Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГОДИНАВА МАКЕДОНСКИТЕ ФИЛМОВИ ДОМИНИРААТ СО „ФЕСТИВАЛОТ МАНАКИ“

September 11, 2026 Filed Under: Ревија

Авторката Дина Дума го отвора Фестиваот на 19 септември а го затвора со својот дебитантски филм Срѓан Јаничиевиќ една недела потоа

ФЕСТИВАЛ Ќе има играни и документарни филмови и мастер класови на искусни кинометрографери

Организаторите ја најавија импозантната филмска програма на годинашното 47. издание на фестивалот, каде публиката ќе има можност да погледне дела на едни од најпознатите имиња од светот на филмската уметност.

– Она што ме возбудува денес, е нешто што го јакне фестивалот, го прави уште поквалитетен, на светско ниво – го најавувам вториот лауреат на 47. издание на фестивалот. Во Битола доаѓа човекот којшто е познат на светско ниво како човек којшто прави екстремно квалитетни слики, како директор на фотографија, кој гради прецизни слики, и умешно ја користи светлината, но повеќе е познат по тоа дека умешно ги користи сенките. Човек којшто во Битола ќе ја донесе атмосферата на трилерот, којшто ги изработи едни од можеби најпознатите дела во филмската историја, којшто е близок соработник на еден од најголемите режисери Дејвид Финчер – Џеф Кроненвет – изјави директорот на фестивалот, Димитрија  Доксевски.

Џеф Кроненвет има работено на култните филмови „Боречки клуб“ (Fight Club), „Друштвена мрежа“ (The Social Network), „Исчезната“ (Gone Girl), „Девојката со тетоважа на змеј“ (The Girl with the Dragon Tattoo).  Тој ќе биде ценет гостин на отворањето на фестивалот и лауреат на наградата Златна камерта 300 заедно со веќе најавениот лауреат – Дан Лаустсен.

Селекторите на главната програма, како и на програмите на документарен филм, кратки филмови и студентски филмови го претставија овогодишниот избор на филмови кои ќе бидат прикажани на големото платно во Битола.

Во главната програма „Златна камера 300“ ќе бидат прикажани 12 филма.

– Филмот со којшто ќе го отвориме „Браќа Манаки“ е „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума и кинематограферката Фредерик Ноаром. Филм којшто веќе постигна забележителен успех на големи филмски фестивали. Ќе ни биде драго да го претставиме овој филм пред македонската публика.

Филмот на затворање, исто така, ќе биде македонски. Тоа е дебитантскиот филм на Срѓан Јанаќијевиќ, „Нема да ви се верува што се случи претходно“, кинематограф е Дејан Димески, еден од позначајните кинематографери од поновата македонска филмографија – изјави Слаѓан Пенев, селектор на главната програма.

Меѓу 12-те филма во програмата беа издвоени филмовите: „Срам и пари“ (Shame and Money) на Висар Морина, кој има македонска ко-продукција, „До крајот на денот“ (Do kraja dana) на Јелена Максимовиќ, кој ќе има светска премиера на Венецијанскиот филмски фестивал, потоа „Жолти писма“ (Yellow Letters) на тандемот Илкер Чатак и Јудит Кауфман, „Татковина“ (Fatherland) на Павел Павликовски и кинематограферот Лукаш Жал, како и „Минотаур“ (Minotaur) на Андреј Звјагинцев и Михаил Кричман.

Документарната програма ќе претстави 10 филма од 16 земји, од коишто седум наслови се овогодишни филмови.

– Она што е карактеристично за селекција е дека не е обединета кон една тема, напротив се обидуваме да ја претставиме разноликоста на ликовниот израз на документарниот филм. Избраните филмови се движат меѓи класичен документарен пристам до хибридни форми, архивски пракси и нови слики и на крај експериментални форми – откри Кумјана Новакова, селектор на документарната програма.

Краткометражната програма носи 15 филма и продолжува една важна традиција на „Браќа Манаки“ – да открива нови кинематографери, но и да ги следи авторите кои повторно се враќаат на фестивалот. Беа откриени филмовите „Неколку нешта што се случуваат покрај реката“ (A Few Things Happening by a River) на Даниел Суареш и Марта Симоеш, „Блескав мраз“ (Radiant Frost) на Хана Ширбек и Винсент Прохороф, како „Лажен накит“ (Faux Bijoux) на Џеси Мусалем и познатиот кинематографер Роби Рајан и други.

Во студентската програма има 14 филма од 14 држави од регионот, Европа, Индија, Куба.

На крај, директорот на фестивалот сподели дека неколку познати кинематографери, како поранешниот лауреат Јануш Камински, ќе одржат и мастер-класови и панел-дискусии.

Filed Under: Ревија

ПОДМОЛНА МАНИПУЛАЦИЈА СО ДАТА ЦЕНТРИТЕ
КОСТАДИНОВСКИ ВОЗВРАТИ СО ДОМАШЕН „ФОЛКЛОР“ НА БРУКАТА ОД СТРАЗБУР
МAРИН ЛЕ ПЕН ПРЕД ТЕЖОК ИЗБОР: ВЕТУВАЊАТА ШТО И НОСАТ ГЛАСОВИ ГО ПЛАШАТ ДЕЛОВНИОТ СВЕТ
СЛОБОДАН ШНАЈДЕР, ПИСАТЕЛ: ПОДОБРО МИСЛАМ ЗА ТИТО ДЕНЕС ОТКОЛКУ ТОГАШ
МРАЧНОТО ДОБА И ФИЛМОВИТЕ НА БЕЛИТЕ ТЕЛЕФОНИ

Најново

  • ПОДМОЛНА МАНИПУЛАЦИЈА СО ДАТА ЦЕНТРИТЕ
  • КОСТАДИНОВСКИ ВОЗВРАТИ СО ДОМАШЕН „ФОЛКЛОР“ НА БРУКАТА ОД СТРАЗБУР
  • МAРИН ЛЕ ПЕН ПРЕД ТЕЖОК ИЗБОР: ВЕТУВАЊАТА ШТО И НОСАТ ГЛАСОВИ ГО ПЛАШАТ ДЕЛОВНИОТ СВЕТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet