Владата на ова ВМРО ДПМНЕ постојано се изјаснуваше, па и во практиката се однесуваше потценувачки кон изградбата на пругата Куманово – бугарска граница и како резултат на тоа истата се градеше предолго и за најшироко прифатените инвестициски спорости

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Дали веста за изгубените пари од Унијата како помош за учесвото во развојот на Коридорот 8 требаа нешто да докажат? Па најпрвин дека постои коренита промена на односот на бугарското раководство што сега постои, она на Радев кон процесот на интеграција на земјава во Унијата. Тоа е објективно незаинтересиранои веќе за овиој Коридоир, бидејќи нивната поддршка во ЕУ би била само од корист а и би била пресудна. Секако, имаше проблеми и во времето кога тоа прашање се регулираше низ контактите Заев – Борисов, со сите мани и замерки што сега се поставуваат, со право или не, ама и самиот факт што Софија го поддржуваше во Унијата процесот на железничко поврзување носеше и пари. Очевидно. Ние потоа, по заминувањето на Заев а во времето н владеењто на своецот СДСМ-ДУИ наследивме една ситуација на одложување на изградба на пругата и заради други проблеми (ковидот, па енергетската криза и слично), но во основа и преку честите изјави на потсмешлив однос на новиот министер за транспорт Алексндар Николовски кон ова прашање и ориентацијата само на коридорот кој ќе ја следи политичката линија на меѓународните односи Будимпешта – Атина, Коридорот 10, добивме еден лицемерен однос кон пругата за Ѓуешево!
Во основа тандемот Мицкоски – Николовски не ги сака сите процеси кои Брисел би ги контролирал когва дава пари за инвестиции а тѕоа се потврди и деновиве кога ЕУ го затвори кесето. Николовски доста доцна се разбнуди за овој пороблем и проект кога сватги дека како власт губат на сите полиња и дека постои сериозна опасност по овој проект да ни пропадне и последната можност за напредок било каде. А тука треба треба да се гледа и мери и севкупниот однос кон Коридорот 8 откако не успеваме да мрднеме во напредокот кон завршување на делницата на автопатот Охрид – Кичево! На Николовски не му помогнаа ниту жолтите чизми на екс-градоначалникот на Скопје Коце Трајановски кој не може да испорача ниту некој километар завршена делница за премиерот да сече лента и да држи говори еве веќе година дена! Впрочем, да се вратиме на шините, Николовски беше ироничен и при последната средба со својот бугарски колега кај Ѓуешево, каде тој дојде со воз (одел споро!) а тој таму до јде со автомобил! Е сега министре, биди и понатаму – потсмешлив. Би морал да му забележам.
За оние кои ја пропуштиле веста да повторам – Македонија ги загуби парите од ИПА фондовите кои требаше да ги искористи за доизградба на железничката пруга кон соседна Бугарија. Поради поминат временски период, и доцнење на изведбата, парите од ИПА повеќе не се достапни, па Владата премина кон промена на договорот, со цел да може и понатаму да користи од договорените кредити за овој грандиозен проект.
Со оглед на фактот дека во предвидениот рок не беше склучен договор за градба, ИПА алоцираните средства за овој проект повеќе не се достапни, па оттука и Секторот за централно финансирање и склучување на договори во Министерството за финансии нема повеќе надлежност за спроведување. Имајќи го предвид горенаведеното, се јави потреба за промена на финансиската и имплементационата структура на проектот, т.е. промена на надлежната институција која ќе биде одговорна за спроведување на тендерската постапка за градба– се посочува во законското решение испратено во Собранието. Имено до народните избраници се испратени две законски решенија, но поентата е дека се менуваат законите за да се избришат зборовите „кој делумно се финансира и преку Инструментот за претпристапна помош-ИПА на Европската Унија“.
Оваа измена се прави од причина што ИПА алоцираните средства кои беа обезбедени за овој проект повеќе не се достапни.
Јасно е дека железничкиот Коридор осум е стратешка транспортна артерија која ги поврзува Јадранското и Црното Море. Неговата траса во Македонија се протега од границата со Република Бугарија (Крива Паланка), преку Бељаковце, Куманово, Скопје и Кичево, сè до границата со Република Албанија. Реализацијата на Источната делница се одвива во неколку фази, фаза 1 е од Куманово до Бељаковце, која се реконструира со заем од ЕБОР. Фаза 2 – Бељаковце до Крива Паланка), чија изградба е во тек и се финансира со заем од ЕБОР и ВБИФ грант. Последен е делот од Крива Паланка до граница со Бугарија.
Во едното законско решение е посочено дека согласно заклучоците на Владата од пред неколку дена Министерството за транспорт достави известување до ЕИБ и ЕБОР во кое е наведено дека доколку средствата наменети за изградба на половина од прекуграничниот тунел, не се обезбедат со поддршка од бугарската страна од ЕУ во вид на грант средства за заедничко финансирање, Владата на Македонија ќе ги обезбеди во Буџетот на Министерството за транспорт и истите ќе бидат предвидени во програмата на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, но не пред 2032 година, и тоа во неколку фискални години, а согласно динамиката за реализација на проектот.
Инаку за потсетување согласно првична финансиска рамка за изградба на третата делница (Крива Паланка – граница со Р. Бугарија) во декември 2023 година беа потпишани: Договорот за заем склучен меѓу Македонија и Европската банка за обнова и развој во износ од 175.000.000 евра, на 13.12.2023 година, и Финансискиот договор склучен меѓу Македонија и Европската инвестициска банка – ЕИБ во износ од 175.000.000 евра, на 18.12.2023 година. Понатаму, на 19.12.2023 година е склучен и Договорот за ВБИФ грант во износ од 149,2 милиони евра, меѓуМакедонија и ЕИБ. Исто така, за финансирање на овој проект беа доделени 61 милион евра грант средства од ИПА 2 програмскиот период, кои повеќе не се достапни.
И да повториме дека и кај ова прашање тандемот Мицкоски – Радев не му се до колена на оние кои баме се мачеа и се караа меѓу себе, ама одеа напред а тоа е двоецот Заев – Борисов.




