Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВО СПОМЕН НА ЗАГИНАТИТЕ ВО БИТКАТА НА СУТЈЕСКА

May 26, 2026 Filed Under: Фељтон

Сразмерот 6:1 бил соодносот во битката која раела еден месец. Покрај тоа на страната на партизаните биле и 3.000 ранети или болни како и Домот за сирачиња со 200 деца без родители

ИСЦРПЕНИ, ГЛАДНИ И ХРАБРИ Ова е слика за состојбата во која биле партизаните пред Петтата непријателска офанзива

Битка на Сутјеска или операцијата  „Шварц“ (германски: Fall Schwarz) била дел од нападот од страна на Оската, што имал за цел да ги уништи партизаните. По напорните борби во Битката на Неретва главнината на НОВЈ и Врховниот штаб со Тито се пробиле кон Црна Гора, каде во просторот помеѓу реките Пива, Тара и Сутјеска создадале нова слободна територија. На оваа територија борците требало да се одморат, а на ранетите и болните од тифус да им се овозможи лекување и негување. Меѓутоа, непријателите не ги оставиле партизаните да се одморат и да се средат за нови борби. Тие многу брзо и во најголема тајност подготвиле нова офанзива. Собрале одморени воени сили и почнале да ја опколуваат територијата на која се наоѓале главнината на НОВЈ и Врховниот штаб. Покрај германска донеле италијанска, усташка и нугарска војска, а исто така и четници на Дража Михајловиќ. Додека непријателската воена сила изнесувала околу 127.000 војници најсовремено вооружени со топови, тенкови и авиони, дотогаш НОВЈ на овој сектор имал околу 20.000 борци со околу 3.000 ранети и болни.

Окупаторите и домашните предавници, по големи подготовки, во мај 1943 година презеле нов напад против НОВЈ, познат како Петтата непријателска офанзива. Нивната пешадија и тенкови од сите страни го стегале обрачот, а топови и авиони постојано го бомбардирале опколениот простор. Ситуацијата во која се нашла опколената главнина на НОВЈ била толку критична што членовите на англиската воена мисија при Врховниот штаб предлагале партизаните да се предадат. Но, ниту на Врховниот штаб, ниту пак борците не мислеле да се предадат. Затоа Тито дал наредба непријателскиот обрач да се пробие во правец кон Источна Босна. Исцрпените партизански борци без доволно храна и муниција, но безгранично храбри, во почетокот на јуни тргнале во пробив на обрачот на понадмоќниот непријател. За време на пробивот најжестоки и решавачки борби се воделе при преминот на реката Сутјеска кај Тјентиште. Борците јуришале во бој – гради во гради и притоа покажувале невиден хероизам. Затоа и загубите на двете страни биле големи. Во текот на борбите од бомбите на авионите на Оската бил ранет и врховниот командант Тито. И покрај тоа што војската на Оската била помногубројна и понадмоќна, единицте на НОВЈ успеале да ја разбијат и да си пробијат пат.

ПОСЛЕ ПРОБОЈОТ Во битките загинала една третина од партизаните

Во борбите при преминувањето на Сутјеска загинале многу борци, а меѓу нив бил и Сава Ковачевиќ, славен командант на Третата пролетерска дивизија. И покрај загубите НОВЈ ја издржа и оваа најтешка и најкрвава офанзива во ослободителната војна. Така, и овој план на Оската и домашните предавници да ја уништи главнината на НОВЈ и Врховниот штаб не успеал. Со победата во решителната битка на Сутејска југословенските партизани запишале уште една херојска страница во историјата на Народноослободителната војна.

И во други пибликации стои дека наспроти 127.000 фашистички војници, била партизанската Главна оперативна група, која броела помеѓу 18.000 и 22.000 мажи и жени борци и околу 3.000 ранети и болни. Со нив биле и членови на АВНОЈ, актери на Народноослободителниот театар, Владимир Назор, Иван Горан Ковачиќ, како Домот за деца со околу 200 воени сирачиња и бегалци.

Битката траела еден месец, а партизаните успеале да го пробијат прстенот на Зеленгора во правец на источна Босна дури во јуни. Три бригади од Третата ударна дивизија под команда на Сава Ковачевиќ и околу 2000 ранети останаа во просторот како отстапница, практично не успеале да излезат кон Босна. Вкупно 7543 партизани беа убиени, од кои речиси 3000 беа од Далмација.

Од вкупно 22.000 партизански борци, 258 од нив биле одликувани со Орден народен херој, како и 16 партизански бригади. Од 7543 загинати борци, 45 од нив биле прогласени за народни херои.

Вечна слава и благодарност до нив.

Filed Under: Фељтон

ГЛАСНО ГО КАЖАА ОНА ЗА ШТО СЕ ШЕПКАШЕ: ПОРАКИТЕ НА ВАШИНГТОН НА ЗАПАДНИОПТ БАЛКАН
ШПИОНСКА АФЕРА: ДOДЕКА СЕ ШПИОНИРА НАТО, ВЛАСТА НА МИЦКОСКИ КРЕИРА ПОЛИТИКИ ПО ТЕРК НА МОСКВА
ФИЖУЛИЌ: ИНА ГИ КОРИСТИ ГРЕШКИТЕ НА ТРАМП
ИНТЕРВЈУ СО ГАБРИЕЛА ПЕТРУШЕВСКА: ДОБРИОТ ТЕАТАР МОЖЕ ДА БИДЕ БЕЗВРЕМЕНСКИ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (180) БОГАТЕЊЕ ОД „ОЖИВУВАЊЕТО“ НА ЗАГИНАТИТЕ ВОЈНИЦИ НА ФРОНТОТ!

Најново

  • ГЛАСНО ГО КАЖАА ОНА ЗА ШТО СЕ ШЕПКАШЕ: ПОРАКИТЕ НА ВАШИНГТОН НА ЗАПАДНИОПТ БАЛКАН
  • ШПИОНСКА АФЕРА: ДOДЕКА СЕ ШПИОНИРА НАТО, ВЛАСТА НА МИЦКОСКИ КРЕИРА ПОЛИТИКИ ПО ТЕРК НА МОСКВА
  • ФИЖУЛИЌ: ИНА ГИ КОРИСТИ ГРЕШКИТЕ НА ТРАМП

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet