Кос предлага новите членки на ЕУ да се откажат од правото на вето и заштитната клаузула како вовед во најновата дебата за интеграцијата на Западен Балкан. Нашиот премиер очевидно мисли со дел од владиниот каибнет да мине во САД во временски неограничена посета со цели кои се завиткани засега во магла. Што е приоритетно? Па и не е тешко да се погоди и кога се работи за власдиниот интерес и кога се работи за националните позиции

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Иако дел од јавноста во земјава со големо внимание се обидува да се концентрира на новата идеја за некакво забрзување на процесот на интеграција на Западниот Балкан во ЕУ, која ја промовираше Кос, еврокомесарката надлежна за проширување на Унијата, пропагандната машинерија на власта, која во себе ја вклучува цел сет на различни медиуми, се држи упорно до дневните тури и измислени поводи за прес конференции на кои треба да ги слушаме филипиките на премиерот Мицковски. Овој старогрчки израз во основа не бил насочен којн луѓе кои имаат врска со личните имиња на атињанините како Филип, да речеме но кај нас тоа се поклопува со содржината на континуираните и очевидно предизборни настапи на премиерот контра СДСМ. Индикативно е дека тие дневни изливи на гнев, бес и често измислици на премиерот не ги опфаќаат другите партии од опозицијата (ДУИ, секако, забележувате веќе, не се во тој ареал!) но ептен е забележливо дека постои офанзива да се побегне од конкретните одговори на прашањата што станаа, за жал на власта, сепак жешка рингла на која во палатата Татарчев мора да „седнат“ секое утро, како што е она – кој ја доби премијата на празничното лото на Македонска лотарија?
„БОМБА“ ОД БРИСЕЛ ШТО НЕ СЕ СЛУША ВО СКОПЈЕ Во тој виор од дневни полемики секако најважно е дека она што е вистинска „бомба“ како вест кај нас е однапред ставена под тепих, особено кога сега треба да трепериме над успешноста на патувањето на премиерот со верувам поголема екипа во САД. Истата како повод ја има Годишната конференција на ОН а се рекламира како “средба со многу високи функционери“ најпрвин во Вашингтон, па се набројуваат институциите
како Сенатот, Конгресот и Стејт Департментот, ама не и политичарите кои треба да понудат барем кафе од другата страна! Јасно е зошто се прави тоа, а се наведува дека се бараат инвеститори за проектот Крстодол или Антимон, познат во јавноста се вели. Или околу тоа треба да се знае чиј би бил тој интерес – за вакви средби не се оди со кошничка како на пазар па „ќе се види што таму ќе се најде“ туку треба да се знае со кого точно би се преговарало?!
ПОНУДЕНО НЕШТО ШТО ОДАМНА Е ПРОБАНО Премиерот се фали и со средби со компании од воената индустрија а од понудата се вели дека ќе им се понуделе „нашиот тренинг полигон Криволак“(!) што е нешто, нели, што од страната на сите членки на НАТО се користи веќе со децении. Еурека! Колку за годинашното Генерално собрание на ОН, само се вели дека се очекува средба „со голем број државници“, некако во стилот „кому иде“. Нема, се вели, да има само средба со претставници од кај нашиот источен сосед.
И така сега имаме една посета на Мицковски со екипата со многу непознати елементи ама никаква реакција на најновите идеи што доаѓаат од Брисел а кои се повеќе од значајни за земјава.
Накусо Марта Кас кажува за планот за прием на новите членки во ЕУ дека тоа би одело по можеби нешто скусена постапка ама – редуцирана! Најнапред тие земји-кандидатки треба да се откажат од правото на вето на одлуките донесени со консензус во Унијата, а постои и можност да им бидат одбиени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозат интересите на Унијата, според предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ, во кој имале увид од берлинскиот портал table.media. Ова има секако кисел вкус за нашите владини прставници во однос на потенцијално скусени финансии. Кај најдовте токму тука да не мерите – си мислат сега тие!
СЕ ПОЧНУВА СО ДЕКЛАРАЦИЈА А ПОТОА… Според нацртот на реформата, аранжманот со кој нова членка на ЕУ би се откажала од правото на вето за одреден период би можел да има форма на декларација што би го придружувала договорот за членство. Дел од реформата се и дополнителни механизми за заштита што би се применувале за новите членки на ЕУ кои покажуваат сериозно назадување, пишува table media. Преку тој механизам, ЕУ би имала право да ѝ одбие финансиски средства на новата членка и за ограничен период.
Во нацрт-законот за реформи, се предвидува можност ЕК да предложи новата членка на ЕУ привремено да биде суспендирана од донесување одлуки во Европскиот совет и Советот на ЕУ, односно конкретно е наведено дека правото на глас ќе биде одземено.
Нацрт-законот за реформи лично го подготвила комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, а во него се наведува дека поголема ЕУ бара побрзо и поефикасно донесување одлуки. Кос планира да презентира нацрт-закон наречен „Анализа на политиките пред проширувањето“ на 30 септември.
ФОРА ЗА ДОЛГА ПОСЕТАНА НА САД Е ДАДЕНА Формално и нема да има буквално разидување на посетата на екипата на Мицковски на САД и подготовките за презентацијата на тој план на Марта Кос ама белки нешто по тоа прашање ќе треба да се случува во меѓувреме. Имено активностите во ОН се започнати и ќе траат таму некаде до 25 септември. А претставникот на Унијата во земјава Рохас веќе најави дека шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен ќе дојде во Скопје за две до три недели. Многу е поверојатно, тењоретски фкесано дека тоа може да биде и порано од споменатите две недели, бидејќи, кога Марта Кос ќе застане зад говорницата многу работи треба претходно да се расчистат со ставовите на земјите-кандидатки и тоа најдобро е нели да се направи во директен контакт со Фонд дер Лајен.
Иако не се во преден план, кога се работи за македонските интереси за интеграцијата со ЕУ, треба да се каже дека идните потенцијални реформи и во Брисел се доста радикални во однос на тамошните псотојни состојби. Така, како дел од чекорите за забрзување на донесувањето одлуки во новата, потенцијално значително поголема ЕУ, се предвидува дека секогаш кога е можно, наместо консензус, одлуките ќе се донесуваат со квалификувано мнозинство. Се додава дека наједноставниот начин да се направи ова е да се искористи можноста за пофлексибилно донесување одлуки без измена на Договорот за функционирање на ЕУ, кој предвидува задолжително едногласно донесување одлуки во надворешната и безбедносната политика и одредени финансиски прашања.
Тука има и многу детали како што е т.н. „рачна сопирачка“, која предвидува можност членката да го проследи спорното прашање до Европскиот совет. Исто така, се споменува и „механизмот од Јанина“, кој предвидува колкав процентен удел во вкупното население на ЕУ и удел во бројот на членки на ЕУ е потребен за да се блокира одлуката.
Комисијата сака да ги подготви главните институции на ЕУ за новата, поголема Унија. Еден од предлозите е да се намали бројот на членови на Европската комисија на две третини од бројот на постојни членови, што значи дека секоја земја нема да има свој европски комесар како порано.
Исто така Европскиот совет треба да усвои систем на ротација што би ја одразувал демографската и географската разновидност. За Европскиот парламент, кој сега има 720 пратеници.
Според распоредот во Брисел во среда, 16 септември, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да се осврне на прашањето како ЕУ треба да се подготви за нови земји-членки, 13 години по последното проширување.
Но, членовите на нашата делегациија во тој миг вериојанто ќе се справуваат со болките во коленото од долгиот пат со авион преку Атлантикот.




