Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГЕРАСИМОВСКИ: КАТАСТРОФАЛНА Е СОСТОЈБАТА ВО ДРЖАВАТА

October 29, 2026 Filed Under: Македонија

Граѓаните се незадоволни, но сè уште не излегуваат на улица, смета потпретседателот на СДСМ.Општина Центар многу вложува во користење на зелена енергија

ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА Како градоначалник на Општина Центар Герасимовски набројува проекти што се направени на планот на користење на зелената енергија

Градоначалникот на Општина Центар и потпретседател на СДСМ, Горан Герасимовски, упати остри критики кон актуелната власт, оценувајќи дека економската состојба во државата е катастрофална, а незадоволството кај граѓаните постојано расте.

Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Герасимовски посочи дека незадоволството е присутно кај различни категории граѓани, од вработените во администрацијата, преку земјоделците, до бизнис-секторот, објави 4news.mk

„Катастрофално е ова што се случува во државата, особено во делот на економијата. Гледаме незадоволна администрација, незадоволни земјоделци, незадоволни бизнисмени, но сè уште никој не собрал храброст да излезе на улица и да го искаже својот револт“, изјави Герасимовски.

Според него, за незадоволството да прерасне во посилна политичка реакција, неопходно е обединување на опозицијата и создавање стабилен опозициски блок.

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, претстави конкретни чекори и политики за локалната енергетска транзиција, вклучително поставување на фотоволтаични централи во образовните објекти и унапредување на јавните простори, како дел од процесот на зелената енергетска трансформација.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори.

Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација.

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски.

Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени.

Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување.

„Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.

 

Filed Under: Македонија

МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ МОДЕЛ: НУЛА ЕВРА ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА СТРУЈА
ЖЕРНОВСКИ: ТРИДНЕВНА ВНАТРЕПАРТИСКА ЖАЛОСТ ВО ВМРО ДПМНЕ
ЈOТОВА НАСПРОТИ ЃУРОВ: КАКО СЕ СТОПИ ЈАЗОТ И ШТО СЛЕДИ?
МАРТИНОВСКИ ДОБРО ПОМИНА НА ЛИКОВНАТА „БЕРЗА“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (200): КОГА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕРУВА ВО БЕСМРТНОСТ?!

Најново

  • МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ МОДЕЛ: НУЛА ЕВРА ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА СТРУЈА
  • ЖЕРНОВСКИ: ТРИДНЕВНА ВНАТРЕПАРТИСКА ЖАЛОСТ ВО ВМРО ДПМНЕ
  • ЈOТОВА НАСПРОТИ ЃУРОВ: КАКО СЕ СТОПИ ЈАЗОТ И ШТО СЛЕДИ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet