Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РАСПРОДАВАЊЕ НА ЗЕМЈАТА ПО ШЕМА

October 1, 2026 Filed Under: Македонија

Ова го кажуваат во СДСМ во однос на економската политика која значи дека на граѓаните од последните бизнис зделки им останува отровот, ризиците по здравјето и сметката за договорите на Мицковски

ПОДЗЕМЕН КОП Кадииц се планира да биде рудник со подземеј коп и се наоша близу Пехчево

Додека надвор зборува дека Македонија не е сериозна држава и ги навредува граѓаните дека се талог, Мицкоски ја распродава земјата, водата, рудата, националното богаство – се констатирана една осд прес конференциите на Бихаќка. Се поаѓа од тоа дека оваа влада не дава  економски резултат, нема економски политики. Македонија се гледа како плен.

Водата, земјата, рудата, се е на распродажба за туѓи бизнис интереси и прифити. За граѓаните останува отровот, ризиците по здравјето и сметката за неговите договори. Петте нови рудници – Иловица – Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке, планирани геолошки ископи на Кожув, а сега и рудник за антимон, метал за воената индустрија. Се посочуваат како „плен“ на продавачи на оружје кои му ги плаќаат состаноците по хотели и ходници во САД (се мисли на Мицковски) а тој им враќа со земја и ископ. За нив профити и провизии, за народот отровен антимон и живот покрај јаловишта.

Истата шема како со дата-центрите: пет-шест фирми под радар, договори далеку од јавноста, а државните ресурси на маса.

„Додека кошничката достигнува 90 илјади денари и народот едвај врзува крај со крај, приоритет на Мицкоски се бизнисите, провизиите и профитите. ЕСМ тоне, државата се задолжува, а тие со Адамовиќ и Лазаревиќ, преку врските со Руднап и Божиновска, тераат бизниси со струја и со броила. За граѓаните нема ништо. За бизнис интересите има договори, провизии, профити.

Арамијата Мицкоски ја гледа Македонија како плен. Зад затворени врати ја крои судбината на цели населени места и ги става во ризик водата, земјата и здравјето на луѓето.

СДСМ силно ќе се спротивстави на овој грабеж, на оваа пљачка.

Заедно со граѓаните ќе го блокираме планот за рудниците.

Здравјето на луѓето не е ставка во ничиј бизнис-договор. Македонија не е на продажба“ – се вели во соопштението.

Filed Under: Македонија

КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА „ГИ ПРЕПЛИВУВААТ“ ОКЕАНИТЕ
ЗЕМЈАВА Е НА ДНОТО НА ЕВРОПСКАТА ЛИСТА ЗА БДП ПО ЖИТЕЛ
РАДИЌ: ВО НОЌТА НА ИЗБОРИТЕ СЕ ПОДГОТВУВАШЕ ДРЖАВЕН УДАР
ГОЛЕМИ И МАЛИ: ГУЛИВЕРОВАТА ОПОМЕНА
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (203): СЕ КОРИСТИ „ТОПОВСКО МЕСО“ ОД 100 ЗЕМЈИ!

Најново

  • КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА „ГИ ПРЕПЛИВУВААТ“ ОКЕАНИТЕ
  • ЗЕМЈАВА Е НА ДНОТО НА ЕВРОПСКАТА ЛИСТА ЗА БДП ПО ЖИТЕЛ
  • РАДИЌ: ВО НОЌТА НА ИЗБОРИТЕ СЕ ПОДГОТВУВАШЕ ДРЖАВЕН УДАР

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet