Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОМЕТА ЗАТАЛКАНА ВО ЖАНРОВСКАТА ЕДНОЛИЧНОСТ НА НАШИОТ ТЕАТАР

June 17, 2026 Filed Under: Ревија

Претставата „Коа какао“ понуди грст на танцови кореогрфии од бродвејско ниво, сценографија која нуди ретко видена имагинативност во осмислување на многу драмски дејствија а музиката е секако веќе позната а згора изведувана во живо од за гледачот импозантна и многубројна екипа на виртуози што го надополни впечатокот. Дали тука постои некаква невидлива граница на амбициозноста?

СОЗДАВАЧИ Од пресот пред премиерота – продуцентот Владимир Мандичевски, режисерот Дејан Пројковски и мотиваторот Влатко Стефановски

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Поставката на „Као какао“ на репертоарот на МНТ несомнено дека предизвика голем интерес и кај онаа публика која не е чест посетител на оваа театарска куќа. Понудата секако е така и замислена – да биде пред се омаж на една музичка биографија, можеби повеќе повод за такоп опис отколку за една заокружена импресија која целосно би ја заслужила етикетата – мјузикл, која секако постои во објектите од типот на МНТ и ним слични. За волја на вистината можебо таа цел и не дел на амбицијата на креаторите на овој проект?!

Главните мјузикли кои постојат во поновата историја на театарската сцена се врзани главно за многу пресвртни моменти во општеството и не се замислени како жанр кој служи како забава за публиката што обично се наоѓа во поттекстот на описот на овој жанр. Затоа таквите поставки како „Коса“ (по сценарио на Џејмс Радо и Џером Рагни и музикка на Гејл Мекдермот) од 1967 година беше одраз на постоење на паралелизам во животот на едно општество, не само американското, каде што настана, туку и на цивилизацискиот дострел на индустриската и секако империјалистичка ера, еден хипиевски одговор на таа ситуација. Неосмнено донесе многу иновациски елементи на театарските штици па дури на моменти таа делуваше како една нова опера, онаква со која во времето на Верди се влегувало во зоната на крајот на аристократски структуираното општество, но во тој миг на создавање – средна на 60-тите на 20. век – критикувана ера на забрефтаното потрошувачко и роботизираното општествоо, кое се споменува во „Дајте ни сонце“, многу пред појавата на вештачката интелигенција. Да се сетиме на првата сцена на брилијантниот филм на Бертолучи – „230-тиот век“ кога еден локален гласник, костимиран како палјачо оди по покривите на куќите и јавува плачејќи дека композиторот Верди починал, со што починала една цела епоха. И настанал нов век, ја отвори прата страницата на својата приказна авторот Бертолучи.

Да го споменем тука и мјузиклот „Приказна од западната стѕрана“ (1957 година)малку поблизок до „Као какао“ кој ја одразува разулавенатга меѓурасна агрсија во САД, ама не само таму, туку секаде како постои различност. Овој мјузикл инаку доживеа многу адаптации и на филмското платно а последната е од славниот Спилберг.

Но да се вратиме кај мотивот на споменувањето на овие дела. Имено се уште сме кај дилемата – дали целта на „Као какао“ била да се создаде мјузикл по сите тие не толку едносдтавни „шнитови“ или е само една нова мотивациска инсценација да се потсетиме на една главно заокружена музисчак биопграфија, овој пат во нова опаковка?Особено ако забележиме дека Стефановски во последно време доста интензивно, без посејување на ново семе, ја жнее „истата нива“!

Ако се суди по навистина блескавите танчерски постановки на познатата Олга Панго „Као какао“ нуди една јасна, блексва конекција со бродвејските поставки, кај нас попознати преку филмовите. Во нив со својата енергија учествуваат и голем број на активни танцувачки, од помалда возраст (на моменти се чини неколку дузини!) кои го разигруваат просторот и правата силен впечаток, кој највеќе придонесува кон тоа од вратите на МНТ по преставата да излегуваат среќни лица на кејот на Вардар.

Далелку од тоа дека сценографијата на Валентин Светозарев не била исто толку амбициозна, уште и со совладување на многу математички и статички одржливи поставки кои ја заменуваат потребата од драмски (текстуални) објаснувања на душевните состојби на главните јунаци. Тоа е потфат кој е ретко забележан во историјата на македонсикиот тгеатар! Се чини дека таа можеби би била и пречки за изместување на „Као какао“ на други сцени, но гледам веќе има најава за реприза во Битола!

И сето тоа секако е „диригирано“ од страна на режисерот на претставата, која на фонот на експресијта ја има и музиката која ја изведуваат добро уиграни изведувачи на очевид на првите редови на публиката, која можеби и ги препознава поединечно или како делови од некакави други групи?! Дознаваме дека сите гитарски сола на Влатко Стефановски одлично ги отсвире Стефан Петановски, заедно со оркестарот и бендот во кој свиреше и Јан Стефановски, синот на Влатко.

Но, за оној кој се нафатил да направи заокружена експресија според вообичаените константи за нешто што се нарекува мјузикл сето тоа не делува доволно цврсто како структура на елементи. Што недостасува, човек се прашува уште од стартот на претставата?

Па проблемот е со текстот на приказната, лепакот на сето она што се случува пред нашите очи. Задачата на писателот Венко Андоновски секако не била лесна – тој има однапред задача да најде смисол во вкомпонирање на познати музички дела во некаков драмска образложена сторија за нечиј пат до успехот..

За поголем дел од мјузиклите кои имаат репутација тквите стории се добиваат низ судир на противречности. За „Коса“, која ја споменавме, да не говориме и да не ја споменуваме веќе. Кај „Приказна од западната страна“ мотивот е во  расните предрасуди како нова врзија на забранетата љубов меѓу припадници на новите Монтеги и Капулети. Венко Андоновски пошол од втората можност ама бидејќи треба да се држи до сторија за творечкиот прогрес на еден рок музичар тој  и тука бил сведен на некаков тематски скусен простор. Без драма нема театар а фактот што очекувањата кај овој жанр не се претерано присутни (како и во операта, впрочем) можеби ја олеснува задачата ама сепак, не треба да се бега од одговорноста кон целината на проектот. Писателот се определил да бара судир меѓу рок музиката која се појавува на хоризонтот и стамената позиција на класичната музика (говориме нели за домашната сцена) при што рокерот има проблем да се ослободи од предрасудите а класиката да го одбрани својот простор кој „суверено го владее“.

Тука веќе имаме проблем со таквата постановка бидејќи кај нас, особено во свеста на просечниот консуматор и тогаш и сега класичната музика нема своја цитадела која треба да се брани а рокот релативно лесно си го освои тој простор на сметка на другите консумерски музички подрачја како што е фолклорниот амбиент или шлагерскиот кварт. Значи таква драма тешко дека просечниот гледач од онаа возраст која најчесто оди во театар таквата драма може да им се продаде и тоа е веќе излизгана драматика!

Да појасниме дека драмското боиште е меѓу семејство на девојката Дона (ја игра Катарина Јовановиќ) која учи класична гитара и каде патер фамилијасот е некој диригент од симфониски оркестар, додека вљубениот рокер Џими (Владимир Петровиќ) секако доаѓа од семејство кое не е во тој општествен „крем“.

Патем, сценаристот морал да најде мотив за присуството во претставата на композиции реализирани со српски текст, па нашол решение во фактот дека новата Јулија е дојдена од Белград и е од мешано семејство, за да изгледа дека рокерот преку својот репертоар и се обраќа неа, преку цел сет музички пораки токму неа. Уште на стартот имаме дијалози како да сме во сетот на снимањето на тв серијата „Наше маало“! Уште тогаш согледуваме колебливост во однос на дијаметарот на амбициозноста на текстопишувачот.

Има значи доста задачи за него што тој морал да ги реши за мјузиклот да стане колку-толку логичен ама заради автентичност секако морал да ја избегне хронолошката прецизност и тоа да го нагласи преку имагинарен лик кој сепак ќе има некаков профил на реалниот рокер., кој е јасно, мотив за создавање на мјузиклот. Тој се „препознава“ во текстот на две места – кога главниот јунак му „позајмува“ дел од неговиот познат комплет на гитари и втор пат кога се споменува студиото во Лондон каде престојуваше и снимаше Стефановски.

Во јавноста инаку прострујува мрморење дека Влатко Стефановски не смеел во целиот вој опус да го одбегнува влијанието и присуството на другите членови на „Леб и сол“, како во минатото, после распадот на групата, така и по овој специјален повод. Тоа не е само обична етикеција.

Инаку кога говориме за мјузиклот како жанр треба да се истакне дека „Као какао“ не е сосема осамена комета ама двата примери за кои барем јас дознав не биле толку присутни во јавноста иако тоа се должи на вкупното отсуство на медиумското внимаие кога е културата во прашање. Најпрвин го имаме копродукцискиот проект на мјузиклот „Чикаго“ (2015) во режија на Поплавска, каде кореографијата е на живата легенда Олга Панго. Тоа беше копродукциски проект на МНТ и МОБ, како и Факултетот за музички умености.

Мјузиклот „Ени Јуниор“, кој првпат беше изведен на сцената на Бродвеј во 1977 година, во преработка на македонски јазик, беше одигран во Драмски театар во Скопје. Тоа беше проект на Здружението за инклузивно и неформално образование „КРЕО-АКСИС“ , што се спроведе под водство на Наташа Лалчевска, музички педагог и хорски диргент.

Ова секако не ја менува суштината на споредбата на „Као какао“ како програмска комета на нашето театарско небо. Навистина по претставата публиката, која не беше испратена со спуштање на завесата туку со постојано повторување на последниот танц на музиката од познатото „Скопје“  како и  со избор на вина во послужување на спонзори. Си заминаа дома среќна. Се додека не го зеде далечинскиот во рацете и ги фати последните вести на малиот екран.

 

 

Kaliopi – Cija si prv mjuzikl

Filed Under: Ревија

ПОЛИТИЧКИ ТЕАТАР НА ГРОБАРИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
СУСПЕНЗИЈАТА ВО ВИЛАТА „ВОДНO“ ОТВОРА МНОГУ ДИЛЕМИ
ЗАГРОЗЕН ПРОЕКТОТ НА КУШНЕР И ИВАНКА НА ЈАДРАНОТ
КОМЕТА ЗАТАЛКАНА ВО ЖАНРОВСКАТА ЕДНОЛИЧНОСТ НА НАШИОТ ТЕАТАР
БИОГРАФИИТЕ НА ВИДНИ ВМРООВЦИ ОРУЖЈЕ НА БУГАРСКАТА КОНТРА-КАМПАЊА

Најново

  • ПОЛИТИЧКИ ТЕАТАР НА ГРОБАРИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
  • СУСПЕНЗИЈАТА ВО ВИЛАТА „ВОДНO“ ОТВОРА МНОГУ ДИЛЕМИ
  • ЗАГРОЗЕН ПРОЕКТОТ НА КУШНЕР И ИВАНКА НА ЈАДРАНОТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet