Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

САНКЦИИ ПРОТИВ АВСТРАЛИСКИОТ КЛУБ „ПРСТОН ЛАЈОНС“ ЗАРАДИ АНТИГРЧКИ ПАРТОЛИ И ИЗВИКУВАЊА

July 30, 2026 Filed Under: Ревија

Две недели играње без публика следат после настан кој е оценет како инцидентен од страна на Фудбалскиот сојуиз на државата Викторија ама следи и полициска истрага, за што кај нас малку се знае!

СИМБОЛИ Класична икомнографија на овој клуб

Од порталот „Каде сте Македончиња“ а преку написот на Андријана Јаневска  дознаваме дека најпознатиот македонски клуб од дијаспората во Австралија, Престон Лајонс, испишал историја во Купот. Имено, клубот за кој се вели дека „со децении гордо го носи македонското име и традиција“ приредил историска сензација, елиминирајќи го актуелниот освојувач на Купот на Австралија и еден од најмоќните клубови во земјата, Њукасл Џетс. Во описот на настанот се кажува дека на почетокот се’ изгледало како рутинска вечер за големиот фаворит. По само дваесетина минути игра, Џетс имале предност од 2:0 и малкумина верувале во поинков конечен исход.

Но, се вели, токму тогаш Престон Лајонс го покажал својот вистински карактер. Наместо да се предаде, тимот одигра второ полувреме исполнето со вера, храброст и непоколеблива борба. Од невозможна мисија, создадоле приказна за паметење и со три погодоци го свртелеа резултатот (3:2), комплетирајќи еден од најголемите пресврти во историјата на Купот на Австралија.

Се констатира дека ова не е само победа и пласман во следната рунда. Ова е триумф што уште еднаш покажал дека „Престон Лајонс не е само фудбалски клуб, туку горд симбол на македонската заедница во Австралија, која со децении ја носи својата традиција, припадност и љубов кон фудбалот далеку од татковината“.

Но, од печатот во Австралија се дознава дека  фудбалката организација на Викторија му наредила на клубот Престон Лајонс да играа во иднина со празен стадион „по недолично однесување на навивачит“. Казната се однесува на два меча од државното првенство . Оценка е дека публикаста која навива за овој клуб „се послужила со навредливи транспаренти и се вклучила во неприфатливо однесување“. Фудбалскиот сојуз на Викторија смета дека биле истакнати „сексистички и провокативни трансларенти“. Управното тело ги осуди сцените како „крајно срамни“, наведувајќи дека фудбалот никогаш не треба да се користи како платформа за омраза, заплашување или клеветење. Од истото тело е потврдено дека е можна понатамошна дисциплинска мерка против клубот и лицата одговорни, бидејќи, истрагите продолжуваат во соработка со полицијата на Викторија.

Престон Лајонс, историски клуб од Мелбурн основан е од заедницата на тогашна ПЈРМ-Австралија, брзо се дистанцира од постапките на вклучените навивачи. Клубските службеници изјавија дека транспарентите биле отстранети кратко откако се појавиле и нагласиле дека таквото однесување не го претставува клубот или огромното мнозинство од неговата навивачка база. Клубот вети дека ќе ги идентификува одговорните и ќе им помогне на властите во нивната истрага. Фудбалскиот сојуз на Викторија признава дека „страсната поддршка е важен дел од спортот, но секое однесување што промовира дискриминација или заплашување нема место во фудбалот и ќе биде одговорено со решителна акција за заштита на играчите, службените лица, навивачите и пошироката заедница“.

Не е тешко да се осознае што е од корист  за „Лавовите“  во настапите на навивачите од македонско етничко потекло а што му штети, би рекле ние.

(Р.Г.)

 

Filed Under: Ревија

РАСПАД НА СИСТЕМОТ А ПРОВЕРКА ВО ВАР-СОБАТА НЕ Е ПОТРЕБНА
ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: СО МИЦКОВСКИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
КOКАИНСКИ ПАРИ ЗА ГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО АЛБАНИЈА
„ДОБРИ ЛУЃЕ“ ВО ТРКА ЗА „СРЦЕТО НА САРАЕВО“
ШТО СЕ КРИВИ ДЕЦАТА – BO ПОСЕТА НА ИРАНСКОТО УЧИЛИШТЕ КАДЕ ЗАГИНАА 120 ДЕЦА

Најново

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ А ПРОВЕРКА ВО ВАР-СОБАТА НЕ Е ПОТРЕБНА
  • ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: СО МИЦКОВСКИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
  • КOКАИНСКИ ПАРИ ЗА ГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО АЛБАНИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet