Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОЗНАТИ ИМИЊАТА НА ФАВОРИТИТЕ ЗА РОМАН НА ГОДИНАТА

March 11, 2025 Filed Under: Ревија

Три романи се во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“- „Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ од Огнена Никуљски („Антолог“). Конечниот избор е во петок на позната адреса – во „Буква“

ПОСТОЈАН ФАВОРИТ Кица Колбе често е во потсниот избор за ова признание а еднаш и го доби

„Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ од Огнена Никуљски („Антолог“) се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ова го реши жири-комисијата во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата).

Насловот на победничкиот роман ќе биде соопштен на прес-конференција на 14 март (петок) што ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот.

ВО НАЈТЕСНА КОНКУРЕНЦИЈА Романот на професорката Никуљски е еден од трите избрани наслови

На конкурсот за наградата „Роман на годината“ годинава се пријавија 43 романи, а жири-комисијата преку неколку селекции стаса до најтесниот избор. Како една од спецификите на годинашниот конкурс е фактот дека во најтесниот избор влегоа романи напишани од авторки, што е своевиден куриозитет во историјата на наградата.

Наградата „Роман на годината“ за 2024 година, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а е и поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари што го добива авторот, во случајот авторката, на победничкиот роман.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 26-ти пат, а свеченото врачување ќе се одржи кон средината на мај.

Како што објавивме воминатиот број меѓу конкурентите упадливо има доста професори. Најпрвин тука е професорката во пензија Огнена Никуљски (73), професор по шпански јазик и преведувач и ќерка на познатиот пиосател Коле Чашуле. Калина Малеска ( 50) пак е професор на Филолошкиот факултет и е ќерка на  двајца професори – нејзин татко е познатиот дипломат и професор на Правниот – Денко Малески, но мајката Мирјана е исто така универзитетски професор.  Претходната добитничка на наградата „Славнко Јаневски“ Кице Колбе (74), родена Барџиева веќе имаше доста изданија со кои беше во конкуренција во минатото а за „Снегот во Казабланка“ ја доби наградата во 2006 година. И таа беше дел од наставничкиот корпус на Филолошкиот факултет на катедрата за филозофија.

ПРОФЕСОРКИ НА ВРВОТ И авторката Калиа Малеска е дел од авторките професорки на Филолошкиот факултет

Filed Under: Ревија

ФОН ДЕР ЛАЈЕН НЕ НЕ ЗАОБИКОЛУВА, ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО СЕ ПОДАЛЕКУ
УАПСЕНА ЗА ТЕРОРИЗАМ ГРУПА ПРИПАДНИЦИ НА ИСИС
ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА КАКО АХИЛОВА ПЕТА НА ТРАМП ПРЕД ИЗБОРИРТЕ
СОПРУГАТА НА КОЈА НИШТО НЕ И ЗНАЧЕШЕ ПРЕЗИМЕТО ПАПАНДРЕУ
КАРНИ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ

Најново

  • ФОН ДЕР ЛАЈЕН НЕ НЕ ЗАОБИКОЛУВА, ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО СЕ ПОДАЛЕКУ
  • УАПСЕНА ЗА ТЕРОРИЗАМ ГРУПА ПРИПАДНИЦИ НА ИСИС
  • ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА КАКО АХИЛОВА ПЕТА НА ТРАМП ПРЕД ИЗБОРИРТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet