Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФРАНЦИЈА: УЧЕНИЧКИТЕ ПРОТЕСТИ СТАНУВААТ НАСИЛНИ

October 15, 2026 Filed Under: Свет

Во исто време полицијата тврди дека ситуацијата е „надвор од контрола“. Уапсени се околу 5.000 луѓе, претежно тинејџери

ВОН КОНТРОЛА Полицијата изразува немоќ да го спречи насилството

ДИЈАНА РОШЧИЌ

Ученичко-студнетскотските протести што се прошири низ Франција сега се „надвор од контрола“, изјави шефот на париската полиција Патрис Фор во саботата во отворено писмо објавено на Платформа X.

Фор оцени дека оние што го започнаа протестното движење повеќе немаат контрола врз него и ги повика учениците да ги напуштат блокадите на училиштата и немирите и да се вратат на мирни форми на протест. Тој предупреди дека властите ќе одговорат решително на насилството и вандализмот. Тој, исто така, рече дека родителите имаат одговорност да ги држат своите деца подалеку од влијанието на „професионалните злосторници“ и нивните поддржувачи.

НАСИЛСТВО И АПСЕЊА НА УЛИЦИТЕ За една недела околу 5.000 луѓе, претежно тинејџери, се уапсени низ цела Франција, додека десетици демонстранти и други граѓани се повредени, пишува Дојче веле. Агата Фуко, портпаролка на националната полиција, изјави за радио RTL во саботата дека повеќе од 600 полицајци се повредени.

Нападени се наставници и граѓани, додека материјалната штета се проценува на десетици милиони евра.

Во петокот, повеќе од 730 училишта низ Франција беа погодени од протести и прекини на наставата. Немирите се проширија и на високото образование, при што студентите блокираа околу 30 универзитетски кампуси, вклучувајќи ги Париз, Стразбур, Марсеј и Лион.

Во неколку големи градови, јавниот превоз е привремено суспендиран поради инциденти и безбедносни ризици.

Во Белфорт, група млади луѓе брутално претепаа полицаец. Нападнатиот полицаец ја изгуби свеста и се здоби со повреди на лицето, а надлежното обвинителство започна истрага за обидот за убиство на службено лице.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез го осуди нападот и вети дека сторителите ќе бидат пронајдени.

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ГОВОРИ ЗА „НАСИЛНО МАЛЦИНСТВО“

Министерот за правда Жералд Дарманен оцени за радио RTL дека студентскиот протест се претворил во сериозно кршење на јавниот ред и дека во него учествува „активно и насилно малцинство“, кое честопати не е ни јасно дали воопшто е составено од студенти и ученици.

„Кога автобусите се нападнати и училиштата се палат, тоа веќе не е протест“, рече Дарманен.

Тој објави дека побарал од обвинителите, секогаш кога е можно, да го покренат прашањето за граѓанска одговорност на родителите на малолетници кои предизвикале штета за време на немирите. Според него, наплатата на отштета од родителите е покорисна од затворањето

Министерот за образование, Едуар Зефре, се обрати до јавноста по разговорот во петокот вечерта со претставници на студентите и рече: „Ве слушаме, ви веруваме и ве разбираме“.

Тој вети дека ќе го забрза наоѓањето замени за отсутните наставници, особено за завршните оценки. Жефре нагласи дека е неприфатливо болните професори кои предаваат клучни испитни предмети да не се заменуваат со месеци.

„Сцените на насилство на кои сме сведоци се апсолутно одвратни“, рече Натанаел Комбри од организацијата „Движење за нови средни училишта“ по средбата со министерот за образование Едуар Жефре. Комбри ги повика врсниците да се однесуваат одговорно и апелираше до нив да не се приклучуваат на групи кои им штетат на целите на протестот.

Луј Летублон од организацијата „Средношколци“ рече дека немирите не се предизвикани од средношколци, туку од луѓе кои доаѓаат однадвор.

Сепак, претставниците на учениците веруваат дека ветувањата на министерот не се доволно конкретни и дека не добиле цврсти гаранции за нивно спроведување.

ЖЕСТОКО Нaјмилитантни се оние кои немаат врска со обраЗовниот систем!

ЗОШТО СЕ ПРОТЕСТИРА И ШТО СЕ БАРА? Студентскиот бунт е насочен против долгогодишните недоволни инвестиции во образовниот систем и најавените мерки за штедење на владата на претседателот Емануел Макрон.

Средношколските и студентските организации ги делат своите барања во три клучни области:

  1. Пари и основни услови во училиштата

Напуштање на најавените намалувања и зголемување на буџетот за образование над стапката на инфлација, наместо предложените 1,7 проценти.

Итно доделување пари за поправка на дотраени училишни згради и купување основна опрема, вклучувајќи столчиња и клупи.

Намалување на бројот на ученици во преполни училници. Учениците сакаат горната граница да биде 25 ученици по клас, наместо сегашните 35, а во некои училишта дури и повеќе.

  1. Организација на наставата и недостаток на професори

Законска гаранција дека секој професор кој е на боледување повеќе од две недели ќе биде заменет, особено во завршните одделенија каде што учениците се подготвуваат за матурските испити.

Укинување на практиката според која учениците остануваат во училиштето до 18 часот, а понекогаш дури и до 20 часот.

Крај на часовите најдоцна до 16:30 и 17:00 часот, за да имаат учениците доволно време за учење, домашни задачи и одмор.

„Сцените на насилство на кои сме сведоци се апсолутно одвратни“, изјави Натанаел Комбри од организацијата „Движење за ново средно училиште“ по состанокот со министерот за образование Едуар Жефр. Комбри ги повика врсниците да се однесуваат одговорно и апелираше до нив да не се приклучуваат на групи што им штетат на целите на протестот.

Луј Летублон од организацијата „Средношколци“ рече дека немирите не се предизвикани од средношколци, туку од луѓе што доаѓаат однадвор

(dw – ard)

Filed Under: Свет

КИРЈАС: И БЕЗ ВЕТО, НE СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ
ТРИ ГОДИНИ ПОСЛЕ 7 ОКТОМВРИ: ИЗРАЕЛ СЕ СООЧУВА СО КРИЗА НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
НОВО ЧИТАЊЕ НА ХОМЕР: „ОДИСЕЈА“ КАКО ПОЛИТИЧКИ МИТ
НOБЕЛИТИС: МЕГАЛОМАНИЈАТА НА НЕКОИ ДОБИТНИЦИ НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА
СИТЕН ФОНТ

Најново

  • КИРЈАС: И БЕЗ ВЕТО, НE СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ
  • ТРИ ГОДИНИ ПОСЛЕ 7 ОКТОМВРИ: ИЗРАЕЛ СЕ СООЧУВА СО КРИЗА НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
  • НОВО ЧИТАЊЕ НА ХОМЕР: „ОДИСЕЈА“ КАКО ПОЛИТИЧКИ МИТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet