Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГОРАН СТЕФАНОВСКИ И ПАК ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

April 5, 2022 Filed Under: Ревија

Кон изведбата на МУ NAIM IS GORAN STEFANOVSKI во режија на Бранислав Миќуновиќ на сцената на Драмски театар во Скопје

ЕДИНСТВО На сцената беше видливо единството меѓу актерите и идеите на режисерот

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

Горан Стефановски (1952-2018 година) е, најверојатно, најплодниот, најизведуван и најнаградуван автор на сцените во Македонија, ценет и поставуван на европските и на светските сцени. Негова драма одново е на репартоарот на Драмски театар во Скопје, театар/сцена на која (или од која) во 1974 година „тргна“ Горан. Тогаш беше поставен неговиот драмски првенец ЈАНЕ ЗАДРОГАЗ (режија Слободан Унковски) и постигна огромен успех дома и во тогашна Југославија, на гостувања и постановки по светот. На сцената на Драмски драмите на Горан се поставени петнаесет (15) пати.

Сега на сцената на Драмски се игра MY NAIM IS GORAN STEFANOVSKI (МОЕТО ИМЕ Е ГОРАН СТЕФАНОВСКИ) во режија на гостинот и докажан  режисер Бранислав Миќуновиќ, а негов асистент е Кристијан Атанасов. Автор на адаптацијата е Бранислав Илиќ, сценографијата апсолутно во функција на идејата на режисерот Миќуновиќ е на Александар Дениќ, костимографијата е на Розе Трајческа Ристовска која е автентиична и во склад на времето, автор на одличната музиката е Влатко Стефановски а негов соработник е Давор Јордановски.

Ликовите во претставата ги игра добро одбраната актерска екипа. Според  редоследот во програмското ливче ликовите ги играат: Мето Јовановски, Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Јелена Жугиќ, Игор Ангелов, Драган Спасов Дац, Софија Куновска, Соња Станболџиоска, Златко Митрески, Дамјан Цветановски, Ана Димитрова и Саша Димитриевска.

Претставата, поради нандемиските протоколи, маше три премиери – на 31 март и на 1 и 2 април.

Сосем јасно е дека, според концептот, изведбата и квалитетот, претставта ќе се игра долго и на матичната сцена и вон неа – на гостувања и фестивали.

MY NAIM IS GORAN STEFANOVSKI е емотивна, како впрочем и драмското писмо на Горан Стефановски во кое препознатлив е фактот дека тој е одличен познавач на менталниот склоп на Македонецот. Како и во другите драми секој збор Горан го поставува на точно место.

Во текстот и во изведбата се трага по (евентуалната) вистината за минатото и за сегашноста. Се следат пораките од/во драмата кои се чисти и јасни и во сценската изведба  И се сосем прецизни.

Како што се и црсти/јасни идеите на режисерот Миќуновиќ кој точно знаел што сака да постиге со текстот, со работата со актерите и со другите соработници. Таа нивна соработка е јасна/видлива и за гледачот.

СПОЈ Режисерот направил спој на сцени од до сега изведувани претстави на Стефановски

Токму ова заедништво е една од клучните насоки/идеи кои се префрлаат и на гледачот. И по завршувањето на претставата уште долго владеат со емоцците на гледачот. Сигурно и со/кај актерите кои ги играат ликовите со, уште еднаш, точност која преки/низ пеодинецот се префрлаат на сите на сцената и потоа и на гледачот.

Затоа треба да ја види секој љубител/почитувач на добриот театарот кој мисли а истото го бара и од гледачот. Секој кој сака да слуша убаво напишан и изговорен збор, посветена, сигурна и убедлива актерска игра, јасен режисерски концепт. Едноставно комплетен театар кој „заробува“ и трае. И претстава на која гледачот може да се навраќа пак и пак.

Да согледува/открива нејзини нови слоеви и нови вредности. И да остане, по нејзиното завршување уште долго со текстот, режијата, одличната игра на актерите во ликовите од драмата, нивните мината, сегашноста и иднината. Во и со расмислата: како преку минатото и сеганоста да се бара смислата на животот во иднината.

 

 

Filed Under: Ревија

ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“
„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (178): ВO ИДНИНА НЕМА ДА ИМА ПРЕКРАСНА РУСИЈА

Најново

  • ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
  • МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
  • КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet