ГИДЕОН ЛЕВИ
По две долги години размислување, Омер Бартов заклучи дека Израел извршил геноцид во Појасот Газа. Потоа, во 2025 година, објави два статии во Њујорк Тајмс во кои го опиша својот процес на признавање на геноцидот, а со тоа предизвика бурни реакции низ целиот свет. Инаку тој е експерт за холокауст на Универзиттот Браун во Провиденс
Не е лесно да се биде Израелец и антиционист. Покрај тоа, тоа е речиси невозможно. Таа комбинација во Израел се сфаќа како предавство и ерес и нема никаква легитимност. Вака беше во добрите стари времиња на Израел, кога на власт беше Лабуристичката партија Мапаи, долго пред темните времиња на Бенјамин Нетанјаху и Итамар Бен Гвир. Од Советскиот Сојуз не постоела држава со толку ексклузивна и предаторска идеологија што забранува какво било сомневање и несогласување како ционистичката држава Израел.
Не е лесно ниту да се биде антиционистички емигрант, а особено е тешко за член на ционистичката аристократија како Омер Бартов. Тој е истакнат американски историчар роден во Израел, истражувач за геноцид и експерт за холокаустот на Универзитетот Браун во Провиденс, Род Ајленд. По две долги години размислување, тој заклучи дека Израел извршил геноцид во Појасот Газа. Потоа, во 2025 година, објави два статии во Њујорк Тајмс во кои го опиша својот процес на признавање на геноцидот, а со тоа предизвика бурни реакции низ целиот свет. Една книга од неговиот татко Ханок Бартов, писател и новинар, е насловена „Растење и пишување во земјата Израел“ (Ligdol Ulikhtov Be’Eretz Yisrael).
Најновата книга на Омер Бартов е Израел: Што тргна наопаку? (Israel: What Went Wrong?). Овие две книги го комплетираат целото наше патување.
По повод објавувањето на оваа книга, Бартов даде интервју за Хаарец, во кое изјави дека не е антиционист, бидејќи тоа би било премногу болно за него: „Пораснав во респектабилно ционистичко семејство. Израел е мојата татковина“. Но, тој живее во Америка со децении, а неговото воздржување од прогласување за антиционист на прв поглед изгледа чудно. Неговиот срам од тоа, исто така, покажува колку таа категорија сè уште нема вистински легитимитет.
Бартов јасно наведува во книгата дека ционизмот е осуден на пропаст и дека Израел не може да преживее како нормална земја со државната идеологија што доведе до геноцидот во Газа. Тешко е да се најде похрабра, поточна и поантиционистичка изјава. Ако е така, зошто Бартов избегнува да биде наречен антиционист? Нема подобар доказ за длабоко вкоренетата индоктринација на секој Евреин што пораснал во Израел. Имаме израелски интелектуалец и остар критичар кој одамна го напушти Израел, но не се осмелува да каже дека е антиционист, иако сите негови аргументи покажуваат дека е.
Оваа внатрешна забрана треба итно да се укине. И Израелците и израелските емигранти можат да бидат антиционисти и тоа е легитимна позиција. Ционизмот е идеологија што може да се доведе во прашање како и секоја друга. Се заснова на верување во еврејската супремација помеѓу реката Јордан и Средоземното Море и е нелегитимна како и секоја друга идеологија заснована на расна, национална или верска дискриминација.
Пристапот на Омер Бартов е поблаг од сегашните антиционистички трендови. Тој е убеден дека нешто тргнало наопаку во неговата невина земја и дека нешто тргнало наопаку во чистата ционистичка идеологија. Високо морална држава се засновала на таа идеологија, а потоа одеднаш сè се срушило. Овој став можеби ја ублажува агонијата од болното разделување со ционизмот, но тешко дека е вистина.
Во интервју за Хаарец, Бартов исто така вели дека не ги сака сезнаечките историчари кои по сè тврдат: „Секогаш знаевме дека ќе заврши лошо“. Но, во овој случај беше лошо од самиот почеток. Не мораше да биде лошо цело време, но за да биде различно нешто мораше да се промени, а тоа не се случи. Ционизмот беше против домородното население на Палестина уште од првите денови, дури и во ерата на „освојувањето на работната сила“, кога Евреите беа охрабрувани да работат во земјоделството и индустријата, односно да заземаат работни места што дотогаш главно му припаѓаа на локалното население. Тоа беше првото ционистичко протерување. Долго пред арапските востанија од 1929 година и холокаустот, членовите на тоа движење го раселија локалното население.
Тогаш како и сега, Јигал Алон како и Безалел Смотрич. Самиот почеток не беше валиден. Ционизмот не дегенерирал во нешто друго, драги Бартс – отсекогаш било така. Жалам што не тргнал на друг начин. Можеби не е предоцна.
(haarez)




