Малкумина знаат дека многу турски историчари и лингвисти сметаат дека токму Јуруците го зборуваат еден од најавтентичните и најстарите облици на турскиот јазик
ГОРАН АНАСТАСОВСКИ
Во Македонија постои една заедница која повеќе од четири века успеала да го зачува она што денес ретко каде се среќава – својата традиција, носија, јазик, обичаи и начин на живот. Тоа се Јуруците – тивки, скромни и гостопримливи луѓе кои претставуваат вистинско живо богатство на нашата земја.
Во време кога светот сè повеќе личи еден на друг, кога старите обичаи исчезнуваат пред модерниот начин на живот, Јуруците успеале да го зачуваат својот идентитет речиси непроменет. Нивните шарени носии не се само убава облека – тие се дел од една вековна приказна што сè уште живее.
Малкумина знаат дека многу турски историчари и лингвисти сметаат дека токму Јуруците го зборуваат еден од најавтентичните и најстарите облици на турскиот јазик, зачуван низ вековите. Тоа е вистински јазичен времеплов кој сведочи за нивната историја и за силната желба да ги сочуваат своите корени.
Жално е што толку малку знаеме за нивната култура, иако живеат покрај нас. Наместо само да бараме богатства низ светот, понекогаш треба подобро да погледнеме дома. Македонија има богатство што не може да се измери со пари.
(Јуруци — туркиски народ чии припадници живеат претежно во Турција, односно во Анадолија, а со потело се од Огузите. Во време на Отоманското Царство, Јуруците најмногу биле населени во Македонија и Тракија. Денес, делови од оваа етничка група живеат и на Балканскиот Полуостров, а најмногу во Албанија, Македонија и Грција. Зборот „јурук“ значи номад. Јуруците потекнуваат од областа Конија во Турција, објаснува и Глобус.
Во Македонија, Јуруците се населиле во XIV век, за време на освојувањата од страна на Османлиите. Тогаш, Јуруците имале статус на „евлади фатихан“, што значело „деца на освојувачот“, т.е. тие се движеле заедно со османлиската војска. Се населиле во источниот дел на Репбулика Македонија, навјеќе во дојарнско – валандовскиот регион и радовишко – штипскиот регион. Најголем број од Јуруците во Македонија живеат во селата што се наоѓаат на планината Плачковица, како: Коџалија, Прналија, Али Коч и др. Исто така, тие живеат и во селата во близината Дојран, Штип и Струмица. По вероисповед, Јуруците се муслимани, а зборуваат на дијалект на турскиот јазик. За нив е карактеристична живописната носија која ја носат жените, а во која доминираат силни бои, најчесто црвена, сина, зелена и жолта)




