Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПОТСЕТУВАЊЕ: ГРУПАТА „СКРБ“ КАКО РАСАДНИК ЗА МУЗИЧКА РАЗНОВИДНОСТ

July 22, 2026 Filed Under: Ревија

Оваа група била била еден од оние речиси заборавени скопски состави што заслужуваат повторно да се откријат

ЕДНА ПРЕПОЗНАТЛВА ФОРМАЦИЈА Првиот лeво е Матеа последниот Крцко

Во 1973 година, кога според „Екран“ активните поп-состави во Скопје можеле да се избројат на прсти, „Скрб“ веќе привлекувал внимание со необичен звук: акустичен рок со елементи од македонскиот фолклор, виолина, флејта, хармоника, мандолина и сопствени композиции на стихови од познати македонски поети.

Раната поставa ја сочинувале Ѓоко Панајотов, Наталија Спасовска, Владимир Акимовски-Пајо, Борис Матевски-Мате и Љупчо Ристовски-Крцко. Подоцна со составот биле поврзани и Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, Добри Милевски-Допче, Зорица Поп-Панкова, Гордана Акимовска и други музичари и гости.

Зорица Поп Панкова (преземено од коментарите на групава) се сеќава на џем-сешн свирките во таверната „Бристол“ во 1974 и 1975 година: дел од музичарите свиреле долу, дел на малото „балконче“, таа пеела седната на скалите, а младите се собирале во редици, дури и на улицата, за да ја слушаат свирката.

Од кругот на „Скрб“ подоцна се разгрануваат важни музички патишта. Лабиш преминува во „Леб и сол“, потоа го формира Ден за ден, па „Пасквелија“, каде повторно се среќава со Борис Матевски-Мате и Љупчо Ристовски-Крцко. Во 1995 година го оформува и Лабиш трио.

Не се пронајдени официјално објавени снимки на „Скрб“, а не знаеме ни точно до кога дејствувал составот. Но од расфрланите архивски записи, фотографии, сведоштва и подоцнежни музички врски се појавува слика на една важна рана лабораторија на скопскиот акустичен, фолк, прогресивен и експериментален рок.

Во текстот направивме и музичко семејно стебло што ги следи овие премини и повторни средби – од „Скрб“ до „Леб и сол“, Den Za Den, „Пасквелија“ и Labish Trio.

„Скрб“ има име што многу потсетува на името на првата драмска екипа што ја основал Војдан Чернодимски („Скрб и утеха“) според скроното мислеење на уредникот на „Глобус“ кој го презема текстот од Фејсбук, многу проби правеше во 1973 година во рано проработениот Дом на млади „25 мај“, со посебна грижа на тогашниот прв директор. Деновиве Љупчо Ристовски додаде и некои други имиња на активни учесници во работата на оваа група. Тој денес живее во Австралија или поточно одамна е таму и не се бависо музика. Но ефектот од постоењето на оваа група очевино е доказ дека нивната музичка автентичност била расадник на појавата на многу други групи.

(Фотографиите што се сретнуват деновиве на Фејсбук се преземени од Арно.мк, групата „Вчерашни вести“, ВБУ музички регистар и објава на Лајшо Римац за составот „Скрб“)

 

Filed Under: Ревија

ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ: ФЕКАЛИИ, СЕПТИЧКИ ЈАМИ И ПЕСТИЦИДИ
АНАЛИЗА: РЕфОРМАТА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ , КОЈ ЌЕ ГО ПЛАТИ „ЦЕХОТ“?
ПОДБИВНАТА ПТИЦА НА КРИЗАТА
ЗАМИНА АКТЕРКАТА СО ТАЖНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА
ШТО ПОКАЖА САМИТОТ НА НАТО ВО АНКАРА: КОМИЧАРИ ВО РИЗИЧЕН ТАНЦ

Најново

  • ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ: ФЕКАЛИИ, СЕПТИЧКИ ЈАМИ И ПЕСТИЦИДИ
  • АНАЛИЗА: РЕфОРМАТА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ , КОЈ ЌЕ ГО ПЛАТИ „ЦЕХОТ“?
  • ПОДБИВНАТА ПТИЦА НА КРИЗАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet