Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АЛЕКСАНДАР НЕ БИЛ ПОРАЗЕН ВО АВГАНИСТАН!

August 27, 2021 Filed Under: Колумни

НИКИЦА КОРУБИН

Александар Македонски воопшто не доживува пораз во денешен Авганистан, а тогашна Бактрија. Да, битките биле тешки, но пораз немало. Напротив, најисточната Александрија, е токму Александрија од Арахозија, денешен Кандахар

Велат Авганистан е гробница на империите. Па, првиот пример е „поразот” на Александар Македонски во Авганистан, за да се овозможи и оправда паралелата на поразите во 20-от век, од модерните „империи”. Но, тоа е историски неточно, а и суштински недоследно. Зошто?

Прво, Александар Македонски воопшто не доживува пораз во денешен Авганистан, а тогашна Бактрија. Да, битките биле тешки, но пораз немало. Напротив, најисточната Александрија, е токму Александрија од Арахозија, денешен Кандахар. И самата етимологија на името Кандахар, впрочем, произлегува од источниот назив на Александар, Искандер. Власта ја задржуваат неговите наследници, а таа западна, хеленистичка култура, трае следните три века. Тоа е историската неточност.

Суштинската недоследност е мотивот за освојувањето на Авганистан. Ако, империите во 20-от век го освојуваат Авганистан, за да ја наметнат својата култура на живот и општество, Александар Македонски е веројатно единствениот историски лик, кој ги прифаќа туѓите култури, вклучително и бактриската. Тоа е феномен на неговото време, а се чини феномен и денес. Првиот космополитизам. Впрочем и една од неговите жени е токму Роксана од Бактрија.

Во делови од Авганистан и Пакистан се’ и кафир калашите, неверните калаши, енигмата на науката веќе неколку века, дали е возможно идентификација на позната историска миграција и зачувување на култура, различна од автохтоната. Ние ќе ја препознаеме, „пакистанската” варијанта со потсмевот на нашиот дилетантизам, како Хунзите на претходната влада.

Токму затоа е битно доброто познавање на историјата. За да ја разбереме сегашноста. И да знаеме што ни се случува. Со надеж дека ќе успееме да создадеме хумана иднина.

Filed Under: Колумни

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТВРДА НА СИРОМАШТИЈАТА!
МИЏКОСКИ УШТЕ НА СТАРТОТ ГО ПОСТАВИ ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ
ОСТАВКАТА НА АЛЕКСАНДAР ВУЧИЌ. СОЛЗИТЕ СЕ ВО РЕД
ЛОШИ ПЕРСПЕКТИВИ: ГЕНЕРАЦИЈАТА Z САКА МИЛЕН ИУМЦИТЕ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ ЗА ДА ИМААТ РАБОТНИ МЕСТА
ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ ОД МЕМОРАНДУМОТ НА САНУ: СРБИЈА НА ПАТ ИЛИ НА ЗАОБИКОЛЕН ПАТ

Најново

  • МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТВРДА НА СИРОМАШТИЈАТА!
  • МИЏКОСКИ УШТЕ НА СТАРТОТ ГО ПОСТАВИ ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ
  • ОСТАВКАТА НА АЛЕКСАНДAР ВУЧИЌ. СОЛЗИТЕ СЕ ВО РЕД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet