Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КOРЕНОТ НА ПЕСНАТА „ЕЛЕНО ЌЕРКО ЕЛЕНО“

September 17, 2026 Filed Under: Ревија

Оваа песна има историски корени и произлегува од куќата на велешкиот дуќанџија Кртчев. На истражување на народните песни врзани за судбини на велешани најзаслужен е новинарот Никифор Смилевски

ПОГЛЕД КОН КОЈНИК Ова се смета за најстара фотографија на Велес, поглед кон „пристаништето“ кај денешни Дворови

Познатата велешка архитектура го симболизирала богатството на неговите жители.Тие се натпреварувале кој ке направи поубава,повисока и пораскошна куќа со сопствена чешма високи порти, салони и сл.

Модата во градот доаѓала од патувањето на трговците по Европските градови.Фустани сандали штофови за френк-терзии.

Илија Кртчев богат чорбаџија имал дуќани и бизнис во Солун.Имал 4 сина и една ќерка Елена сите се облекувале по последна мода.

Елена била стројна млада и убава црноока девојка по која се вртеле ерѓените во градот а според реакцијата на Илија Лајлуш и Славко Грков (занаетчии)е измислен телеграф там-там или чукање на чираците со чекан кога ке помине убава девојка.

Елена имала симпатија кој се одселил во Едрење што многу ја погодило.Одела со години во Солун најпосле татко и ја дал кај Боцевци Нејзиниот маж Лазо имал дуќани на потокот за машини и опрема.Лазо умрел многу млад а Елена се вратила кај нејзиниот брат.Се вратила и слугинката која ја напишала оваа песна.Песната ја зачувал и обработил проф.Славко Николов љубител на велешките градски песни. Разочарана во љубовта таа починала 1934г

Елено ќерко Елено

Ти една на мајка

Што стоиш ќерко што мислиш

Што книга пишуваш

Пишувам мајко пишувам

До градот Едрење

Едрење мамо Едрење

До моето либе

ЕЛЕНА КРТЧЕВА Оваа е фотографија од убавата велешанка, мажена Боцева , која останала вдовица

Како што напише еднаш новинарот Петар Печков благодарејќи на пензионираниот негов колега Никифор Смилевски, на велешани им се поблиски приказните како настанале бројните градски песни. Истите  можат да ги имаат на едно место сите мрсни коледарски песни, но и приказните за славното минато на градот кое се гордее со културните дејци.

Истражувачот на велешката култура и минато има објавено четири значајни книги кои се вистински локални бестселери.

– Се што издадов е резултат на студиозна и истражувачка работа. Се бавев со новинарство, така што имав раскажано многу туѓи животни приказни. Затоа и сакав да оставам трага зад себе и дел од тоа богатство-објаснува Смилевски за мотивот како започнал да се бави со ова работа.

Тој како неуморен трагач се впуштил во една авантура да ги најде корените, да ги именува лицата и настаните од кои се создала популарната и омилена велешка староградска песна. Книгата „Коренот и песната“ издадена пред многу години е прва од таков вид во Македонија, каде се раскажани сториите за 23 песни кои се дел од историјата. Авторот со години барал да ги одгатне тајните на потеклото и за собеседници имал повеќе луѓе за една песна и така го создавал мозаикот. За една песна работел и по пет-шест месеци. Така открил дека „Елено ќерко, Елено“ е песна за богатата Елена Кртчева, „Во влашкото маало“ е за големата и неостварена љубов на Нике Цибрева, песната „На Којник дуќан да имам“ ја испеале младите аргатки за продавницата на Нато Кралот или пак „Се посврши сербез Донка“ е за големата забранета љубов на Донка Јаричкова со Миле Ивчев. Сите песни во книгата, која Никифор Смилевски ја работел шест години имаат своја приказна.

Filed Under: Ревија

ПОНУДАТА ЗА КРИВОЛАК ПРЕД НАШАТА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА
35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ: ПОВЕЌЕ ВО РЕЦЕСИЈА ОТКОЛКУ СО ВИСОК РАСТ
КОЛИНДА ГРАБАР – КИТАРОВИЌ ЗА БАЛКАНСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ
НА ЛИДО ДОМИНИРАА ФИЛМОВИ ПОСВЕТНИ НА ЖЕНСКИТЕ СУДБИНИ
11 СЕПТЕМВРИ: ЛУЃЕТО ВО ЊУЈОРК ПРОДОЛЖУВААТ ДА УМИРААТ

Најново

  • ПОНУДАТА ЗА КРИВОЛАК ПРЕД НАШАТА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА
  • 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ: ПОВЕЌЕ ВО РЕЦЕСИЈА ОТКОЛКУ СО ВИСОК РАСТ
  • КОЛИНДА ГРАБАР – КИТАРОВИЌ ЗА БАЛКАНСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet