Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗГРАДИ ВО МРАК, ЦЕНИ КО НЕБОДЕР

September 11, 2026 Filed Under: Македонија

Во Македонија веќе не е простор за живеење – тој стана замена за банкарски депозит, софистициран „сеф за бетонирање капитал“ и најдобар канал за вбризгување на парите од сивата економија

ПРАЗНИ СТАНОВИ Има над 300.000 ненаселени станови низ државата и десетици илјади слободни квадрати во Скопје

ДИВНА ЈОВКОВСКА ЕФТИМОВСКА

​По секоја логика во пазарната економија, нештата се едноставни: кога понудата ја надминува побарувачката, цената паѓа. Но, македонскиот пазар на недвижности одавна одлучи да ги игнорира основните пазарни законитости. Со над 300.000 ненаселени станови низ државата и десетици илјади слободни квадрати во Скопје што со години го чекаат својот купувач, цената на квадрат самоуверено чекори кон 3.000 евра. За град со загаден воздух, уништени паркови и ѕидови од гипс-картон, ова не е ништо друго освен чист, ирационален балон.

​Но, прашањето е: Зошто овој пазарен апсурд опстојува?

​Одговорот лежи во фактот што стан во Македонија веќе не е простор за живеење – тој стана замена за банкарски депозит, софистициран „сеф за бетонирање капитал“ и најдобар канал за вбризгување на парите од сивата економија.

Кога луѓето немаат развиен пазар на капитал за инвестирање, а довербата во институциите е нула, секој денар од заштеда се претвора во гипс- картон.

​Затоа на инвеститорите не им се брза. Бидејќи нема казнени даноци за празен имот, трошокот за држење заклучен стан е речиси нула. Инвеститорот нема финансиски притисок да даде попуст, а купувачот, воден од паниката дека утре ќе биде уште поскапо, влегува во доживотно должничко ропство.

​Државата и општините не само што молчат, туку се директни соучесници. Општинските буџети се ставени на апарати за преживување кои се хранат исклучиво од наплатата на комуналии. Ако престане дивеењето со градежни дозволи, општините ќе банкротираат. Во исто време, градежното лоби ја диктира политиката, а власта ја користи секоја нова мешалка за бетон за „пумпање“ БДП и илузионистички економски развој.

​Крајниот резултат е поразителен: станот одамна престана да биде дом. Тој стана инвестициски инструмент за богатите, додека за обичниот граѓанин остана само недостижен сон, заклучен зад 300.000 темно-сиви прозорци

(Од ФБ профилот на авторката)

Filed Under: Македонија

ПОДМОЛНА МАНИПУЛАЦИЈА СО ДАТА ЦЕНТРИТЕ
КОСТАДИНОВСКИ ВОЗВРАТИ СО ДОМАШЕН „ФОЛКЛОР“ НА БРУКАТА ОД СТРАЗБУР
МAРИН ЛЕ ПЕН ПРЕД ТЕЖОК ИЗБОР: ВЕТУВАЊАТА ШТО И НОСАТ ГЛАСОВИ ГО ПЛАШАТ ДЕЛОВНИОТ СВЕТ
СЛОБОДАН ШНАЈДЕР, ПИСАТЕЛ: ПОДОБРО МИСЛАМ ЗА ТИТО ДЕНЕС ОТКОЛКУ ТОГАШ
МРАЧНОТО ДОБА И ФИЛМОВИТЕ НА БЕЛИТЕ ТЕЛЕФОНИ

Најново

  • ПОДМОЛНА МАНИПУЛАЦИЈА СО ДАТА ЦЕНТРИТЕ
  • КОСТАДИНОВСКИ ВОЗВРАТИ СО ДОМАШЕН „ФОЛКЛОР“ НА БРУКАТА ОД СТРАЗБУР
  • МAРИН ЛЕ ПЕН ПРЕД ТЕЖОК ИЗБОР: ВЕТУВАЊАТА ШТО И НОСАТ ГЛАСОВИ ГО ПЛАШАТ ДЕЛОВНИОТ СВЕТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet