Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА: ГOЛЕМИ АМБИЦИИ „СПАСКУВАН И“ БО НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА

November 12, 2024 Filed Under: Македонија

Предлагачите предвидуваат вработувања на странци, раст од 4%, праведни даноци

НЕФОРМАЛЕН СЕКТОР Учеството на неформално вработените во вкупниот број на вработени да се намали на 8% – дел од Старата чашрија

АНЕТА ДОДЕВСКА

Задолжителна пракса во средното и високото образование. Легализација на вработувања на имигранти. Преку помени во образованието до квалификувана работна сила и намалување на невработеноста, пишува Порталб.мк. Економски раст од 4% , странски инвестиции во иновации и за зелена транзиција. Новата усвоена Национална Развојна Стратегија 2024-2044 постави високи „таргети“  кои треба да бидат цел на секоја владејачка гарнитура без разлика кој партиски „дрес“ го носи.

ЕКОНОМСКИ ТАРГЕТИ Одржлив раст од 4% кој ќе го испорача економијата врз основа на нов модел – раст на продуктивноста, иновативноста, дигитализацијата и како резултат на “зелената транзиција“. За да се постигне овој таргет капиталните расходи, просечно, на годишно ниво треба да изнесуваат 4,9% од БДП, странските директни инвестиции 3,7% а инвестициите на целиот приватен сектор околу 28% од БДП.

Овие амбициозни економски резултати треба да се испорачаат до 2028 та. Тие се дел од новоусвоената Национална развојна стратегија 2024 – 2044 година која доби „виза“ од Собранието а на чие изготвување работеше и претходната Власт. Новиот документ ги поставува стратешките цели кон кои треба да се движи секоја Власт без разлика на партискиот „дрес“.

Во однос на економијата се поставуваат бројни цели – една од нив и легализација на вработувања на доселеници ( странци, имигранти) од трети земји, како мерка со која ќе се амортизира дефицитот на работна сила во земјава.

„Ефективно управување и искористување на потенцијалот на надворешните миграции и обезбедување на регулирана интеграција на пазарот на труд “ – се наведува во НРС и ова треба да се спроведе до 2028 та година а ефектот од оваа мерка треба да биде раст на вработеноста во државава до над 53%.

ПРАВНА СИГУРНОСТ И ПРАВЕДНО ОДАНОЧУВАЊЕ „Подобрување на клучните сегменти на бизнис климата, спречување на корупцијата, неформалната економија и нелојалната конкуренција, фер регулација на бизнисите, праведен даночен систем, добро структурирана политика на привлекување на СДИ итн“ – се посочува во стратегијата и ова исто така треба да се постигне и испорача до 2028 та.

Државата ќе се насочи кон привлекување на странските “иновативни“ и „зелени“  инвестиции а домашните ќе добија поддршка за да ја зголемат конкуренцијата.

„Поголемо учество на кредити за поддршка на зелениот раст и дигитализацијата, поголема употреба на европските фондови“ – се наведува во планот за спроведување на Стратегијата.

ОБРАЗОВНИ ТАРГЕТИ Дефицитот од квалификувана работна сила, поради одлив на кадар во странство но и поради сегашниот концепт на образование, е еден од проблемите на кои ќе се бара решение – токму преку образованието.

Се предвидува законска регулатива за задолжителна практична настава не само во средното, туку и во високото образование со директна вклученост на приватниот сектор.

„Поголема застапеност и подобар квалитет на практиката, вклучување на бизнис-секторот во изготвувањето на наставните програми, поттикнувачки мерки за фирмите кои организираат практична настава и соодветни надоместоци за практикантите.. Подобар квалитет на задолжителната практика на факултетите“ – се наведува во Стратегијата.

Со промените во образованието и на пазарот на труд се очекува да се постигнат повеќе цели :

-стапката на невработеност на младите од 15 до 29 години да се спушти под 30%

-стапката на невработеност да изнесува 10% од работната сила

-учеството на неформално вработените во вкупниот број на вработени да се намали на 8%

Еден од тагетите е и рамномерниот регионален развој. До 2028 та просечно , средствата по овој основ треба да изнесуваат 1% од БДП а степенот на фискална децентрализација треба да изнесува 5% од БДП

 

Filed Under: Македонија

ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“
„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (178): ВO ИДНИНА НЕМА ДА ИМА ПРЕКРАСНА РУСИЈА

Најново

  • ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
  • МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
  • КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet