Во европското банкарско право, прикриеното дејствување за да се заобиколи строгиот скрининг на ЕЦБ и националните регулатори не е баш толку лесен

ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА
Обично соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ не се за следење заради ниското ниво, но кога прават соопштенија во врска со Алта, добро е да се види како мрдаат во жива кал и тонат подлабоко.
Имаше и претходно соопштение на 13.11. 2026 на темата – тоа е поинтересно можеби (но, понатака за останатите самодеструкции во него). Денес ВМРО-ДПМНЕ направило верзија на првиот дел од тоа соопштение од вчера, каде што тврди дека обидот на Мацура тајно да се стекне со 19,62% преку две поврзани фирми БЕЗ ИЗВЕСТУВАЊЕ НА РЕГУЛАТОРОТ е само „прекршочна санкција“ и „ненавремено пријавување“.
Во европското банкарско право, прикриеното дејствување за да се заобиколи строгиот скрининг на ЕЦБ и националните регулатори не е баш толку лесен како што ним така лесно им изгледаат разни криминали. Тоа спаѓа во фундаментално рушење на довербата.
Кога НБРМ во 2025 година го правела „Fit and Proper“ тестот (оценка за подобност и репутација), тие морале да оценат дали инвеститорот е чесен, транспарентен и дали ги почитува законите. Фактот што тој инвеститор бил фатен од австриската FMA во обид за изигрување на европскиот систем требало да е огромен знак за предупредување.
Да се тврди дека инвеститор фатен во измама на регулатор има „беспрекорна репутација“ за да купи македонска банка е сржта на кривичното дело Злоупотреба на службената положба (Член 353).
Се разбира, нашето Монти Пајтон ОЈО и судот нема да ги замрзнат парите после купопродажбата на Алта Битола, затоа што го спасуваат македонскиот криминал. Патриотски.
Во тек на ШЕСТ ГОДИНИ се изнесувани пари, а ние Алта Битола ја имаме од лани.
(Од ФБ профилот на авторката)




