Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Нејзниот лов беше со години забранет а рестораните нудеа нејзина замена од рибниците. Доаѓа на одредени трпези и вистинската охридска ама преку ловокрњтци од Албанија

Неделава процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото.
Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е предвидено порибување со 100 илјади единки охридска пастрмка, произведени од вештачкиот мрест во 2025 година.
Подмладокот со кој се порибува Охридското Езеро во оваа фаза е со просечна тежина од околу 16 грама, а процесот започна во вторникот и ќе продолжи во текот на следните 5 до 6 дена.
Порибувањето се врши на локалитетите Трпејца, Пештани, Радожда, Калишта, Охрид и Струга. Станува збор за локалитетите од кои во текот на 2025 година беа уловени матици од природната популација на Охридското Езеро, од кои беше обезбеден репродуктивниот материјал за вештачкиот мрест.
Со реализацијата на оваа фаза, ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид ја исполнува преземената обврска од договорот со Министерството за порибување со охридска пастрмка произведена од вештачкиот мрест во 2025 година. Целиот процес се одвива под надзор на надлежните институции, во присуство на инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство и инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство. Процесот ќе продолжи и во текот на месец септември, кога ќе започне порибувањето со околу 1,5 милиони единки охридска пастрмка, одгледани во ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид од вештачкиот мрест во 2026 година. Оваа фаза се очекува да трае околу три недели.
Во двете фази, Охридското Езеро ќе биде порибено со вкупно околу 1,6 милиони единки охридска пастрмка, како дел од активностите за обновување и зачувување на популацијата на овој автохтон вид, кој има особено значење за биолошката разновидност на Охридското Езеро.
Министерството, во соработка со надлежните научни и инспекциски институции, ќе продолжи со активностите за заштита и обновување на популацијата на охридската пастрмка и зачувување на биолошката разновидност на Охридското Езеро.
Што велат медиумите за овој наш украс на Охрисското еезеро. Своевремно Гласот на Америка пишуваше за овоиј феноимен. Иако веќе одамна е загрозен вид и пред исчезнување, Охридската пастрмка, карактеристична по вкус и црвените точки по телото, редовно се нуди на менијата во рестораните, се констатира од редакцијата. Туристите сакаат да ја пробаат и покрај тоа што задоволството ќе ги чини од 30 до 60 евра по килограм. Нејзиниот улов повеќе од четири години е забранет, затоа што со езерото никој не стопанисува. Сопствениците на ресторани велат дека нудат Охридска пастрмка, но од рибници, а не од езеро. Инаку годинава цената на порција ваква пасрмка е мнгу повисока од порано!
„Имаме Охридска пастрмка, само од рибниците, тоа е истата Охридска, но не е од езерото. Од езерово е строго забрането. Тоа се одразува и редно е веќе да има концесионер езерото. Сите гости прашуваат што е работата, зошто нема. Веднаш сите бараат Охридска пастрмка. Прочуена е и секој сака да ја проба“, вели Маријан Лаброски, сопственик на ресторан.
Радован Димитриевски од спортско-риболовниот клуб „Рибарска вистина“, вели дека најголем дел од рибата нелегално се шверцува од Албанија во Македонија

„Таму нема квота. Ловат колку сакаат. Во многу ресторани гледате дека ја има на црно, бидејќи нема од каде да се набави, значи таа не е легална. Мислам дека неделно околу еден и пол тон пастрмка завршува на македонскиот пазар, дали во Охрид, дали во Скопје. Пастрмката достигна цена до 30 евра на црниот пазар, а белвицата 10 евра. Треба министерството за земјоделие и државниот инспекторат за рибарство да поминат и да побараат потекло на таа риба. Тоа мора да се искорени ако сакаме да ја заштитиме, бидејќи таа е пред исчезнување“, изјави спортскиот риболовец, Радован Димитриевски.
Димитриевски вели дека нема интерес да се стави крај на злоупотребата заради добивката што оди во приватни џебови.
„На таа рибарска мафија ѝ одговара. Не ѝ одговара да има концесија. Секој си лови колку сака, си шверцува, си продава на црно. Мислам дека се вртат околу 2-3 милиони евра. Толку се во игра со недозволениот риболов. Значи на некого му одговара. Од прилика толку е прометот годишно“, рече Димитриевски.
Нуркачите кои го следат развојот на пастрмката низ годините, велат дека состојбата е повеќе од алармантна.
„Можеме да кажеме дека пастрмката е се` повеќе и повеќе ретка во Охридското езеро и е загрижувачка ситуацијата, мора во брзо време да реагираме“, вели нуркачот Орце Герасимовски.
Додава дека многу од местата кои некогаш важеле за природни мрестилишта на пастрмката веќе не постојат.
„Тие места веќе угинуваат. Ние на места каде сме ги снимале Охридските пастрмки, тие веќе не постојат тука, и нема мрестилишта. Тие се преселуваат во потивките места, кои за нас се непознати и се премногу ретки“, истакна Герасимовски.
Веќе неколку години нема ниту вештачки мрест со подмладок на Охридска пастрмка, кој го вршеше Хидробиолошкиот завод.
„Ние едно време имавме предлог да се направат рибници за Охридска пастрмка. Да се помогне да се заштити рибниот фонд. Тука ќе се формираат младици, со кои ќе се врши молзење и порибување на езерото. Не е порибено пет-шест години. Тоа е голем проблем, кога се врши само риболов, а нема дотур“, смета риболовецот Радован Димитриевски.
Еден од предлозите за поправање на ситуацијата е езерото да биде ставено под концесија за стопански риболов, под строго утврдени критериуми. Други опции во оптек се со него да управува некоја научна институција или да се постави видео надзор над езерото, но сите тие се далеку од реализација.
(Р.Г.)




