Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА КАКО АХИЛОВА ПЕТА НА ТРАМП ПРЕД ИЗБОРИРТЕ

October 1, 2026 Filed Under: Свет

Трамп е подготвен да го забрани извозот на американски дизел за да ги ограничи цените. Експертите велат дека единствената одржлива мерка би била отворањето на Ормутскиот теснец. Но, Иран веројатно нема да му го даде тој подарок пред изборите

БЕНЗИСКА СТАНИЦА Место што за просечнот Америкљнец е поважна од продавницата за храна

АЛЕКСАНДАР ДЕТЕВ

Републиканците во САД се борат да ја задржат контролата врз Конгресот на претстојните среднорочни избори, а цените на горивата се покажуваат како камен на сопнување.

РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ВОЗАТ ПОВЕЌЕ И ПЛЌААТ ПОВЕЌЕ Доналд Трамп ги доби изборите во 2024 година со ветување дека ќе го запре зголемувањето на цените, а речиси две години подоцна резултатот е токму спротивен. Цените на горивата се дуплираа поради војната во Иран и тековните напади на Украина врз руската енергетска инфраструктура. На средбата со Зеленски во Њујорк во неделата, Трамп ја повика Украина да ги запре нападите врз енергетските капацитети во Русија во обид да го запре растот на пазарите.

Ова не е случајност. Студија на тинк-тенкот на Институтот Брукингс покажува дека гласачите во областите каде што републиканците неодамна победија возат околу 26% повеќе отколку во областите каде што доминираат демократите. Причината е географска – таканаречените црвени области се помалку населени, републиканците традиционално победуваат во помалите градови чии жители патуваат повеќе. Токму затоа фактот дека за само една година цената на еден галон бензин се зголеми за над 40% на речиси 4,50 долари, а на дизелот – за над 70% на 6,50 долари, создава можност демократите да се пробијат меѓу републиканските гласачи. Американците го посочуваат зголемувањето на цените како главна загриженост во тековната изборна кампања.

КАНДИДАТЕ БАРААТ РЕШИТЕЛНА ВЛАДИНА АКЦИЈА Рејтингот на претседателот опаѓа, покажуваат анкетите, а според неодамнешната анкета на NBC, дури 55% од Американците веруваат дека политиките на Трамп ѝ штетат на економијата.

За да го запре порастот на цените на горивата, Трамп рече дека е подготвен да воведе забрана за извоз на дизел, кој оваа недела достигна највисока цена во историјата. Изјавата на претседателот доаѓа по повиците од републиканските кандидати за Конгресот, кои инсистираат администрацијата да спроведе сите можни мерки за намалување на цените пред ноемвриските избори.

САМО КРАЈОТ НА ВОЈНАТА МОЖЕ ДА ГИ СМИРИ ЦЕНИТЕ Американската нафтена индустрија предупреди дека таквата мерка ќе има само краткорочен ефект – ќе доведе до пораст на цените на светските пазари, како и до помало производство. „Повисоките цени на дизелот се причина за загриженост, но главниот фактор за повисоките цени е војната во Иран“, рече Гбенга Аџилоре од Центарот за буџетски и политички цели. „Завршете ја војната во Иран, отворете го Ормутскиот теснец и цените на дизелот ќе паднат. Секое друго решение ќе пропадне“, смета економистот.

За да го отворат Ормутскиот теснец, САД мора да постигнат договор со Иран. Сепак, малку е веројатно дека Техеран ќе му го направи овој подарок на Трамп непосредно пред клучните избори за неговата партија.

(авторот е новинар – коментатор на Дојче веле на бугарски)

Filed Under: Свет

ФОН ДЕР ЛАЈЕН НЕ НЕ ЗАОБИКОЛУВА, ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО СЕ ПОДАЛЕКУ
УАПСЕНА ЗА ТЕРОРИЗАМ ГРУПА ПРИПАДНИЦИ НА ИСИС
ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА КАКО АХИЛОВА ПЕТА НА ТРАМП ПРЕД ИЗБОРИРТЕ
СОПРУГАТА НА КОЈА НИШТО НЕ И ЗНАЧЕШЕ ПРЕЗИМЕТО ПАПАНДРЕУ
КАРНИ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ

Најново

  • ФОН ДЕР ЛАЈЕН НЕ НЕ ЗАОБИКОЛУВА, ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО СЕ ПОДАЛЕКУ
  • УАПСЕНА ЗА ТЕРОРИЗАМ ГРУПА ПРИПАДНИЦИ НА ИСИС
  • ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА КАКО АХИЛОВА ПЕТА НА ТРАМП ПРЕД ИЗБОРИРТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet