Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВЛАСТА ВО СРБИЈА MEЃУ РОКОТ ЗА КОНСТИТУИРАЊЕ И МЕХАНИЗМИТЕ ЗА ОДОЛГОВЛЕКУВАЊЕ НА СНС

October 29, 2026 Filed Under: Фељтон

Постои спонтаност како стратегија и спонтаност како одраз на повеќегодишно и тешко робување на еден режим во сите сфери на општеството и таа не може лесно да се контролира. Вучиќ секако ќе настојува да го одржува монополот барем во јавното информирање како свој силен механизам за влијание: конечно тој има над 100 пратеници! А спонтаноста на избирачите кои победија на изборите не може да се задржи само со песните и орото: тие граѓани се нестрпливи за промените да дојдат. Случајот со „Информер“ е само прва епизода во серијалот што ќе следи

УПАД ВО ИНФОРМЕР Сопственикот ги спроведува уптствата на својот „хазјаин“ а народот смета дека треба да потсети кој победил на изборите

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Неделното признание на поразот од страна на автократот Вучиќ секако беше изненадување. Бидејќи тоа уследи после атмосферата која завладеала во главниот град на нашиот северен сосед после 15 часот – имало тогаш влез во центарот на градот на специјални полициски сили, биле чистење на улиците, уличното светло не е запалено после мракот кој бргу паднал па дури и не се гледало што тоа прават униформираните и како се распоредуваат. Индикативна била и забраната за влез на неомилените за режимот новинари од двете единствени редакции кои се обидуваа а со последни сили и на своја сметка да известуваат професионално и кои посакаа да имаат премин барем до зградата каде се наоѓа републичката изборна комисија, најбитна институција во тој миг. Впрочем, само од јавувањата на новинарите на овие две телевизии  можеше да се почувствува таа силна тензија што мирисаше на некаква потенцијална граѓанска војна во тие часови. Подоцна се дозна дека во Пионерскиот парк се вратиле старите криминалци и тоа со оружје како постојани и верни преторијанци на власта, која се уште не капитулира. Дали тоа концентрирање било случајно?

Штабот на првиот на листата на СНС – Вучиќ, по некои пост фестум сознанија некаде околу 17 часот дефинитивно ги направил анализите дека изборите ги изгубил катастрофално и размислувал која опција му претстои. Половина милион  гласови не се малку. Видовме дека шефот на СНС се одлучил за нешто би значело – признавање на изборниот пораз. Изјавата дојде некаде после 21 часот, еден час после затворањето на избирачките места. Тогаш специјалните сили започнаа со повлекување а оние „ќаците“ веднаш побегнале, останувајќи наводно и дел од нивното оружје. Но тоа однесување во мигот беше тестирано во најголем дел од јавноста и како мирно предавање на власта на победниците по слободното изјаснување на граѓаните. Дали е така и до кога тоа уверување ќе владее? Демантот стигна многу бргу.

На прославата на славата на партијата, веројатно Света Петка (!) Вучиќ изјавил дека неговата партија „ќе се самоорганизира“ заради нападите врз (неговите) медиуми односно дека ќе преземе мерки! Најава за дополнително заострување на атмосферата во општеството е дел од обидите да си ја одржи својата позиција барем во партијата, во моменти кога таа природно се топи пред сликите на несопирливото и повеќедневно истурање на емоции и танцувачки вештини по улиците и плоштадите.

За време на емитување на емисијата на Оља Бечковиќ „Вппечаток на неделата“ на N1 во понеделникот беше пуштена целата должина на изјавата на Вучиќ при признавање на поразот и излезе дека истата не го содржи само она што го пренесоа сите медиуми во светот. Имало и нешто подолга реплика. Следувала во неа цела низа на напади врз телевизиите N1 и Нова, некаква додатна „анатема“, со што практично тој ја продолжи војната со овие две редакции. Тоа е давање на пас за оние однесувања што веројатно треба да се случуваат во деновите кои доаѓаат а што ќе значат несопирање на топовската канонада која неговите медиуми ќе ја насочуваат кон новите победници. Екс-претседателот ќе молчи а тие, медиумите и институциите со негови кадри ќе се однесуваат како се’ да е по старо, како да не гледаат од прозорецот што се случува на улиците. Нападот на Информер од дузина граѓани дошол по низата највалкани ораторски напади врз студентите а како новина и против довчерашниот сојузник на Вучиќ – Дачиќ (!) токму тоа понеделничко попладне. Тоа се случило пред да се дојде до спонтаниот упад на народот во таа, да ја наречеме така – телевизија од најдолен вид.  Провокација имало а таа е дел од вокабуларот на уредникот Вучиќевиќ кој е повеќе од добро информиран што му треба на неговиот „мастер“ во секој миг од денот.

Во српската јавност постојано се споменуваат почитување на Устав и закон. Добро, само што тоа е сега новина – треба народот да се научи на тоа после 14 и кусур години и месеци. А тоа значи дека лесно може да се предизвика криза во српското општество. И тоа по Устав и закон. На пример не се распишани претседателски избори а мандатот на в.д на таа функција Брнабиќ и истекува на 28 декември а до тогаш тие избори треба да се завршени и тоа успешно. Собранието треба да се конституира 30 дена после изборите а ние се уште имаме доста непрегледан изборен материјал. Можни се и жалби и поплаки  па нема да има конечно прогласување на тој процес за завршен, за да се пристапи кон отворање на вратите на Собранието. Потоа доаѓа формирањето на Владата за што треба исто така време. Да не заборавиме  – ако за 90 дена власта не се формира следуваат нови избори!

Оние коментатори кои работеле во државната управа велат дека е тешко да се замисли дека се до крајот на февруари може да се

очекува дека новата власт ќе има контрола врз евентуалното изнесување на документите од установите и празнењето на финансиите што веројатно веќе се случува. Новата власт лесно може да се соочи со отсуство на важни елементи за нормално функционирање.

Во меѓувреме студентското движење ќе ги губи оние малку медиуми со кои располага – тие се во приватни раце односно во само една компанија која е формирана во Португалија со парите на Орбан! Ова го потврдија и истражувањето на португалските новинари. Во вторникот глвната уредничка на неделникот „Радар“ кажа дека тие немаат пари за плати и хонорари и дека сите ќе продолжат да работат и без примања. До кога тоа може да трае? Ова секако како проблем го има и во двете тв студија, како и во весникот „Данас“. Ако има и реклами (а има) тие заминуваат кај нивните газди што значи тие од тоа немаат големо вајде.

Зошто е ова важно? За да се свати дека широкото народно движење кое колоквијално е само студентско глвно ќе треба да се потвпира како и до сега на социјалните мрежи, кои доликуваа на некој кој делува „герилски“ ама сега, кога се конституира власта тоа не е доволно, па дури – недолично. Какоилустрација дека нешто сепак се движи е пресвртот во ТВ Војводина, државен сервис каде новинарите одвнатре ги преземаат работите како и обидите тоа да се стори во РТС.

Се чини ова не значи дека вистинските царства на приватните медиуми, како она на Пинк, остануваат како предизвик за јавноста, особено кога ќе престанат песните и ората.

Filed Under: Фељтон

МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ МОДЕЛ: НУЛА ЕВРА ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА СТРУЈА
ЖЕРНОВСКИ: ТРИДНЕВНА ВНАТРЕПАРТИСКА ЖАЛОСТ ВО ВМРО ДПМНЕ
ЈOТОВА НАСПРОТИ ЃУРОВ: КАКО СЕ СТОПИ ЈАЗОТ И ШТО СЛЕДИ?
МАРТИНОВСКИ ДОБРО ПОМИНА НА ЛИКОВНАТА „БЕРЗА“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (200): КОГА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕРУВА ВО БЕСМРТНОСТ?!

Најново

  • МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ МОДЕЛ: НУЛА ЕВРА ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА СТРУЈА
  • ЖЕРНОВСКИ: ТРИДНЕВНА ВНАТРЕПАРТИСКА ЖАЛОСТ ВО ВМРО ДПМНЕ
  • ЈOТОВА НАСПРОТИ ЃУРОВ: КАКО СЕ СТОПИ ЈАЗОТ И ШТО СЛЕДИ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet