Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СКОПСКО ЛЕТО: СТАРТ СО ИЗЛОЖБА ВО СЕМЕЈНА КУЌА

July 14, 2026 Filed Under: Ревија

ВО СЕМЕЕН ДОМ Изложбата беше отворена во семеен дом во Тафталиџе

Изложбата „Поместени граници 2026“ во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), традиционално ги обединува современите уметнички практики што ги истражуваат актуелните индивидуални и колективни искуства преку визуелниот израз. Таа ги преиспитува постојните уметнички пристапи и поттикнува нови, нестандардни начини на создавање ликовно дело.

Оваа година кураторка на изложбата „Поместени граници – ДЛУМ“ е Гордана Велков, која создава концепт насочен кон индивидуалните мемории, предлагајќи изложбен простор во резиденцијална семејна куќа на ул. „Атинска“ бр. 2, во скопската населба Тафталиџе.

Концептот „Разбудени сеќавања“ овозможува поместување на границите во ликовниот израз преку евоцирање на личните сеќавања, инспирирани од материјалноста на интимниот простор, различен од етаблираните изложбени простори како галериите и музеите.

„Физичкото присуство на предметите, садовите, како и архитектонските и ентериерните решенија во просторот, претставуваат меморија за едно време и се производ на едно искуство. Тие се поставени, уредени и одржувани од севкупноста на нечии сеќавања“, наведува кураторката Гордана Велков.

Таа истакнува дека создадените сеќавања на уметниците ќе оформат нова материјалност преку која ентериерот на архитектонскиот амбиент ќе се трансформира во суптилен изложбен простор. Во него личните перцепции, емоции и имагинација на авторите ќе се преточат во различни уметнички форми, ликовни техники и стилови, отворајќи можности за истражување и проширување на границите на современиот ликовен израз.

Изложбата ќе се реализира како резиденцијален престој а свеченото отворање се одржа на 30 јуни 2026,

„Задоволство ми беше да работам со дел од вашите уметници, кои покажаа вистински талент, посветеност, дисциплина .

Ние ги поместивме границите и димензиите и ја проширивме ликовната уметност од психолошката внатрешност и културна меморија до структурните релации во општеството и природата. Хармонијата помеќу темата и различните медиуми на делата го поместија субјективизмот на сеќавањата и го интегрира во колективот кој го создадовме низ нашата соработка “ – рече кураторката на отворањето.

АМБИЕНТ Местото на излжбата требаше да се вклопи во концептот на кураторката

Изложбата „Поместени граници“ која е дел од годинешното „Скопско лето“, како што посочуваат од ДЛУМ, традиционално ги обединува современите уметнички практики што ги истражуваат актуелните индивидуални и колективни искуства преку визуелниот израз. Ги преиспитува постојните уметнички пристапи и поттикнува нови, нестандардни начини на создавање ликовно дело

Посетителите можеа да ги видат делата на уметниците: Маја Гечиќ – Белград, Р Србија, Ивана Настески, Зулејха Зибери, Ана В’чкова, Елена Гелева, Нина Богуновиќ, Душан Георгиевски, Енеса Мемети, Давор Кешќец, Вук Митевски и Стефан Анчевски.

– На мое задоволство, бев повикана годинава да бидам кураторка на оваа изложба на која и сите учесници со големо задоволство го развиваа концептот „Разбудени сеќавања“ во рамките на просторот, резиденцијата „Македонида“. Неколкудневен резиденцијален престој во куќата имаше само уметницата од Србија Маја Гечиќ, а нејзиното дело инспирирано од елементите во куќата и просторот, исто така, целосно се вклопи во концептот преку техниката сув и влажен филц со сирова волна извезен на хартија. Останатите уметници ги донесоа своите дела и ги вклучија успешно во амбиентот. За изложбата, која и овој пат ги помести границите, имаше голем интерес и покажа дека Македонија има талентирани уметници, посочи, меѓудругото, кураторката Гордана Велков.

Претседателката на ДЛУМ проф. д-р Јана Манева-Чупоска, пак, истакна дека идејата беше и годинава на авторите да им се понуди еден провокативен, алтернативен простор кој излегува од класичните димензии, галерија, музеј… Концептот, генерално на оваа изложба, е некласичен и посовремен и нуди поалтернативни решенија, простор и инсталации од страна на уметниците.

– ДЛУМ како, организатор на изложбата, ја покани Гордана Велков, која заедно со уметничкиот совет на ДЛУМ и претседателката проф. д-р Маја Рануник-Кирков ги селектираа авторите што ќе бидат учесници на изложбата. Гостинката од Белград Маја Гечиќ беше дел од изложбата на покана на ДЛУМ и таа како единствен автор кој престојувал во куќата „Македонида“ најмногу имаше можност да се инспирира од самиот објект со карактеристична архитектура и мебел од минатиот век. Сите автори имаа сосема нова продукција за изложбата, а им се допадна и куќата и соработката со куракторката која им понуди и предмети за инсталации кои се земени од куќата и адаптирани во ликовен концепт. Соработката даде одличен резултат, а покажа дека и скопската публика е желна за вакви настани, посочи Манева-Чупоска.

Инаку, на изложбата беше присутен и дел од дипломатскиот кор во државата, кинеската амбасадорка Н. Е. Џијанг Сјаојен, шпанскиот амбасадор Н. Е. Рафаел Сориано Ортиз, како и директорот на Францускиот институт, Грегоар Жислер… со можност да се направи соработка со ДЛУМ и со уметниците од нивните земји.

Filed Under: Ревија

МИЦКОВСКИ ВЕЛИ: А СЕГА АДИО!
КРИМИНАЛ: НЕМА ТАКВИ ЗЛОСТОРСТВА ШТО ЌЕ НЕ ОДМИНАТ
ИНФУЗИЈА НАМЕСТО ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ
ПЕЧАТЕЊЕТО НА ПРВИТЕ МАКЕДОНСКИ УЧЕБНИЦИ
УНГАРСКИ МЕДИУМСКИ ЗЕМЈОТРЕС: ИЗВИНЕТЕ ШТО ВЕ ЛАЖЕВМЕ

Најново

  • МИЦКОВСКИ ВЕЛИ: А СЕГА АДИО!
  • КРИМИНАЛ: НЕМА ТАКВИ ЗЛОСТОРСТВА ШТО ЌЕ НЕ ОДМИНАТ
  • ИНФУЗИЈА НАМЕСТО ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet