не ме прашувај дали сум убила“) и Косара Митиќ (за филмот „17“)
Младински перспективи: „Лизгањето не е за девојки“ – режија Дина Дума
Почесно срце на Сараево:
Награди за извонреден придонес во филмската уметност им беа доделени на актерот Емир Хаџихафизбеговиќ, актерката Емили Вотсон, актерите Диего Луна и Вуди Харелсон, како и на иранскиот режисер Асгард Фархади.
(ЕКРАНОВЦИ)




