ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОВСКА
По изјвата во ФОКУС на ВМРО за шоферот на Јанушев: да беше во времето на СДСМ, ова ќе беше тајна а парите ќе легнеа кај некој од главешините на партијата
Пази, да било во друго време! Како да е нормално да има вакви МОЌНИ ШОФЕРИ!
Ај прво за ИМАЊЕТО ШОФЕР НА БУЏЕТ! Уверена сум дека имањето шофер не е само функционерска привилегија, туку е дискриминација на сите граѓани врз основа на општествена положба, преку неоправдана и несразмерна институционална екстракција на јавни добра! До кога бе еден Јанушев ќе се бања во буџетски пари за секакви луксузи?! Што е, не може здравствени да помине па сам да си вози?! Нејќе да влезе во автобусите кои ги договори со наши пари без сервис и без резервни делови? И од кои цица со неписмената цицачка организација „Маратон”?
Второ: Дечкото од СОЗР не ви е шофер, туку операривен курир и гејткипер. Не си го дочувавте и сега цврц. Ви слуша телефонски разговори, ви гледа адреси на пратки, можеби и самите документи во нив преку подвижната канцеларија односно таканаречениот „службен автомобил”! Вемероуу, ви летаат пердуви, но ги фалите другите дека добро се чувале?! Комедии.
Не ни мислев дека сте писмени, ама сте и глупи, енормно, на неколку нивоа, што се гледа од изјавата. Еве што се гледа: Коруптивноста ви е нормализирана, потоа, од тралалајско „господство” не сте си го дочувале гејткиперот, потоа признавате дека парите одат кај „главешините” и на крајот уште и ги фалите противниците дека подобро се чувале! Смејурија од партија, па во маало има посериозен кодекс! А ова некои го нарекуваат „мафија”! Па „мафија” е комплимент за ова дереџе!
Она што секого вади од кожа е вештачката бариера за аплицирање за ПОЖАРНИКАР, побогу! Требало од Игор Јанушев амин за некој да добие место ПОЖАРНИКАР?! Насреде сезона на пожари?! А видовме со какви мизерни услови и плати ги третираат! Па уште апликантите и да давале на функионери пари, како на функционери да им недостасуваат пари! КАКОВ ПАРАДОКС: НЕВРАБОТЕН ШТО КУБУРИ СО ПАРИ ДАВА ПАРИ НА НЕКОГО КОМУ ТИЕ ПАРИ МУ СЕ ДЕЛЧЕ ОД ЏЕПАРЛАК ВО ОДНОС НА ПРИМАЊАТА (сосе сѐ, не само плата)!!!
Ај, можеби и шоферот има нешто да ќари конечно, свашта знае дечкото..
(Од ФБ статусот на авторката, нсловот и опремата е на Глобус)




