Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СКАПО ИЛИ ЕФТИНО, НИШТО БЕЗ КАФЕТО

October 8, 2026 Filed Under: Ревија

Скопјани пијат поскапо кафе од Италијанците, Шпанците и Португалците а поевтино од Германците и Австријците – што велат анализите

НЕ СЕ МОЖЕ БЕЗ КАФЕТО Секојдневен ритуал кој го одбележува секој ден

Кафето во Скопје во последните години станува сè поскапо, а споредбата со цените низ Европа покажува дека македонската престолнина веќе не е меѓу најевтините кога станува збор за овој секојдневен ритуал.

Во скопските кафулиња, еспресото најчесто се движи од 90 до 110 денари, малото макијато од 100 до 110 денари, додека за големо макијато најчесто се плаќа околу 120 денари. Капучиното и латето, пак, чинат од 120 до 140 денари, односно приближно од 1,95 до 2,28 евра.

Токму капучиното овозможува најдиректна споредба со европските цени. Според податоците на Numbeo за просечната цена во 25 европски земји, во Италија едно капучино во просек чини 1,77 евро, а во Португалија 1,88 евро.

Тоа значи дека во голем дел од скопските кафулиња за капучино веќе се плаќа повеќе отколку што изнесува просекот во Италија – земјата која важи за еден од симболите на европската кафе-култура.

Скопските цени се приближуваат и до оние во Шпанија, Бугарија и Хрватска. Просечно капучино во Шпанија чини 2,13 евра, во Бугарија 2,21, а во Хрватска 2,24 евра. Во зависност од кафулето, Скопје практично се движи во истиот ценовен ранг со овие земји.

Сепак, разликата останува голема во споредба со западна и северна Европа. Во Франција просечната цена е 3,45 евра, во Германија 3,62, во Белгија 3,74, а во Холандија 3,75 евра.

Уште поскапо е во Австрија, каде капучиното во просек чини 4,15 евра, во Велика Британија 4,24 евра, во Норвешка 4,86, а во Швајцарија 5,49 евра.

Најскапа на листата е Данска, со просечни 5,81 евро за капучино – повеќе од двојно, а во одредени случаи и речиси трипати поскапо од Скопје.

Од друга страна, најевтиното капучино меѓу наведените земји е во Украина, со просечна цена од 1,33 евро.

Споредбата покажува дека Скопје сè уште останува значително поевтин од голем дел од западноевропските и скандинавските пазари, но разликата со јужна и источна Европа веќе е многу помала. Во дел од скопските локали, цената на едно капучино веќе е на ниво или над просекот во некои традиционално познати европски дестинации за кафе.

(skopjeinfo.mk)

Filed Under: Ревија

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТВРДА НА СИРОМАШТИЈАТА!
МИЏКОСКИ УШТЕ НА СТАРТОТ ГО ПОСТАВИ ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ
ОСТАВКАТА НА АЛЕКСАНДAР ВУЧИЌ. СОЛЗИТЕ СЕ ВО РЕД
ЛОШИ ПЕРСПЕКТИВИ: ГЕНЕРАЦИЈАТА Z САКА МИЛЕН ИУМЦИТЕ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ ЗА ДА ИМААТ РАБОТНИ МЕСТА
ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ ОД МЕМОРАНДУМОТ НА САНУ: СРБИЈА НА ПАТ ИЛИ НА ЗАОБИКОЛЕН ПАТ

Најново

  • МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТВРДА НА СИРОМАШТИЈАТА!
  • МИЏКОСКИ УШТЕ НА СТАРТОТ ГО ПОСТАВИ ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ
  • ОСТАВКАТА НА АЛЕКСАНДAР ВУЧИЌ. СОЛЗИТЕ СЕ ВО РЕД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet