Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА НЕ Е ПРАШАЊЕ НА НЕНАДМИНАТИ СЛАБОСТИ НА ИЗБОРИТЕ

May 6, 2026 Filed Under: Македонија

Собранието изгласа укинување на техничката влада – за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека беа неа ќе нема услови за демократски избори

ЈОВАНА ТРЕНЧЕВСКА Хриситјански Мицевски беше тој кој своеврмено побара техничката влада да постои се додека не влеземе во ЕУ!

Собранието попладнево го донесе Законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кој по одржувањето на следните парламентарни избори ќе се укине техничката (преодната) влада. Т.н. пржинска влада беше воведена како ад хок решение за изборите во 2016 година  и како механизам што ќе гарантира фер и демократски избори, со вклучување дополнителни министри предложени од опозицијата во 100-те дена пред одржување  на изборите.

Од 81 присутен пратеник на 98. седница, 70 гласаа „за“, 11 беа против и немаше воздражни. Во расправата полемизираа пратениците од власта и од опозицијата. Според пратениците од владејачкото мнозинство, техничката влада е надминато решение, а опозициските сметаат дека  ќе нема услови за демократски избори ако таа се укине.

– Да престанеме да ја третираме македонската демократија како пациент на апарати и да покажеме дека може и функционира демократски. Законот го носиме заради институционална стабилност во иднина, да не останеме во пржинскиот лавиринт. Техничката влада беше ад хок решение за излез од кризата во 2015. По 11 години мора да покажеме дека сме способни за фер избори, без вештачки пржински модели, рече Никола Мицевски, коориднатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Ги праша пратениците од СДСМ зошто им е потребен заштитетн механизам ако се сигурни во победата на следните избори кога последен пат ќе важи техничката влада.

Мицевски рече дека во првата пржинска влада во 2016 немало деформитети, но тие се појавиле, рече, во следните технички влади „кога имаше надгласување на министри што носеа одлуки во нивните ресори“. Најголем деформитет, како што рече, е кога СДСМ  разрешил министер предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие моменти некој ги памти. Тогаш техничката влада почна да ги покажува своите анималии. Сите вие во неформални разговори кажувавте дека треба ден порано техничката влада да се укине затоа што е непродуктивна, изјави Мицевски, додавакјќи дека и во 2021 и во 2023 година, кога биле опозиција, барале укинување на техничката влада односно дека се конзистентни во ставовите.

И пратениците на нивниот коалициски партнер Вреди во текот на седницата се изјаснија за укинување на техничката влада. Аднан Азизи ја нарече „остаток од лошо минато“.

-Техничката влада е од времето на  висока поларизација и ниска доверба дека владата може да организира фер и демократски избори. Тоа беше поради штетните политики на ДУИ со Груевски и Мијалков, кои ја уништија довербата во институциите и ова беше излезно решение. Но, тоа помина. Сега сме членка на НАТО и сме во релативно  демокартска клима. Последните избори беа најдобри во историјата и според сите  меѓународни фактори, и не постои ниту еден аргумент техничката влада да продолжи, истакна  Азизи.

БИТИЌИ Оване е европски стандард, туку резултѕат на слабости во системот

ПОТРЕБЕН Е МОСТ МЕЃУ ЗАРОБЕНА И ДЕМОКРАТСКА ДРЖАВА Јованка Тренчевска од СДСМ во излагањето кажа дека техничката влада била предложена само за изборите во 2016 година, а  во 2018 година, рече, на барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тогаш во опозиција, преку консултации било договорено да се направи предлог-закон со кој техничката (преодната) влада ќе важи сè до влегување на Република Македонија во Европската Унија.

Според неа, власта предлага укинување на техничката влада по скратена постапка, „арогантно и без консултација со опозицијата, само со два информативни состанока“.

-Техничката влада е механизам кој може да обезбеди минимални услови за фер  и демократски избори, тоа не е  привилегија на опозицијата туку законска обврска до создавање услови. Таа требаше да биде мост од заробена држава до демокартска држава. Вие го срушивте тој мост пред да преминеме од другата страна на мостот, пред да станеме демократска држава. Денес имаме заробена држава, судство и медиуми под контрола на власта, полиција во служба на власта и во вакви услови техничката влада не смее да биде укината, рече Тренчевска и побара предлогот да се повлече и да се почне со „широк процес на консултации за решение со консезнус од сите четири големи партии“.

И реплицираше министерот за јавна администрација Горан Минчев, кадар на ЗНАМ, според кого, крајна цел на СДСМ е да не учествува на следните парламентарни избори.

– Овој закон е првиот дел од вашето сценарио. Не е  точно дека се укинува, останува во сила само за следните парлементарни избори. Значи, вие не сте убедени во победата на вашите политички партии. Напротив, вие го рушите во континуитет мостот кој е воспоставен, рече Минчев.

КАКО Е ДОНЕСЕН ЕДЕН ФОРМАТ, ТАКА САМО МОЖЕ ДА СЕ УКИНЕ

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски посочи дека постојниот закон е формат договорен во Пржино и е единствено законско решение во кое, рече, стои дека е договор помеѓу четирите најголеми партии во Собранието, што не постои во ниеден друг закон.

– Едностарно укинување, без да се почитуваат принципите на кои бил усвоен, не е реформа ниту напредок на општеството во овој момент. Ние ќе гласаме против ова законско решение затоа што се што е усогласено со волја и политички деклариции на четирите партии од законодавниот дом, по истиот пат треба да се оди и за негова промена, сите да бидеме согласни. Ако не биде така, тогаш отсуствува политички дијалог и ако се избегнува дебата за вакви клучни прашања во Собранието, тогаш не можеме да глумиме во работата за Изборниот законик, рече Спасовски.

Моника Зајкова од ЛДП, пак, рече дека наместо да се плаќаат вонредни трошоци за дополнителни министри во техничката влада, за кои, рече, цената ја плаќа народот, треба да се воведе електронско гласање.

-Тоа е вистинскиот пат кон напредокот. Не сме тука за решенија на друга партија, туку во интерес на граѓаните. Јавноста гледа парада на дополнителни министри, заменици и функционери кои 100 дена се занимаваат со реваншизам, со смени на професионалци и со меѓусебни препукувања за дневнополитички поени, рече Зајкова.

Седницата беше пролонгирана со паузи и консултации затоа што координаторката на пратеничката група на ДУИ/Европски фронт, Рина Ајдари, побара измените да бидат разгледани на седница на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците.

Bo, Собранието не го поддржа нејзиното барање да се прекине седницата за Законот за Владата на Република Македонија, ако за него не се гласа со Бадентерово мноизинство.

– Имате обврска и можност тоа да го направите, ако го надгласувате нашето право да сме еднакви граѓани и еднакви пратеници со другите ќе ја напуштиме седницата. Лошо го интерпретирате Деловникот за работа, правите преседан со кој сите други барања што ќе следуваат ќе ги надгласате и мајоризирате, му рече Ајдари на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, кој ја водеше 98.седница.

Милошоски прочита записник од 3 април 2019 од донесувањето на Законот за влада, кога претседател на Собранието бил Талат Џафери, а предлагачи СДСМ и ДУИ.

– Законот е донесен како и сите други закони, и без квалификувано мнозинство, рече Милошоски, додавајќи дека постапува врз основа на воспоставена пракса.

БЕЗ ТЕХНИЧКА ВЛАДА НЕМА ФЕР ИЗБОРИ Пратеникот Битиќи, кој учествуваше во расправата истакна дека техничката влада е клучен механизам за обезбедување фер и демократски избори.

„Техничката влада на прв поглед се наметнува како тема поврзана со институционална хигиена, а всушност отвора многу подлабока политичка рана. Се претставува како рационализација на системот, како враќање кон нормалноста и ослободување на изборниот процес од едно преодно решение. Но овде лежи политичкото, егзистенцијално прашање од кое Владата бега: дали Македонија конечно изгради држава во која никому нема да му биде потребна техничка влада?“, истакна Битиќи.

Тој нагласи дека техничката влада не е европски стандард, туку резултат на слабости во системот.

„Техничката влада не се роди од европски идеал, туку од македонска демократска болест. Таа беше дел од Пржинскиот политички аранжман, постигнат со посредство на Европската Унија, во време на длабока политичка и институционална криза. ЕУ не ни донесе техничка влада затоа што таков модел е врвен демократски стандард, туку затоа што тогаш Македонија немаше доволно европски квалитет на владеење“, рече Битиќи.

Додаде дека укинувањето на техничката влада без суштински реформи е опасен чекор.

„Но патот до тој ден не води преку нејзино механичко бришење од закон, туку преку системска зрелост што ќе ја направи непотребна. Техничката влада ќе замине во историјата кога граѓаните ќе почувствуваат дека државата пред избори не навива за никого, не посегнува по присилни механизми и не дели санкции и награди врз основа на партиска подобност“, порача Битиќи.

Тој предупреди дека сегашните политички состојби покажуваат дека државата сè уште не е подготвена за укинување на овој механизам.

„За жал, далеку сме од тој момент. Препознаваме загрижувачки слична политичка матрица – институции изложени на партиска гравитација, закони што се туркаат без јавна расправа и политички дијалог заменет со демонстрација на бројки. Ако денес повторно ги искусуваме овие процеси, тогаш прашањето не е дали сме го надминале Пржино, туку дали повторно се враќаме кон политичка логика што го направи неопходно“, истакна Битиќи.

ВЛАСТА СВЕСНО УКИНУВА МЕХАНИЗАМ ЗА КОНТРОЛА Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека без консензус и по скратена постапка ја укинува техничката влада, иако додека беше во опозиција инсистираше таа да постои сè до влегувањето на државата во Европската Унија. Таа алармираше дека доколку власта продолжи на сила да ја турка оваа законска измена денеска во Собранието, опозицијата целосно ќе се повлече од работата за новиот Изборен законик, изјави Тренчевска на денешната прес-конференција.

Потпретседателката на партијата нагласи дека наместо да се почитува законот донесен со консензус и со поддршка од меѓународната заедница, актуелната власт свесно го урива овој механизам за контрола. Според неа, владата веќе го узурпирала судството и јавното обвинителство, го партизирала Министерството за внатрешни работи со нов закон кој овозможува поставување партиски кадри на клучни позиции и не го изгласала законот за заштита на личните податоци од системот „Safe City“. Дополнително, Тренчевска обвини дека власта контролира над 40 отсто од медиумскиот простор, ја партизирала националната телевизија и врши финансиски притисок врз останатите медиуми.

Овие потези, како што порача таа, претставуваат свесно уривање на рамнотежата за да се овозможи концентрација на моќ во рацете на една партија и директна подготовка за изборна кражба. Тренчевска заклучи дека техничката влада не е привилегија на опозицијата, туку законска и демократска обврска која мора да остане на сила за да се обезбедат минимални услови за фер и демократски изборни процеси, повикувајќи веднаш да се запре измената на законските одредби.

 

 

Filed Under: Македонија

СУДБИНАТА НА ГРУЕВСКИ ВО ОЧИТЕ НА БИ-БИ-СИ
КОЈ ГИ ДЕГРАДИРА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА?
УНГАРСКИ НОВИНАР: ВЕРОЈАТНО Е ОЛИГАРСКИТЕ БЛИСКИ ДО ОРБАН ДА ГОСЕЛАТ КАПИТАЛОТ
ЕДНОСТАВНОСТА НА УБАВИНАТА: НОВИОТ БРАН Е ВИНОВЕН ЗА СЕ”
ПРЕСВРТЕН МОМЕНТ ПРЕД ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО САД

Најново

  • СУДБИНАТА НА ГРУЕВСКИ ВО ОЧИТЕ НА БИ-БИ-СИ
  • КОЈ ГИ ДЕГРАДИРА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА?
  • УНГАРСКИ НОВИНАР: ВЕРОЈАТНО Е ОЛИГАРСКИТЕ БЛИСКИ ДО ОРБАН ДА ГОСЕЛАТ КАПИТАЛОТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet