Успехот на книгите за Вини Пу е глобален феномен, бидејќи писателот успеал да ги спои хуморот на апсурдот, топлината и нежноста на детскиот свет и имагинацијата, филозофските прашања и сложеноста на односите меѓу различни видови и возрасти. Иако наменета за деца од предучилишна возраст – со стихови што граничат со детски брбoрења – оваа литература ги маѓепса читателите од сите возрасти

Вини Пу, исто така наречен и како Мечето Пу и Пу е измислено антропоморфно плишено мече создадено од англискиот писател Александер Алан Милн и англискиот илустратор Ернест Хауард Шепард. Мечето е главниот лик во книгата „Вини Пу“ (1926), а потоа следеле и „Куќата во ќошето на Пу“ (1928). Милн вклучил и песна за мечето во книгата со стихови за деца „Кога бевме многу млади“ (1924) и многу други во „Сега сме шест“ (1927). Сите четири тома биле илустрирани од Е. Х. Шепард.
Приказните за Пу се преведени на многу јазици, вклучувајќи го и латинскиот превод на Александар Ленард, Winnie ille Pu, која првпат била објавена во 1958 година, а во 1960 година станала единствената латинична книга што некогаш била ставена на листата на најпродавани на The New York Times.
Во 1961 година, Walt Disney Productions лиценцирала одреден филм и други права на приказните на Милн за Мечето Пу од имотот на А. А. Милн и агентот за лиценцирање Stephen Slesinger, Inc., и ги прилагодила приказните Пу, со користење на цртичка во името „Winnie the Pooh“. Во популарните филмски адаптации, гласот на Пу го добиле глумците Стерлинг Холовеј, Хал Смит и Џим Камингс на англиски и Евгениј Леонов на руски.
А. А. Милн го именувал ликот Вини Пу по плишеното мече во сопственост на неговиот син, Кристофер Робин Милн, на кој се засновал ликот Кристофер Робин. Остатокот од играчките на Кристофер Милн се – Прасето, Ејор, Канга, Ру и Тигар а беа вградени во приказните на Милн. Уште два лика, Бувот и Зајакот, била создадени од замислата на Милн, додека Гофер бил додаден во верзијата на Дизни. Играчката мечка на Кристофер Робин е изложена во главната филијала на Јавната библиотека во Њујорк.
Кристофер Милн ја нарекол својата играчка мечка по Вини, канадска црна мечка што често ја гледал во зоолошката градина во Лондон, и Пу, лебед со кој тие се сретнале додека биле на одмор. Младенчето на мечката било купено од ловец за 20 канадски долари од канадскиот поручник Хари Колбурн во Вајт Ривер, Онтарио, додека бил на пат за Англија за време на Првата светска војна. Тој ја нарекол мечката Вини по неговото второ живеалиште во Винипег, Манитоба. Вини била прикриено донесена во Англија со нејзиниот сопственик и се здобила со неслужбено признание како маскота на полкот Форт Гари. Колбурн го оставил Вини во Зоолошката градина во Лондон додека тој и неговата единица биле во Франција; по војната таа била службено дарувана во зоолошката градина, бидејќи таа станала многу сакана знаменитост таму. Лебедот Пу се појавува како лик сам по себе во „Кога бевме многу млади“.
Имагинарната шума во која живеат оживеаните играчки-животни всушност е шумата Ешфорд во Сасекс, каде што и денес постои поток во кој Пу и неговите пријатели фрлале стапчиња од мостот, играјќи игра позната како „стапчиња-сладолед“.
Според истражувањата на Светлана Слпшак книгата за Вини Пу од А. А. Милн, во превод на Лука Семеновиќ, била објавена од издавачката куќа „Дечја књига“ во 1951 година, а денес овде можеме да ја одбележиме седумдесет и петтата годишнина од нејзиното објавување на српско-хрватски јазик. Не би појде од рака да дознаам дали е и кога имало книга преведена на македонски! За милиони деца, но и возрасни, „Вини Пу“, а потоа и „Куќата на Пуовиот агол“, беа клучните и најомилените книги во нивните животи. „И јас припаѓам на таа груп“ – признава Слапшак.
Синот на Милн, популарен и плоден писател во многу жанрови (пред сè во драмата), неговиот син Кристофер Робин, како јунак на книгата, го соочил со тоа да мора да се справува со плишано мече кое како дете го влечел по скалите за нога, додека главата му удирала од скалите со звук: туп-туп-туп. Имагинарната шума во која живеат оживеаните играчки-животни всушност е шумата Ешфорд во Сасекс, каде што сè уште постои поток во кој Пу и пријателите фрлале стапчиња од мостот и каде што Милн имал куќа. Некаде во 1986 година, во Љубљана била објавена статијата на археологот Б. Слапшак за шумата Ешфорд, разгледана низ призмата на просторната антропологија, моделите на населување и методологијата на анализа на територијата околу наоѓалиштето (site-catchment methodology), но за жал таа останала незабележана, главно поради јазичната бариера. Во истиот зборник, С. Слапшак со компаративни примери докажал дека токму јазичните бариери придонеле за исклучителниот локален прием на книгите за Вини Пу, па дури и го пренеле тој прием во јазикот на локалното секојдневие – за што ќе стане збор понатаму.
Успехот на книгите за Вини Пу е глобален феномен, бидејќи писателот успеал да ги спои хуморот на апсурдот, топлината и нежноста на детскиот свет и имагинацијата, филозофските прашања и сложеноста на односите меѓу различни видови и возрасти. Иако наменета за деца од предучилишна возраст – со стихови што граничат со детски брбoрења – оваа литература ги маѓепса читателите од сите возрасти, а мечето со „памук во главата наместо мозок“ стана еден од најголемите книжевни херои на сите времиња. Тука Светлана ја исклучува ерата на Дизни, бидејќи дури ни таа индустрија не успеала целосно да го банализира ликот на Вини Пу. Таа научила да читам токму со Вини Пу и сè до доцните тинејџерски години не можела да седне на семејната трпеза за ручек без претходно да најде дел од книгите за Пу што ќе ги чита додека јаде, бидејќи тоа беше единствениот начин на кој сакавлада јадем. Родителите имаа разбирање за тоа; се помирувале со фактот дека храната и се лади, но барем јадела. Зашто, во времето кога сè уште не знаела да чита, оброците биле вистински претстави во кои сите присутни се трудлеа да ја насмеат за да може да и стават лажица храна во устата. Така, за неа, Вини Пу биле клучен елемент во физичкиот и духовниот раст и развој – од мало дете до голем, длабоко размислувачки и лукав љубител на книги.
Која е тајната на успехот на книгата на Милн? Пред сè, во целосното отсуство на поуки. А сепак, сите искуства, разговори и сцени остануваат длабоко врежани и служат како обрасци на однесување и размислување во текот на целиот живот… Веројатно исто како што детството извира од апсурдот – нешто што не смееме да го заборавиме додека размислуваме; како што не го заборавиле Ајнштајн и Тесла, ниту Моцарт и Малер, ниту таа, ниту мајка и, ниту кој било што никогаш не се разделил од тие книги. Тоа е културен и антрополошки феномен. За тоа постојат докази, компаративни докази, кои сега ќе ги изнесам.
Првиот норвешки превод се појавил уште во 1932 година, само шест години по оригиналот: библиотекарката Рика Деинбол ја превела книгата под насловот „Ole Brumm“. Втората книга била преведена во 1947 година. Значи, Пу влегол во норвешкото детство многу рано. Сепак, пресудниот момент настапува на почетокот на педесеттите години. Големиот норвешки автор на книги за деца, илустратор, композитор и радио-творец Торбјорн Егнер го преработил Милн за познатата радиоемисија „Час за најмалите“. Норвешка не само што го читала Пу, туку и го слушала. Гласот, ритамот, песните и начинот на кој Егнер ги обликувал ликовите станале дел од заедничкото звучно сеќавање на неколку генерации. Егнер додаде свои песни и го приспособи текстот за усна, односно радиоизведба, со музика од Кристијан Хартман. Плочите со тие песни и музика се продавале во огромен број уште во седумдесеттите години на минатиот век. Изрази од книгите навлеглеа во секојдневниот норвешки јазик…
Уште еден пример е унгарскиот јазик. Преводот традиционално се припишува на Фриѓеш Каринти, еден од најзначајните унгарски хумористи и писатели од првата половина на дваесеттиот век. Токму тоа е одлучувачко за неговиот статус: Милн не бил преведен од анонимен професионален преведувач, туку од голем писател со сопствен, изразито препознатлив јазик на хумор, апсурд, пародија и игра со зборови. Каринти не знаел доволно англиски за сам да направи дословен превод. Основниот, груб превод го направила неговата сестра Емилија Каринти, наречена Мици, која имала исклучителен дар за јазици. Потоа, Фриѓеш книжевно го преработил тој текст, создавајќи, всушност, унгарски „Пу“. Семејното сведоштво на синот на Каринти, Мартон, ја потврдува токму таквата поделба на работата. Оттаму потекнува и познатото име за Вини Пу – Мицимацко (Micimackó). „Мацко“ (Mackó) е унгарски збор за мечка што го користат децата, додека „Мици“ (Mici) се поврзува со прекарот на сестрата на Каринти, Емилија. Ова е одличен пример за она што во теоријата на преводот денес го нарекуваме „одомаќинување“: не се инсистира на англискиот карактер на името, туку целиот свет на книгата јазично е преместен во унгарското детство. Токму затоа Мицимацко станал нешто повеќе од превод на Милн. Тој припаѓа на онаа релативно мала група преводи во кои преведувачот создал национална варијанта на меѓународен книжевен лик. Новите зборови и имиња создадени од Каринти влегле во општиот унгарски лексички фонд.
(обработил – Љ.К.)




