Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА „ГИ ПРЕПЛИВУВААТ“ ОКЕАНИТЕ

November 18, 2026 Filed Under: Македонија

Тоа што тв репортажи за тоа како огромни стада на крави се штаат крај Крива Река не ја загрижува власта. Таа се води од фактот дека градоначалникот на Крива Палана не е од нивната партија и ако можат проблемите ќе му ги намножуваат до бесконечност

НА УЛИЦИТЕ НА ПАЛАНКА Тука може да помогне само државата и… Армијата

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Ако пред некое време некој би ве прашал дали светските  медиуми би се заинтерсирате да им исратите репортажа за тоа како еден убав, питом град како Крива Паланка е освоен подолго време од тревопасни животни, никој не би се заинтересирал. Ама сепак, сликаниот материјал може да има шмек на вестерн стории – оние кога кравите од Тексас каубојците ќе ги дотераат до кланиците во Чикаго. Ама тука кланици нема, а ако некоја од кравите ја мине блиската граница со Бугарија може како запленета да заврши во кланица во Ќустендил (се озвонуаме за нивото), бидејќи немаме пари за да се направи враќање назад. Ниту би се знаело кој треба да плати за штетата, ниту кому би се вратиле заталканите говеда?!  И треба да се олиме бидеј

И како што изјави еден бугарски ветеринар ако се установи дека некоја од четириножните туристки е заразена со некоја болест е дури тогаш ќе имаме меѓудржавен спор со нсогледливи последици

Е сепак кравите од Крива Паланка станаа топ тема и во светските медиуми. Новинската агенција Асошиејтед прес објави видео сторија од Крива Паланка за крави кои шетаат слободно низ градот и предизвикуваат хаос.

Во веста се вели дека локалното население во градот се бори со стадо говеда кое се зголемило на повеќе од илјада животни, уништувајќи имот и загрозувајќи го нивниот живот. Како главен виновник за ситуацијата, локалните жители го истакнуваат бирократскиот лавиринт во земјата, поради тоа што не ја спроведе наредбата на Агенцијата за храна и ветеринарство од 2024 година за одземање на стадото од нивните тројца сопственици. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата да се воведе 30-дневна вонредна состојба во општината за да се реши проблемот со кравите.

Додека паланечките крави мукаат по улиците, државата блее! – е констатација сите новинарски екипи кои дошле во овој,инаку еден од поубавите по средени градски населби.

БЕЗ ГРИЖИ Средба пред изборите на Мицкоски и Воплканов во Паланка – угаринот вели: ти мене тргна ми ја грижата за екологојата а јас тебе ти давам помош за освојувањето на власта

Практично и после три години и наводното „конечно решение за четириножните битија“ има хаос. Или како се вели АП – бирократски лавиринт. Решението може да биде – или сите крави да завршат во наши кланици на сметка и во корист на државната каса или да се дадат на некаква експресна продажба и тие да завршат во некое уредно водено стадо низ земјава. Трето решение не се гледа. Постои додуша  како секојдневие а тоа се да остане по старо и да му се прават главоболки на градоначалникот. Обично оние кои не се од истиот табор на ВМРО ДПМНЕ. Ова е тешко да се има се долови на надворешните опсервери.

На пример дека во изборниот пресврт во 2024 година на Мицкоски многу му помогна бугарскиот бизнисмен од сомнително качество (и за неговите наблудувачи во земјата чиј државјанин е)  – Николај Волканов. Тој управува преку компанијата концесионер Булмак 2016 од Пробиштип а е дел од опасната компанија со мафиошко минато – Мултигруп, која беше поврзуван и со атентатот врз претседателот Глигоров, за оние кои не знаат. Во средината на мај 2024 година, пред изборите Мицковски не држеше топлку до неговиот антибугарски вокабулар  а деталите сње решаваа онаму каде денес е шетаат кравите.

Реваншот на Мицкоски за финансиската и друг вид на помош (медиумски, веројатно) за тогаш скорешните парламентарни избори  дојде веќе на 14 март 2025 година, кога дојде до хаварија и пукнување на цевка во рудникот за олово и цинк „Тораница“ (со кој стопанисува компанијата „Булмак 2016“), при што во Тораничка Река и Крива Река се излеаја загадени и технолошки води. Глетката беше ужасна, ефектите врз околината па и животот на граѓаните од тој регион застрашувачка ама за Митилинос, пардон – Булмак немаше бидејќи Мицкоски цврсо ги држеше конците во ситеможни институции.

Јасно, со такво портфолио кандидатот на ВМРО ДПМНЕ не мина на локалните избори есента таа година а актуелниот лордмер Сашо Митовски просто го збриша противкандидатот  и доби втор кандат. Дали е сега појасно зошто државата објективно не сдака да им најде чаре на 600-те крави што слободно шетаа низ Кривопаланечко,?! Тие сега се расштрканио стадо кое ја надминува бројката над 1.000 грла. Ситуацијата станува толку алармантна поради што се бара прогласување кризна состојба и ангажирање на Армијата.

– Со текот на времето, ситуацијата со кравите како да стана нормална, а воопшто не е, и изјави Митовски, градоначалник на Крива Паланка на новинарката од „Фокус“ за последниот број.  Тој појаснува дека бројот на кравите е зголемен, бидејќи тие слободно се размножувале, па проценките се дека има над 200 нови. Митовски за „Фокус“ посочува дека се чувствува немоќен сам да го реши проблемот, а поради надлежностите што ги има државата, бара поактивно и итно да се вклучат сите надлежни државни институции. Штом се бара помош и од војската, не е тешко да се заклучи дека ситуацијата е алармантна. Можеби не станува збор за воена состојба, но нешто налик тоа, бидејќи граѓаните, оставени со голи раце, се немоќни самите да се справат со тешката говедска артилерија. Општинскиот кризен штаб, на последната седница алармираше дека околу 1.000 грла крупен добиток неконтролирано се движат низ општината, предизвикувајќи штети на земјоделските насади, приватниот и општинскиот имот и создаваат ризици за безбедноста на граѓаните и сообраќајот. Затоа утврдија неколку барања, препораки и рокови за координирано постапување на надлежните институции.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство побараа извештај за извршувањето на правосилните и извршни решенија за одземање на животните, односно да одговорат колку досега животни се одземени. Исто така, од АХВ бараат да достават оперативен план по денови, со определени теренски екипи, локации, потребна опрема, транспортни возила и капацитети за сместување.

Filed Under: Македонија

КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА „ГИ ПРЕПЛИВУВААТ“ ОКЕАНИТЕ
ЗЕМЈАВА Е НА ДНОТО НА ЕВРОПСКАТА ЛИСТА ЗА БДП ПО ЖИТЕЛ
РАДИЌ: ВО НОЌТА НА ИЗБОРИТЕ СЕ ПОДГОТВУВАШЕ ДРЖАВЕН УДАР
ГОЛЕМИ И МАЛИ: ГУЛИВЕРОВАТА ОПОМЕНА
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (203): СЕ КОРИСТИ „ТОПОВСКО МЕСО“ ОД 100 ЗЕМЈИ!

Најново

  • КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА „ГИ ПРЕПЛИВУВААТ“ ОКЕАНИТЕ
  • ЗЕМЈАВА Е НА ДНОТО НА ЕВРОПСКАТА ЛИСТА ЗА БДП ПО ЖИТЕЛ
  • РАДИЌ: ВО НОЌТА НА ИЗБОРИТЕ СЕ ПОДГОТВУВАШЕ ДРЖАВЕН УДАР

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet