Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВЛЕН – ДУИ: КОЈ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НЕИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- БЛАЦЕ?

August 31, 2026 Filed Under: Македонија

Пред пет години оваа делница беше завршена 48 отсто ()!) и чинел безмалку половина од сега наведената сума. Споредуваме две информации – од тогаш и неодамнешната

АВТОПАТОТ ЗА БЛАЦЕ Илустрација од пред пет години

Со поставување камен-темелник денеска официјално почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје–Блаце, во должина од 10,5 километри, а почетокот на работите веднаш отвори нова политичка пресметка меѓу ВЛЕН и ДУИ околу тоа чиј е проектот, колку чини и зошто неговата реализација се одолговлекувала. Според објавените податоци, изведувач е „Гранит“ АД Скопје, рокот за изградба е четири години, а вредноста на актуелниот договор е околу 222 милиони евра.

Од ВЛЕН соопштија дека денеска „и официјално“ почнува изградбата на една од најзначајните инфраструктурни врски меѓу Северна Македонија и Косово, оценувајќи дека повеќе од една деценија автопатот бил повеќе политичко ветување отколку реален проект.

„Повеќе од една деценија, овој автопат беше повеќе политичко ветување отколку конкретна реалност. Редовно служеше како изборен аргумент, неколкупати беше ‘пресечена лентата’ за почеток на работите, многупати беше предвидуван во државниот буџет, но на крајот сè завршуваше во ќорсокак“, наведуваат од ВЛЕН.

Од коалицијата велат дека почетокот на работите отвора реална перспектива за завршување на патот и нагласуваат дека автопатот треба да овозможи подобро економско поврзување, побрз транспорт и поголема комуникација меѓу двете земји.

Од Јавното претпријатие за државни патишта соопштија дека делницата ќе има пет тунели, осум мостови, 11 потпатници, четири галерии и девет потпорни ѕидови. Таа ќе се спои со веќе изградените 1,5 километар автопат во близина на граничниот премин Блаце.

ДУИ, пак, реагираше дека актуелната власт само продолжува проект што бил подготвен и тендериран во времето на претходната влада.

Од партијата тврдат дека проектот бил завршен на 2 мај 2023 година и дека тогашната проценета вредност изнесувала околу 183 милиони евра. Според ДУИ, трасата и проектното решение не се изменети, а денешната цена, според нивната пресметка, е околу 210 милиони евра.

„Проектот што го критикуваа не е сменет ниту за 0,1 отсто. Трасата е иста, проектот е ист, автопатот е ист“, наведуваат од ДУИ, обвинувајќи дека изградбата е одложена за две години и дека сега ќе чини околу 30 милиони евра повеќе.

ДУИ бара од ВЛЕН да објасни зошто, како што тврдат, готов проект бил блокиран и што е причината за зголемувањето на трошоците.

Како илустрација за оваа кавга меѓу две политички партии на оваа тема да реобјавиме една наша вест од 25 ноември 2021 година. Тогаш министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Благој Бочварски, соопшти дека градежните работи на првата фаза од делницата на автопатот Скопје-Блаце се завршени со 48%. Инвестицијата изнесува 14,2 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од Vlada.mk.

Во тој момент изведувачите на проектот работат на изградба на ископи и канали, поставување на бетон и асфалт. Планираниот модерен автопат мора да ги исполнува сите меѓународни стандарди, гарантирајќи безбеден сообраќај на возилата. Објектот се очекува да даде посебен придонес за подобрување на економските врски на Северна Македонија со Косово и зајакнување на нивната билатерална соработка – беше речено.

Оваа делница од македонскиот автопат е исто така дел од Рутата 6 на целата мрежа на SEETO, со што станува важна врска за проширувањето на европските сообраќајни мрежи до Западен Балкан. Градежните работи се очекува да завршат до средината на 2022 година…

 

 

Filed Under: Македонија

ФУШЕРИ ЗА ЕКОНОМИЈА
ВЛЕН – ДУИ: КОЈ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НЕИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- БЛАЦЕ?
ИЗРАЕЛ НЕ ВОВЛЕЧЕ ВО ВОЈНАТА: АЛАРМ ОД ПРЕД ШЕТ МЕСЕЦИ
НA САРАЕВО ФИЛМ ФЕСТ: ДВА ФИЛМА – ПЕТ НАГРАДИ
ЦЕНАТА НА ВОЈНАТА ПОЧНА ДА СЕ ФОРМИРА ПРЕД ОЧИТЕ НА НАЦИЈАТА!

Најново

  • ФУШЕРИ ЗА ЕКОНОМИЈА
  • ВЛЕН – ДУИ: КОЈ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НЕИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- БЛАЦЕ?
  • ИЗРАЕЛ НЕ ВОВЛЕЧЕ ВО ВОЈНАТА: АЛАРМ ОД ПРЕД ШЕТ МЕСЕЦИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet