Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АТАНАСОВ: СОЗДАВАМЕ ФУНКЦИОНАЛНО НЕПИСМЕНИ ГНЕРАЦИИ

May 26, 2026 Filed Under: Македонија

А јазот во јазот во знаењето допрва ќе се продлабочува, покажа анализа за ефектите на основното образование кај нас – објаснува овој професор во емисијата „Трилинг“ на новинарот Горазд Чомовски

ПРИЧИНА Најголем удел во слабото образоване лежи во училиштето – смета професор Атанасов

„Просечниот производ или она што излегува како резултат од повеќе нивоа, особено во пониските нивоа, се должи на еден подолг негативен тренд кој трае подолго време. Анализите се многубројни, но отприлика знаеме што се случува. Истражувањето кое ние го направивме, а веќе во јавноста е промовирано, зборува за уште едно ниво на можеби алармираност за квалитетот на основното образование, а тоа е што во основното образование, според сите стандарди, не треба да има толку големи нивоа и разлики помеѓу училиштата, општините, каде одите во училиште, во кој град учите, но ова истражување покажа две негативни страни на основното образование, особено она што го испитувавме во четврто и осмо одделение“ – вели проф. Атанасов.

– Постојат големи разлики во резултатот што го прават учениците, дури и во урбаните средини и особено оној податок што излезе од излезе од истражувањето што ние го направивме минатата година, постои голема разлика во квалитет помеѓу учениците од четврто и од осмо одделение. Тоа значи дека кога овие ученици од четврто одделение ќе стигнат во осмо одделение, ќе бидат уште послаби од оние ученици што се денес осмо одделение. Значи тој надолен тренд, тој гап или тој јаз и понатаму ќе се продлабочува. Ова го покажа и ова истражување, но и сите други истражувања не бегаат од таа тема, особено они порелевантните, меѓународните тестирања кои се прецизни, кои точно одредуваат дека ние имаме слаб систем на образование, кој прави просечен производ – продолжи професоерот во оваа емисија.

И онаа реченица која што остана од пред неколку години од анализите на ОЕЦД после една ПИСА тестирање, дека во голем број, процент, нашите ученици се функционално неписмени“, изјави во „Трилинг“, проф. д-р Петар Атанасов говорејќи за алармантните податоци за неписменост кај младите.

Прашан зошто ја губиме битката со квалитетното образование, Атанасов вели дека „ако зборуваме за ова ниво на образование, после овие два-три месеци анализа на ова што го добивме, а добивме голем број на тестови – 1288 примерок на ученици од четврто и осмо одделение, мое длабоко убедување е, гледајќи ги многу пати овие бројки, споредувајќи ги, дека квалитетот во образованието, барем во основното училиште или одговорноста за паѓање на квалитетот во основното училиште се наоѓа во училиштето“.

„Од десетина училишта кои ни беа примерок во истражувањето, едно училиште добро помина. Не најдобро, не највисоки резултати, сѐ уште тоа е просечно, но едно училиште, во една скопска урбана општина направи добар резултат. Што значи дека во тоа училиште некој добро си ја работи својата работа. Напротив, во некои училишта од истата или друга општина, се покажува дека во тие училишта, во тие микро средини, во тој микро контекст, некој не си ја работи добро својата работа. Тоа е значи сложено прашање, сложен процес каде што некаде може да се постигне квалитет или некој се труди, а напротив, во некои училишта тој квалитет не се достигнува“, вели Атанасов.

Filed Under: Македонија

ГЛАСНО ГО КАЖАА ОНА ЗА ШТО СЕ ШЕПКАШЕ: ПОРАКИТЕ НА ВАШИНГТОН НА ЗАПАДНИОПТ БАЛКАН
ШПИОНСКА АФЕРА: ДOДЕКА СЕ ШПИОНИРА НАТО, ВЛАСТА НА МИЦКОСКИ КРЕИРА ПОЛИТИКИ ПО ТЕРК НА МОСКВА
ФИЖУЛИЌ: ИНА ГИ КОРИСТИ ГРЕШКИТЕ НА ТРАМП
ИНТЕРВЈУ СО ГАБРИЕЛА ПЕТРУШЕВСКА: ДОБРИОТ ТЕАТАР МОЖЕ ДА БИДЕ БЕЗВРЕМЕНСКИ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (180) БОГАТЕЊЕ ОД „ОЖИВУВАЊЕТО“ НА ЗАГИНАТИТЕ ВОЈНИЦИ НА ФРОНТОТ!

Најново

  • ГЛАСНО ГО КАЖАА ОНА ЗА ШТО СЕ ШЕПКАШЕ: ПОРАКИТЕ НА ВАШИНГТОН НА ЗАПАДНИОПТ БАЛКАН
  • ШПИОНСКА АФЕРА: ДOДЕКА СЕ ШПИОНИРА НАТО, ВЛАСТА НА МИЦКОСКИ КРЕИРА ПОЛИТИКИ ПО ТЕРК НА МОСКВА
  • ФИЖУЛИЌ: ИНА ГИ КОРИСТИ ГРЕШКИТЕ НА ТРАМП

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet