На 2 јуни во една британска аукциска куќа ќе се одржи аукција на која ќе се нуди за продажба слика на нашиот реномиран ликовен уметник со скандалозно ниска цена. Најважно од се е дека се работи за „лањак“!

Сигурни сме дека голем број на македонски колекционери се превозбудија неделава – стои во објавен текст на (Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950). Истиотго објавуваме во целина.
Британската аукционерска куќа „Woolley & Wallis“ го објави каталогот за нивната летна аукција која ќе се случи на 2-ри јуни.
Под реден број 65 во каталогот стои сликата со опис:
Attributed to Nikola Martinoski (Macedonian/Yugoslav, 1903-1973)
Study of Man smoking a Cigarette
Bears indistinct signature N S Marz (lower right)
Oil and charcoal on canvas
49 x 35.5cm
Ауционерската куќа ја проценила вредноста на сликата помеѓу 200 и 300 британски фунти (!!!!!) и со почетна цена за наддавање од 0 (НУЛА) фунти (!!!!).
Колекционерите ваква заталкана слика која ќе се појави на некое неочекувано место ја нарекуваат „Sleeper”. Демек сликата „заспала“ некаде и се разбудила во целосно неочекуван момент и на неочекувано место.
Ако нешто е премногу добро да би било вистинито- тогаш математички е многу поверојатно- тоа да не е вистинито.
Затоа, во вакви моменти на возбуда и адреналински наплив – имајте го на ум овој математички факт. Веројатноста за невистинитост е поголема!
Ајде да направиме анализа на овој „Слипер“ кој одеднаш се појавува во Англија.
Сликата е очигледна варијација на познатиот авто-портрет на Мартиноски од 1931 година. Истата цигара, шалче, џемпер, но овојпат со подигната десна рака. Потписот сега е долу десно и е некако загадочен:Н.С. Марз.
Тука некаде завршува сличноста.
Оригиналниот автопротрет од 1931-ва, Мартиноски го насликал во Скопје, откако се вратил од своите студии во Париз. Во тоа време во Париз, кубизмот го достигнува својот зенит на популарност. Во автопортретот на Мартиновски можете да ги препознаете портретите кои Пабло Пикасо или Фернан Лежер ги сликале во Париз.
„Искршената“ кубистичка композиција можете да ја видите во дизајнот на шалчето, во контурите на ликот Мартиноски, во цигарата која ги допира неговите усни.
Често се заборава дека Мартиноски не студирал само сликарство во Букурешт (1920-1927) туку и вајарство (кај проф. Д. Пациуреа). Токму ова вајарско образование се гледа во автопортретот на Мартиноски од 1931-ва. Имено портретот е насликан со дебели слоеви на боја која Мартиноски ја нанесува на платното слој по слој . На сличен начин вајарите изработуваат портрети – слој по слој, каде што секој слој отвора некој карактер на човекот од портретот.
Тоа особено се гледа во очите и подочниците на автопортретот.

Мариноски не изработува автопортрет- тој изработува некоја можна верзија од себе сѝ.
Во неговите очи има слоеви и слоеви на црнило. Многумина ова црнило во очите го толкуваат како уметнички протест против српската колонизација на Македонија во 1930-тите години. Но во црнилото има слоеви на бела боја. Во црнилото на очите кои се огледало на душата на некој човек – сепак има искри на светлина! Има надеж!
Сега да ја погледниме одблиску англиската слика од аукцијата.
Насликана е со многу тенок слој на боја. Почетнички и несмасно. Не се знае што е финтата со тоа паднато перче на косата и со таа подигната десна рака. Како Мартиноски да е некаков фото модел од моден магазин. Перчето и раката даваат некаква суета, некаква самобендисаност која Мартиноски никогаш не ја покажувал во своите дела.
Ако се погледнат очите на човекот од сликата, таа симболика на црнина со надеж, е едноставно заменета со црни зеници кои гледаат настрана десно. Ефектот на кубизам е целосно отстранет, одзади воведено некакво пенџере или не знаме што, кое ѕирка зад ликот.
Се работи за очигледен фалсификат и очигледна стапица за македонските колекионери. Не и прва ни последна. Секоја година некаде ќе се „појави“ некаков „Мартиноски“ или „Личеноски“ по багателна цена.
Затоа…ум во глава!




