Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

Д-Р ФАНКА ГИЛЕВСКА Е ДОБИТНИК НА НА НАГРАДАТА МЕДИС

November 30, 2021 Filed Under: Ревија

Оваа награда во нејзиниот колектив – Офталмологија ја сметаат за адекватна на медицински Оскар и беше очекувана

ГИЛЕВСКА Професионалниот раст доаѓа преку истражување и многу работа

Фанка Гилевска е првиот автор на оригиналниот научен труд со наслов: Are changes in visual acuity and astigmatism after corneal cross-linking (CXL) in keratoconus predictable? кој е објавен во научното списание Graefes Archive for Clinical and Experimental Ophthalmology. Оваа награда во нејзиниот колектив – Офталмологија ја сметаат за адекватна на медицински Оскар и беше очекувана, односно на сајтот на Клиниката беше најавена како можна во силна меѓународна конкуренција.

– Сега работам уште повеќе и со поголема мотивација на својот втор труд. Овие награди ги чувствувам како силна поддршка на  истражувањата да се прават паралелно со клиничката работа и многу вредно признание за досегашната работа. Благодарна сум што работам во болница, во тим која е пријател на науката и ме поддржува еднакво во работата и истражувањата. Моето семејство ми е најголема среќа и секојдневна инспирација, рече Гилевска за медиумите.
Таа вели дека сите методи што се користат во светот ги има и кај нас. Ласерската корекција на диоптрија изминативе години се покажа и се потврди како успешен метод за брзо, безболно, безбедно и трајно да се ослободите од очилата.

Фанка Гилевска е специјалист офталмолог. Важи за докторка која е секогаш достапна за пациентите, и со секој пациент гради личен однос втемелен на доверба, стручност и посветеност.  Најмногу ја мотивира истражувачката работа, а кога има потреба за нови практични вештини и примена на нови методи на работа, болницата ѝ дава поддршка за напредување и учење, со цел на крај новото знаење да се примени на пациентите. Вели дека успехот и напредувањето во животот се резултат на многу учење, работа и соработка со луѓе без разлика на полот. Квалитетното образование, родителите без предрасуди и вистинските пријатели ѝ помогнале да биде тоа што е. За неа животот е баланс меѓу навиките, а здрави навики се оние што може да ни донесат психолошки мир. Нејзино превозно средство е велосипедот, а се чувствува „совршено“ облечена во своите патики, тврди за едно женско списание.

Гилевсдка се сметља за „загрепски“ струичњак, затоа што почетокот н кариерата ја започнала таму. Во Загреб за научен труд добил награда за најдобар млад офталмолог, а редовно е предавач на конгресите што се однесуваат на новитетите во офталмологијата, во нашата земја и во Хрватска

НАДЕЖ ЗА МЛАДИТЕ Голем е наопредокот за ласерска корекција на видот

Докторката објаснува дека настанот „Новитети во офталмологијата“ во нашата држава првпат беше организиран во 2015 година и секоја година понатаму. Цел на настанот е да се соберат сите офталмолози од нашата држава и меѓусебно да поразговараат за сѐ што се случува во нашата област во светот и како да се применат искуствата во земјата. Се презентираат нови методи на дијагностика и лекување, технолошки новости, нови лекови и сѐ останато што се случува во светската офталмологија. Медицината е наука во која мора постојано да сте во тек со светот и преку еден ваков настан на сите офталмолози им овозможуваат да ги чујат најважните и најинтересните новости како да биле на светски конгрес.

За разлика од порано, сега има брзи, безболни и трајни начини со кои пациентите може да се ослободат од очилата или од леќите и да гледаат одлично без нив. Кои се методите што се достапни, проверени и потврдени кај нас – убедена е д-р Гилевска.

– Сите методи што се користат во светот ги има и кај нас. Ласерската корекција на диоптрија изминативе години се покажа и се потврди како успешен метод за брзо, безболно, безбедно и трајно да се ослободите од очилата. Наменета е за млади, над 18 години и со стабилна диоптрија. Во случаите каде што диоптријата е превисока, а рожницата претенка за ласерска корекција на диоптријата, вградуваме факични интраокуларни леќи. Со нив пациентите постигнуваат подобра видна острина отколку со кое било друго помагало, очила и контактни леќи. Кај повозрасните кои веќе имаат и очила за читање, вградуваме мултифокални интраокуларни леќи, со што овозможуваме  еднакво добро да гледаат и на далеку и близу, и на средно растојание. Нашите искуства споредбено со искуствата во светот се одлични, ние веруваме во тие оперативните методи што ги работиме.

СО КОЛЕГИТЕ Таа има силна помош од луѓето сокои работи

– Често слушаме дека треба да се навикнеме на новото нормално, а веројатно и треба да се промениме и да создадеме ново нормално. Во таа насока, почнавме многу да размислува како да обезбедиме пристап за оние на кои тоа им е потребно, дури и во услови на криза. Започнавме со онлајн-консултации со закажани термини, кои во краток период наидоа на позитивен одзив кај пациентите – смета докторката.

Офтолмалогот активно работи на докторатот од областа на рефрактивната хирургија на Универзитетот во Загреб.

 

Filed Under: Ревија

ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“
„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (178): ВO ИДНИНА НЕМА ДА ИМА ПРЕКРАСНА РУСИЈА

Најново

  • ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
  • МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
  • КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet